Марио Малоча

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марио Малоча
Mario Maloča
Mario Maloča
Лични податоци
Роден на 4 мај 1989 (1989-05-04) (24 г.)
Роден во Загреб, Хрватска
Висина &100000000000001900000001,90 м
Положба одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Хајдук Сплит
Број 22
Младинска кариера
Динамо Загреб
Камен Инград
Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Apps (Gls)
2008– Хајдук Сплит 89 (1)
Репрезентација
2008-2010 Хрватска 21 13 (0)
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 6 јануари 2011.

† Appearances (Goals).

‡ National team caps and goals correct as of 17 ноември 2010

Марио Maлочa (роден во Загреб на 4 мај 1989) е хрватски фудбалер кој во моментов е член на Хајдук Сплит.

Како јуниор најголем период играше во дресот на Загребски Динамо, околу 6 години. Пред да замине на проби во Хајдук тој играше во младинските категории и на Загреб Интер и Камен Инград.

Со 17 години доаѓа во Сплит, каде што по три недели на проби во клубот со тренерот Јошко Спањиќ, тој останува таму. На 18 и пол години тој дебитира за првиот тим против Шибеник во натпревар од првата хрватска лига, а откако многу добро го одигра дербито играно на Максимир (во само вториот негов професионален натпревар во неговата кариера), тој се утврдува во тимот на Хајдук на позицијата на стопер во конкуренција со Тудор, Саблиќ и Живковиќ. До крајот на сезоната прикажува една типична осцилација за еден адолесцент, но исто така и голем талент, кој во иднина ќе може да биде важна алка во Сплитскиот тим.

По крајот на сезоната тој ја отфрла понудата за нов договор, незадоволен од понудената плата. Сепак, откако тој ја пропушти целата подготвителна кампања во Словенија, сфаќа дека најдобра опција му е да остане во клубот и ги прифаќа условите на клубот, по што потпиша нов 5-годишен договор. Во есенскиот дел од сезона, тој запиша 12 меча играјќи наизменично на позицијата на стопер заедно со Борис Панџа и Јурица Буљат. Докрајот на сезоната одигра вкупно 20 натпревари без постигнат гол.

Во следните сезони тој е стандарден во одбраната на Хајдук и зема учество во 27 лигашки меча од кој во 26 беше стартер. Сезоната 2011-2012 тој ја започна како стартер во мечот од првото коло против Ријека кој заврши со резултат 2-1 за Хајдук. На 30-ти октомври 2011 тој го постигна својот прв гол во професионалната кариера во поразот на неговиот тим од 2-1 на домашен терен од Интер Запрешиќ. Во јануарскиот трансферен прозорец тој ја одби понудата на германскиот бундеслигаш Кајзерслаутерн, а потоа и на украинскиот Динамо Киев со образложение дека не брза со заминувањето од Сплит.

Надворешни врски[уреди]