Марија ван Остервејк

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марија ван Остервејк (1671) од Валерант Вајан

Марија ван Остервејк (хол. Maria van Oosterwijck или Oosterwyck), (20 август 1630, Нотдорп - 12 ноември 1693, Ејтдам) била холандска барокна сликарка, која специјализирала во мртва природа со богати детали. Била ученик на Јан Давидс Де Хем. Ван Остервејк работела во Делфт и подоцна во Амстердам (1675-1689), каде живеела спроти работилницата на Вилем ван Алст. Била популарна кај европските кралски семејства, влучувајќи го Цар Леополд, Луј XIV во Франција и Вилијам III во Англија. И покрај ова, како жена, не ѝ било дозволено да влезе во сликарски еснаф.

Нејзините дела биле високо ценети, и според Хаубракен стекнала меѓународна слава и продавала слики на разни европски владетели, меѓу кои 3 дела за кралот на Полска. Никогаш не се омажила, и починала во куќата на нејзиниот внук од сестра Јакобус ван Асенделфт[1].

Делата на ван Остервејк можат да се најдат во повеќе значајни збирки, меѓу кои Маурицхејс (Хаг), Фицвилијамовиот музеј (Кембриџ), Музејот на историјата на уметноста (Виена), Палатинската галерија во Палацо Пити (Фиренца), Кралската збирка (Лондон) и Синсинатскиот музеј на уметноста (Синсинати).

Наводи[уреди]

  1. Биографија на Марија ван Остервејк во „Голем театар на холандските сликари и сликарки“ (De groote schouburgh der Nederlantsche konstschilders en schilderessen) (1718) од Арнолд Хаубракен

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]