Марко, Арапин и Маркоица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко, Арапин и Маркоица — македонска епска песна за Крале Марко.

Содржина[уреди | уреди извор]

Крале Марко си седел дома, пиејќи вино, а тогаш на неговата порта зачукал црна Арапина, кој го предизвикал Марко на двобој во пиење, нудејќи му ја својата глава, ако изгуби, но барајќи ја Марковица, ако победи во двобојот. Марко го пуштил Арапот да влезе и пиеле три дена и три ноќи, но никој не се опијанил. Тогаш, Марко излегол малку да прошета надвор, а за тоа време, Арапот му ставил некаква трева во виното, така што кога продолжиле да пијат, Марко веднаш заспал. Тогаш, црна Арапина ја зел со себе Марковица, а таа се преправала дека му е благодарна зашто ја ослобил од Марко пијаницата. Меѓутоа, кога пристигнале во близината на Солун, Марковица го предупредила Арапот дека Марко има многу пријатели во градот, кои сигурно ќе го убијат, ако видат дека ја грабнал. Затоа, таа му предлага да се преправаат дека Марковица е страшен јунак, кој води заробеник во Цариград. Истовремено, кога стигнале во Солун, Марковица (преправена во јунак) ги предупредила граѓаните да не го повредат заробеникот. Сепак, ноќта, таа му ја пресекла главата на Арапот, а за тоа ги обвинила граѓаните на Солун, принудувајќи ги да ѝ дадат голем откуп (12 маски натоварени со богатство). Марковица се вратила назад во Прилеп, а патем ја сретнал Крале Марко, кој не ја препознал. Тој го прашал „јунакот“ дали ја видел Марковица, а таа му одговорила дека Арапот и Марковица заминале многу далеку и дека нема смисла да ги бара. Притоа, таа го повела Марко со себе, на чело на караванот и уште неколкупати го удрила со камшикот. Кога стигнале на Плетвар, Марковица слегла од коњот и му ја кажала вистината на Марко, кој ѝ простил за ударите со камшикот, така што заедно го однеле богатството дома.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 60-66.