Марко Ди Вајо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Ди Вајо
Лични податоци
Роден на 15 јули 1976(1976-07-15)(47 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Младинска кариера
Лацио Лацио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1995 Лацио Лацио 8 (3)
1995-1996 Верона Верона 7 (1)
1996-1997 Бари Бари 27 (3)
1997-1999 Салернитана Салернитана 67 (33)
1999-2002 Парма Парма 83 (41)
2002-2004 Јувентус Јувентус 55 (18)
2004-2006 Валенсија Валенсија 35 (11)
2006-2007 Монако Монако 29 (8)
2007-2008 Џенова Џенова 44 (12)
2008-2012 Болоња Болоња 143 (65)
2012-2014 Монтреал Импакт Монтреал Импакт 76 (34)
Репрезентација
2001-2004 Италија Италија 14 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Марко Ди Вајо (роден на 15 јули 1976 година) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач.

Во својата долга кариера, Ди Вајо играл за голем број квалитетни клубови како Лацио, Салернитана, Парма, Јувентус, Валенсија, Монако, Џенова и Болоња. Кариерата ја завршил во 2014 година по две сезони во дресот на Монтреал Импакт во МЛС лигата.

Ди Вајо исто така бил некогашен репрезентативец на Италија, запишувајќи 14 настапи и два гола за аѕурите во периодот 2001-2004.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетокот на кариерата[уреди | уреди извор]

Ди Вајо ја започнал својата кариера во клубот од неговиот роден град Лацио. Тој го направил своето деби во Серија А на 20 ноември 1994 година против Падова. Тој потоа бил продаден и играл за клубови од Серија Б како Верона и Бари пред да се пресели во Салернитана во 1997 година.

Салернитана[уреди | уреди извор]

Тој се покажал како вистинско откритие откако потпишал за Салернитана. Тој го водел тимот до нивната втора промоција во Серија А во историјата, а исто така Ди Вајо и најдобар стрелец во Серија Б за таа сезона (1997-1998). Тој продолжил со одличните настапи и следната сезона во Серија А со постигнати 12 гола и го привлекол вниманието на голем број поквалитетни тимови.

Парма[уреди | уреди извор]

И покрај испаѓањето на Салернитана во сезоната 1998-1999, очекувано, Ди Вајо останал да се натпреварува во Серија А, откако бил купен од страна на Парма. И покрај силната конкуренција која ја имал во нападот од играчи како Хакан Шукур, Саво Милошевиќ и Патрик М'Бома, Ди Вајо се изборил да биде прв избор во нападот на клубот. Тој постигнал импресивен број на погодоци за млекарите и завршил како втор стрелец во Серија А со 20 голови во својата трета сезона со тимот.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Во летото 2002 година, Јувентус бил клубот кој победил во трката за потписот на Ди Вајо. Неговиот трансфер ги чинеше бјанконерите 7 милиони , за заем со можност за откуп на целосниот негов договор по крајот на сезоната (2 милиони € плус половина права од договорот на Бриги).

Но, и покрај тоа што бил најавен како големо засилување, Ди Вајо никогаш не ја постигнал формата која ја прикажувал во Парма. Според многумина, главна причина за тоа била огромната конкуренција за место во нападот во почетниот тим на Јуве која овде не успеал да ја победи (за разлика од Парма). Сепак, во првата сезона постигнал 7 гола во Серија А и 4 гола во Лигата на шампионите и помогнал во освојувањето на скудетото и на патот на Јуве до финалето во Шампионската лига.

Со овие перформанси, тој заработил постојан договор во клубот во текот на летото 2003 година за сума од 14.000.000 €.

Валенсија[уреди | уреди извор]

Поради раното испаѓање во Лигата на шампионите во сезоната 2003-04, новиот тренер на Јувентус Фабио Капело, решил да направи реконструкција во тимот. Ди Вајо заедно со неговиот соиграч од нападот Фабрицио Миколи наскоро потоа биле продадени. Ди Вајо одлучил да се пресели во бранителот на титулата во Купот на УЕФА и шампионот на Ла Лига Валенсија за 5-годишен договор, кој ја чинел Валенсија 10.5 милиони €. Таму тој им се приклучил на својте сонародници, тренерот Клаудио Раниери и уште едно ново засилување Бернардо Коради. Ди Вајо постигнал единаесет лигашки голови во неговата прва сезона во Шпанија.

Неговото присуство во ппочетната постава на Валенсија станало сосема ограничено со пристигнувањето на Патрик Клајверт и Давид Виља, како и отказот кој го добил Раниери. Новиот тренер Кике Санчес Флорес претпочитал да го користи Мигел Анхел Ангуло како партнер во нападот на Виља или пак користел 4-5-1 формација, со Вила како осамен напаѓач. Се оваа значеше дека Ди Вајо бил стартер само во еден лигашки натпревар во текот на сезоната 2005-06.

Монако[уреди | уреди извор]

Во јануари 2006 година, Ди Вајо бил позајмен на Лига 1 тимот Монако со можност да потпише постојан договор. Заедно со Ди Вајо, во клубот проистигнал и уште еден негов сонародник Кристијан Виери, кој бил партнер во 7 натпревари од француската лига, и тандемот постигнал 3 гола од кои сите биле постигнати од страна на Виери. Замената за продадениот Емануел Адебајор, уругваецот Хавиер Шевантон, требало да биде главно осигурување во случај на повреди на Ди Вајо и Виери. Но, во втората половина од сезоната италијанците создавале можности за Шевантон да може да постигнува голови.

Во својата втора сезона Ди Вајо станал трет избор на напаѓач зад новите засилувања Јан Колер и Жереми Менез. Тој имал само шест настапи до јануари.

Џенова[уреди | уреди извор]

На 22 јануари 2007 година, по неуспешен престој во Лига 1, Ди Вајо изненадувачки се вратил во Италија за 1.800.000 евра потпишувајќи за Серија Б клубот Џенова, тим кој сериозно се борел за промоција. Клубот изборил промоција, но во Серија А, партнерството на Марко Бориело и Џузепе Скули е најпосакуван избор на тренерот, оставајќи го Ди Вајо да направи само 9 настапи.

Болоња[уреди | уреди извор]

На 21 август 2008 година било потврдено дека Ди Вајо веќе потпишал за Серија А клубот, Болоња, кој неодамна избориле промоција во Серија Б. Ова му донесе повторно соработка во нападот со поранешниот тимски колега од Џенова Адилтон. Ди Вајо бил изненадувачка ѕвезда во сезоната 2008-09, постигнувајќи импресивни 24 голови за просечен тим како Болоња. Тој ја завршил сезоната како втор топ-реализатор заедно со напаѓачот на Џенова, Диего Милито.

Во својот период во Болоња, Ди Вајо ја повратил репутацијата како клучен плоден напаѓач, брзо станал миленик на навивачите, како и капитен на тимот. По продолжувањето на договорот до јуни 2013, Ди Vaio, исто така, ја објавил неговата желба да го помине остатокот од својата фудбалска кариера како играч на Болоња. Сепак, на 4 мај 2012 година, Ди Вајо потврдил дека сезоната 2011-12 ќе биде неговата последна во Болоња, и дека тој разгледува различни опции за својата иднина.

Монтреал Импакт[уреди | уреди извор]

По долги преговори, Монтреал Импакт најавил дека Марко Ди Вајо потпишал со нива како прв назначен играч на овој канадски клуб. Ди Вајо го направил своето деби на 27 јуни, 2012 против Торонто, и го постигна својот прв гол еден месец подоцна на јули 28, 2012 против Њујорк Ред Булс.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Салернитана[уреди | уреди извор]

Италија Парма[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Шпанија Валенсија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]