Мариса Милер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мариса Милер
Мариса Милер потпишува автограми во The Mirage Хотел/Казино во Лас Вегас, Невада.
24 април 2009.
Роден(а)Мариса Ли Бертета
Висина м
СопружникЈим Милер (2000–2002)
Грифин Гес (2006–денес)
Мреж. местоMarisa Miller.com

Мариса Ли Милер (родена на 6 август 1978 година) е американски модел, добро позната по нејзиното појавување во каталогот за спортски костими за капење и рекламирајќи долна облека за Викторија Сикрет. По нејзината фото сесија за модното списание Вог од страна на фотографот Марио Тестино, Милер во 2002 година започна да работи и за двете компании. Во 2002 година таа стана еден од ангелите на Викторија Сикрет, а ја красеше и насловната страница на каталогот за спортски костими за капење. Поради нејзините големи достигнувања за неа беше изјавено: “ Се врати новиот американски супер модел”.

Таа е добро позната и по нејзините договори со големите компании како Харли Дејвидсон, а во 2008 година се најде на првото место на списокот на првите 100 најсекси познати личности на списанието Макс, и во 2010 година и на светското списание ФХМ за “Најсекси жена во светот”. Покрај нејзината манекенска кариера таа е и амбасадор на американската организација за борба против ракот.

Детство[уреди | уреди извор]

Мариса Ли Берта е родена во Санта Крус,Калифорнија, а нејзини родители се Марк и Криста Берета. Милер одела во средното христијанско училиште Монте Виста во Аптос Хај. Таа додека била мала била машкуданка, опкружена со многу другари и не била заинтересирана за женски работи и играчки. Бидејќи била многу срамежлива и не сакала да си го покаже своето тело, таа често носела големи машки маици.

Таа за првпат била откриена и видена на 16 години, кога седела во еден кафиќ во Сан Франциско каде што ја здогледале двајца италијански агенти. Таа разговарала за тоа со мајка и, и откако мајка и и дозволила да се занима со манекенство таа и покрај нејзината срамежливост и конзервативност, заедно со неа се качиле во авион и заминале за Италија. Милер привлекла големо внимание во 1997 година кога за првпат се појавила во првото издание на списанието “10те Совршени”. Иако таа се најде на трето место, пред]] Ешли Дегенфорд]] и Моника Хенсен во ова списание, сепак таа веднаш беше ангажирана за други изданија како на пример за насловната на Зимската 1998 колекција, августовско-септемвриската 1999 колекција и за насловната страна на Фол 2004 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Таа почна како аматер- модел позирајќи за списанија но потоа веднаш премина во повисоко платени модни ангажмани откако еден нејзин познаник покажал нејзината фотографија која го фасцинирала и воодушевила познатиот и славен фотограф Марио Тестино. Тестино веднаш сакал да се запозане со Милер, кој во тоа време имал негова школа за сурфање на палажата на Менхетен Калифорнија, каде што и Мариса била поканета да сурфа.

На Тестино му се допаднала Мариса и ја фотографирал а потоа и понудил и работа. Тој всушност и понудил таа да биде на насловните страни на двете изданија на американското и италијанското списание Вог. Во период од само шест месеци Мариса Милер работеше за Викторија Сикрет и за списанието за спортски костими за капење, каде што таа се појави во секое нивно издание од 2002 до 2008 година. Главно, таа стана најпозната кога позираше во реклама за iPod во 2007 година. Таа се појави на насловните страни на многу познати списанија како како за GQ, Максим, Гламур, Космополитан, Мари Клер,Ел, и Вениту Фер.

Таа учествуваше и во рекламните кампањи за Нордстром,Џ.Кру, Гес?, Томи Хилфигер, Пепси, Панасоник, Бет и бади , Тру Релиџн, и ]]Харли Дејвидсон]]. Таа најпрво соработуваше со ]]Харли Дејвисон]] за да ја промовира трката на ВРСЦФ В-Род масл во 2008 година, а во 2009 година повторно соработуваше со нив како модно лице за нивната прва модна кампања "Месец за воена благодарност" а се најде и во многу реклами кои беа со воена тематика кои се прикажуваа главно на интернет. Во 2010 година таа повторно соработуваше со нив овој пат за нивната кампања "Почнувајќи нешто “ во која ги убедуваше сите оние кои имаат желба да возат мотор и да станат новите моторџии. Во јули 2008 година таа проба да направи нешто што не е поврзано со манекенство, а тоа беше претставување на нејзина колекција на чевли, во соработка со компанијата Венс која произведуваше скејтборди и сурферска опрема.

Miller in a bikini, the top a striped design with a variety of different brown patterns.
Милер позади сцената на модното шоу “Да помогнеме преку модата”- хуманитарен настан за жртвите од ураганот Катрина.

Нејзината прва работа во телевизијата беше кога таа се појави како судија во Браво реалните серии Манхунт “Во потрага по најубавиот машки американски модел” во 2004 година, а истата година таа се појави музичкиот спот]]"Spin You Around"]] на групата Падл оф Мад. Во 2007 година таа се појави во кратката и последна епизода на реалнито шоу на VH1 , ” Шанса” , а исто така имаше и мала улога во HBO's Entourage, и во комедијата на CBS “Како ја сретнав мајка ви “. Во 2009 година таа имаше улога како судија во една епизода од серијата “Новиот топ модел на Америка”,и кратка улога во епизодата од филмот “Неженетиот Гери”. Таа до 2007 година ја сними својата прва телевизиска реклама за Викторија Сикрет, заедно со Хајди Клум рекламирајќи женски градници.

Таа во 2008 година се појави во видео на Ју Тјуб, заедно со бејзбол играчот Рајан Браун во реклама за Ремингтон, а се појави и во комерцијални реклами за мрежата на NFL и за кампањата “Посетете ја Калифорнија”, за California Travel and Tourism Commission's. Во 2008 година таа се појави и во реклами за Activision's Guitar Hero: World Tour, но испадна дека рекламата била премногу расистичка за да се емитува.

На 4 декември 2007 година таа триумфираше кога се појави во шоуто на Викторија Сикрет и остави голем впечаток за изданието за наредната година. За други нејзини успеси во модата можат да се спомнат нејзиното учество во “Да помогнеме преку модата”2007 година, кое беше организирано за собирање на хуманитарни средства за жртвите од ураганот Катрина, како и нејзиното учество во Fashionably Loud на MTV, Imitation of Christ, Инка, и во шоуто на Амир Слама “Роза Ча”, во кое таа беше една од најзаслужните модели за реализирањето на тоа шоу.

На 12 февруари , 2009 година во епизодата на вечерното шоу со Дејвид Летерман беше објавено дека таа ќе биде рекламно лице на годишното издание на Sports Illustrated Swimsuit ,и ќе се појави на три билборди во Њујорк. Ова издание беше објавено и на мрежно место чија посетеност и гледаност достигна 228 милиони посетители, за 41 % повеќе од 2007 година. А во септември 2008 година, компанијата Sports Illustrated објави календар на Мариса Милер во кој таа рекламира купаќи за капење, со наслов “Најдоброто од Мариса Милер”.

Викторија Сикрет во 2008 година ја избра Мариса за да учествува во турнејата за промовирање на летната колекција за костими за капење 2008 година во периодот од април до мај, во продавниците во пет градови: во Њујорк, Мајами, Чикаго( каде што таа го отвори финалето на бејзболската игра на Чикаго Кабс), во Бостон и во Минеаполис.Таа ја претставуваше новата спортска колекција и новиот парфем на Викторија Сикрет, а тоа за Мариса беше нејзината прва официјална кампања како Ангел.

За шоуто на Викторија Сикрет во 2009 година, Мариса Милер беше избрана за да ја рекламира годинешната колекција на “уникатни градници” , со шарен дизајн од 2.300 бели,и во шампањ боја, дијаманти, и со 16 каратни приврзоци во срцевидна форма направени од кафено-жолти дијаманти со вредност од 3 милиони долари и 150 карати. Дизајнерот на овие дијамантски градници ги претстави и на BaselWorld 2010.

Во одговор на тврдењата дека Мариса Милер се повлекла од Викторија Сикрет во јануари 2010 година, главниот менаџер на Лимитед Брандс, изјавил дека тие озборувања биле “незасновани и невистинити”, и изјавил дека тие ја обожавале Мариса и дека ќе продолжат да соработуваат со неа.

Јавни признанија[уреди | уреди извор]

Нејзиниот успех во јавноста беше разултат на нејзината работа од 2008 година кога таа се најде на првото место меѓу “ 100те познати секси личности “ на ранг списокот на списанието Максим, победувајќи ја Скарлет Јохансон, Џесика Бил и Ева Лонгорија. Тоа за неа значеше победа затоа што таа беше една од ретките која се најде на првото место на таа ранг листа. За нејзиното следно појавување во јулското издание, списанието Максим изјави дека таа го означила враќањето на еден голем американски супер модел. На тоа Мариса изјавила дека е воодушевена од тој комплимент но и дека сепак ќе остане приземјена затоа што тоа не го сметала за нешто многу важно и големо. “Јас сум само манекенка, не пронајдов лек за ракот” : изјавила таа. Милер продолжи и понатаму да биде најпозната и најплатена манекенка која во 2009 година се најде на 18 то место на таа ранг листа, а во 2010 година на 10 то место.

Таа во 2008 година се најде на првото место во натпреварот за The Best Damn Sports Show Period, "Smokin' Sixteen", повторувајќи ја победата од 2007 година ,кога ги победи Жилел Бундхен и Александра Лима. Милер се најде и на второто место на AskMen.com's "Top 99", за 2010 година, по победата на третото место од 2009 година, деветто место во 2008 година, 12 то место во 2007 година и 14 то место во 2006 година. Таа ја доби и наградата за “Hot N' Fresh” на второто доделување на Spike Guys' Choice Awards.

Во 2010 година таа се најде на трето место во изданието на британското списание ФХМ , на 16 тиот годишен избор за “најсекси жена во светот”, пласирајќи се веднаш по глумицата Меган Фокс која и беше победничка и британската пејачка Шерил Кол. Милер се најде на прво место на изборот во американското издание на ФХМ и беше прогласена за светски победник на овој избор, со добиени гласови од 24 меѓународни изданија на ФХМ.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Таа се омажи за Џим Милер, организатор на натпревари во сурфање од Лос Анџелес, и спасувач од Калифорнија во 2000 година. Двојката се раздели во 2002 година, а набргу потоа и се разведија. Таа на 15 април 2006 година се омажи за музичкиот продуцент Грифин Гес.

Таа уште како малечка го сакаше сурфањето а во тоа ја поддржуваше нејзината тетка. Во 2004 година таа се пласираше на второто место на натпреварот за сурфање на славни личности организиран од Кели Слатер, каде што изјавила дека таа се чувствува најдобро физички ,психички и духовно кога сурфа секоја ден. Таа исто така ја доби престижната награда за најдобар играч на четвртиот годишен натпревар на славните за одбојка на плажа. Таа во средното школо играла одбојка а потоа се запишала на боксување. По потпишувањето на договорот со Харли Дејвидсон таа ја доби својата возачка дозвола за возење на моторот Харли Најтстер. Таа изјавила дека би сакал да биде спортски коментатор. Милер потекнува од фамилија каде што сите биле медицински сестри, нејзината мајка во подоцнежните години се запишала на факултет за да стане медицинска педијатриска сестра, а и нејзините сестри се исто така медицински сестри, а таа изјавила дека ако не се занимавала со манекенство дека ќе одела по стапките на нејзината мајка и двете сестри.

Од 2009 година Мариса е амбасадор на американската организација за борба против ракот. Приходи од нејзините модни линии се донирани за хумани цели. Таа ја поддржува Коалицијата на младите преживеани, со што се зголемува предупредувањето за рак на дојка кај жените под 40 та година, како и организацијата за заштита на средината “Фондацијата Сурфридер”, чија цел е да ги спаси светските океани и плажите од изчезнување. Во октомври 2009 година таа гостуваше на музичкиот фестивал организиран од фондацијата Монте, годишна фондација која собира пари за училиштата во околината на Аптос, каде таа и нејзиниот сопруг имаат куќа.

Наводи[уреди | уреди извор]

Магазини[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:Victoria's Secret Angels Предлошка:2000-2009VSFashion Show Предлошка:SISwimsuitCoverModels Предлошка:2000-2009SISwimsuit