Маринска палата (Киев)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

50°26′54″N 30°32′15″E / 50.44833°N 30.5375°E / 50.44833; 30.5375

Маринска палата
Маріїнський палац
Maryinsky Palace, residence of the Ukrainian President.JPG
Податоци
Локација Киев
Земја Украина
Архитект Бартоломео Растрели
Иван Мичурин
Клиент Претседател на Украина
Завршена 1755
Стил барок

Маринска палата (украински: Маріїнський палац) е официјалната резиденција на претседателот на Украина, која се наоѓа во Киев, Украина. Палатата граничи со парламентот на Украина. Објектот бил изграден во стил на барок и се наоѓа на брегот на реката Днепар.

Палатата започнала да се гради во 1744 година, во времето на руската царица Елисавета Петровна, а била дизајнирана од страна на Бартоломео Растрели, најпознатиот архитект во руската империја од тоа време. Еден од студентите на Растрели, Иван Мичурин, заедно со група на други архитекти, ја завршиле палата во 1752 година. Палатата за прв пат од царското семејство била посетена во 1787 година, од Катерина II.

Кон почетокот на 19 век, објектот бил опожарен. Бо 1870 година, Александар II ја реконструирал палатата а како главен архитект бил Константин Мајевски.

За време на Руската граѓанска војна во 1917-1920, палатата била користена како штаб, особено во текот на Киево-болшевичкото востание. Во 1920-тите години, зградата била претворена во музеј. Во текот на Втората светска војна, зградата била многу оштетена, а обновена кон крајот на 1940-тите. Друга голема реставрација објектот доживеал во 1980-тите години.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици