Маријана Еспозито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мариана Еспоситo (десно) со обожавателка

Мариана Еспосито, попозната како „Лали“ (Буенос Аирес, 10 октомври 1991) е аргентинска актерка, пејачка и модел. Во моментот е актуелна со бендот Teen Angels а има и улога во аргентинската серија Cuando me sonreis.

Приватен живот[уреди]

Ќерка е на Карлос Еспосито и Мариа Хосе Риера. Лали е родена на 10 октомври 1991 во Буенос Аирес, Аргентина. Има брат - Патрисио Еспосито и сестра - Ана Лаура Еспосито. Во моментов нејзинот брат престојува во Италија. Родена во Parque Patricios, живеела во Santiago del Estero (родното место на мајка ѝ) три години, кога се преселиле во Banfield, местото каде го поминала досегашниот живот. Била во врска со Питер Ланзани (актер во Ангели) речиси 4 години до половината на 2010 г. Од почетокот на годинава, таа е во врска со Бенхамин Амадео (исто така поранешен актер во Ангели).

Кариера[уреди]

Нејзината прва појава на телевизија била на 7 годишна возраст, во програмата на Наталија Ореиро „Caramelito y vos“ каде што учествувала танцувајќи на песна од Наталија Ореиро.

Лали ја започнува нејзината актерска кариера во 2003, на 11 годишна возраст кога успева да биде избрана за улогата на Коко (Малена), во серија протагонизирана од Soledad Pastorutti и Guido Kaczka, Rincón de Luz. Таму глуми девојче (Малена) кое побегнува од куќата на нејзината лоша тетка и доаѓа до „агол на светлина“ - Rincón de Luz преправена како момче (Коко). Поради тоа што морала да глуми момче, ја скратила и косата. Од оваа улога, уште како малечка бил препознат нејзиниот талент.

Во 2004 и 2005 исто така под групацијата на Cris Morena, го глуми ликот на Роберта во серијата Floricienta. Серија протагонизирана од Florencia Bertotti, Juan Gil Navarro а во втората сезона и од Fabio Di Tomaso. Серијата достигнала преголем успех што на Лали и овозможило да се претстави исто така и во најголемиот театар во Аргентина, театарот Gran Rex каде што актерската екипа постигнала огромен успех.

Во 2006 станува дел од успешниот тв проект на Cris Morena, Chiquititas. Серија во која протагонисти се Jorgelina Aruzzi и Gastón Ricaud. Во оваа серија го глуми ликот на Агустина Росс. Нејзиниот талент не останува незабележан, па станува еден од поважните ликови во театарот и серијата.

Во 2007 Крис Морена и нуди улога како протагонист во тогаш новата серија Casi Angeles (Ангели). Таа ја прифаќа, и серијата станува тотален успех во Аргентина, цела Јужна Америка, Македонија, Шпанија, Италија, Израел меѓу други. Паралелно со серијата, формиран е и бенд Teen Angels составен од Лали Еспосито, Питер Ланзани, Николас Риера, Гaстон Далмау и Еухениа Суарез. Бендот во текот на 4те години издаде 4ри албуми кои беа т.е. „златни дискови“ во Аргентина односно најпродавани, а со тоа ја издигнаа Лали освен како актерка и како моќен вокал.

Во 2011 е повикана за серијата Cuando me sonreis која оди во прајмтајмот на првиот канал во Аргентина - Телефе, протагонизирана од страна на Facundo Arana (Факундо Арана) и Julieta Diaz (Хулиета Диаз). Во овој период освен актерската, ја продолжува и музичката кариера со бендот Teen Angels со кого го издава 5ттиот албум. Во бендот се случија промени, односно Еухениа Суарез одлучи а го напушти а на нејзино место дојде Росио Игарзабал (Rocio Igarzabal). И покрај малите измени, бендот сеуште претставува музички феномен во Латинска Америка и Европа.

Телевизија[уреди]

Година Серија Тв канал Улога
2003 Rincón de luz Canal 9 Coco/Malena Cabrera
2004-2005 Floricienta Telefé Roberta
2006 Chiquititas Telefé Agustina Ross
2007-2010 Casi Ángeles Telefé Marianella Rinaldi
2011 Cuando Me Sonreís Telefé Milagros Rivas

Театар[уреди]

Година Претстава Улога Театар
2003 Rincon de Luz Malena Само во Израел
2004/ 2005 Floricienta Roberta
Floricienta niña/Hada
Gran Rex
2006 Chiquititas sin fin Agustina/Agus Gran Rex
2007-2010 Casi Ángeles Marianella Gran Rex
2011 Teen Angels Самата таа Gran Rex
2012 Las Brujas Del Salem

Дискографија[уреди]

Година Албум
2003 Rincón de Luz
2006 Chiquititas: 24 Horas
2007 Teen Angels
2008 Coca-Cola Interactive Music
2008 Teen Angels 2
2008 Casi Ángeles во живо од театарот Gran Rex 2008
2009 Teen Angels 3
2009 Casi Ángeles во живот од театарот Gran Rex 2009
2010 Teen Angels 4
2011 Teen Angels 5

Фотомоделство[уреди]

Година Марка
2004-2005 McBody's Jeans
2009 Promesse
2009 Dios las cría
2009 Keff (Само во Израел)
2010 Книга за Piñeiro Producciones
2011 Lara by Sigry

Краткометражни видеа[уреди]

Година Арстист Видео
2003 Rincón de luz Voy mal'
2003 Rincón de luz Rinconcito de luz
2003 Rincón de luz Habia una vez
2003 Rincón de luz Libres como el sol
2003 Rincón de luz Busca la luz
2003 Rincón de luz No digas nada
2003 Rincón de luz Nada soy
2006 Chiquititas sin fin Me Pasan Cosas
2006 Chiquititas sin fin Chiquititas 2006
2006 Chiquititas sin fin 24 horas
2006 Chiquititas sin fin Amigas
2006 Chiquititas sin fin Por una sola vez
2007 Casi ángeles Voy por mas
2007 Casi ángeles Casi Ángeles
2007 Teen Angels Escapare
2008 Teen Angels Nenes Bien
2008 Teen Angels A Ver si Pueden
2008 Teen Angels A decir que si
2008 Teen Angels Hay un lugar
2008 Teen Angels Un paso
2008 Teen Angels Hoy quiero
2008 Teen Angels El lugar real
2009 Teen Angels Que nos Volvamos a ver
2009 Teen Angels Vuelvo a casa
2009 Teen Angels Cada vez que sale el sol
2009 Teen Angels Navidad
2010 Teen Angels Vos ya sabes
2010 Teen Angels Miedo a perderte
2010 Teen Angels Estoy aqui otra vez
2010 Teen Angels Bravo por la tiera
2011 Teen Angels Que llegue tu voz
2011 Teen Angels Loco

Турнеја со Teen Angels[уреди]

Име Публика
Турнеја: Ангели 2007 +150.000
Турнеја: Ангели 2008 +330.000
Турнеја: Ангели 2009 +250.000
Турнеја: Ангели "Збогување" 2010 +330.000
Турнеја Тин Енгелс 2010 +10.000
Турнеја Тин Енгелс 2011 +200.000
Турнеја Тин Енгелс 2012 TBA