Марија Александровна
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Марија Александровна | |
| Марија Александровна | |
| Роден/а | 17 октомври 1853 Царско Село, Руска Империја |
|---|---|
| Починал/а | 24 октомври 1920 Цирих, Швајцарија |
Марија Александровна (17 октомври 1853 — 24 октомври 1920) била ќерка на рускиот император Александар II Николаевич и на императорката Марија Александровна.
Биографија [уреди]
Се омажила на 23 јануари 1874 година со Алфред од Единбург (1844-1900), син на британската кралица Викторија Хановерска и принцот Алберт Сакс-Кобург. Во британското благородништво имала титула, војвотка од Единбург, а во германското благородништво имала титула војвотка од Сакс-Кобург и Гота.
Марија Александровна имала 5 деца:
- Алфред (1874—1899);
- Марија од Единбург (1875—1938), сопруга на романскиот крал Фердинанд I;
- Викторија Мелита (1876—1936), сопруга на големиот кнез Кирил Владимирович;
- Александра (1878—1942);
- Беатриса (1884—1966).
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Марија Александровна“ |