Маргарита Валоа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маргарита Валоа
Rubens.La Reine Marguerite de Valois.JPG
Маргарита Валоа
Кралица на Франција
На престол 1589–1599
Сопружник Анри IV
Династија Бурбони
Валоа
Татко Анри II
Мајка Катарина Медичи
Роден(а) 14 мај 1553(1553-05-14)
Париз
Починал(а) 27 март 1615(1615-03-27) (на 61 год.)
Париз
Почивалиште Базилика Сен Дени
Вероисповед Римокатоличка црква

Маргарита Валоа (француски: Marguerite de France или Marguerite de Valois, 14 мај 1553 - 27 март 1616) била кралица на Франција и Навара за време на доцниот 16 век. Била последна од династијата Валоа и кралска принцеза од раѓање.

Била ќерка на кралот Анри II и Катарина Медичи, како и сестра на кралевите Франсоа II, Шарл IX и Анри III и Елизабета Валоа. Бракот со Анри III од Навара, подоцна Анри IV, по втор пат ѝ ја донел титулата кралица.

Покрај останатите политички манипулации била принудена да се омажи со Анри III од Навара и долги години била држена како затвореник (во замок).

Сепак, нејзиниот живот бил далеку од пасивен. Покрај тоа што двапати била кралица, најпрво на Навара (1572 година) потоа на Франција (1589 година), била позната по нејзината убавина и вкус за облекување (била една од најмодерните жени во тоа време и имала големо влијание врз модата во кралските дворови во Европа). Се покажала и како доста надарен поет и писател и привлекла доста внимание со нејзиното сканадалозно однесување и истото предизвикувајќи го кај другите. Имала многу љубовници за време на бракот како и по поништувањето на истиот. Најпознати биле: Џосеф Бонифациј де ла Мол, Жак де Харлеј и Луј де Клермон.

За време на нејзиното осуманесетгодишно затвореништво, извршено од страна на брат ѝ Анри III, ги запишувала нејзините мемоари кои се состојат од последувателни приказни поврзани со расправиите помеѓу нејзините браќа, Шарл IX и Анри III со маж ѝ Анри IV. Овој нејзин труд бил објавен постхумно во 1628 година.

Многу приказни низ вековите биле инспирирани од нејзиниот живот, почнувајќи со комедијата на Шекспир „Со сила убавина не бидува“, потоа во 1845 година новелата „Кралицата Маргот“ од Александар Дима (таткото), а во 1994 истоименот филм.

Живот[уреди]

Ран живот[уреди]

Маргарита била родена на 14 мај 1553 година, во Жерменскиот дворец, како трета ќерка од вкупно шест деца на Анри II и Катарина Медичи. Тројца од нејзините браќа постанале кралеви на Франција: Франсоа II, Шарл IX и Анри III, а сестра ѝ Елизабета Валоа, трета жена на кралот Филип II од Шпанија.

Договорен брак[уреди]

Маргарита се омажила со кралот Анри III од Навара, подоцна Анри IV, крал на Франција (со овој брак таа била и војвотка од Вандом), син на кралицата Жана III од Навара, која била протестант и првиот принц со „сина“ крв, Антоан Бурбон. Нивниот брак бил склучен со цел да ги обедини двете фамилии (Бурбоникои биле дел од кралската фамилија во Франција и најблсики роднини со тогаш доминантните Валоа) и да се создаде хармонија помеѓу католиците и протестантите хугеноти.

Анри од Навара и Маргарет од Валоа

Мајката на Анри била против овој брак, но многумина од аристократите го поддржувале. Пред да стапнат во брак Анри III и Маргарита Валоа, кралицата Жана од Навара починала под чудни околности; некои се сомневале дека пар ракавици кои биле испратени до кралицата како подарок од мајката на Маргарита всушсност биле отворовни.

Бракот на 19-годишната Маргарита и Анри, кој по смртта на својата мајка ја добил титулата крал на Навара, бил склучен на 18 август 1572 година во катедралата Нотр Дам (Богородичната црква во Париз). За време на религиозната церемонија младоженецот, протестант, бил приморан да стои надвор од катедралата.

Маргот

Само шест дена по свадбата на Вартоломејската ноќ, биле иницирани атентати проследени со бран на масовно насилство од страна на римокатолиците против протестантите во Франција. Се верува дека бракот бил поттикнат од Катерина Медичи и бил прилика на која повеќето богати и видни протестанти се собрале во Париз, град во кој преовладувале католиците. Овој настан се случил помеѓу 1562 година и 1598 година, познат како Религиозна војна во Франција која се состоела од секташки спорови помеѓу аристократските семејства, како она од династијата на Бурбони и Гиз.

По масакарот на Вартоломејската ноќ[уреди]

Се верува дека Маргарита Валоа го спасила животот на неколкумина видни протестанти, вклучувајќи го и животот на нејзиниот маж, за време на масакарот со тоа што ги криела во нејзините соби и одбивала да ги предаде убијците. Анри од Навара морал да се преобрати во католик.

Маргарет од Валоа, 20 години, дело на Франсоа Клуе

По повеќе од три години здржување во судот, во 1576 година Анри избегал од Париз оставајќи ја својата жена. Кога конечно добила дозвола за да се врати кај сопругот и во Навара, следните три години и половина Маргарита и нејзиниот сопруг живееле во По. Двајцата имале љубовни афери и често се расправале.

Ажен и Усон[уреди]

Кога во 1582 година се разболела, кралицата Маргарита се вратила во дворецот на нејзиниот брат Анри III во Париз. Брат ѝ бил ужаснат од нејзината репутација со што таа била принудена да го напушти дворецот. По долги преговори ѝ било дозволено да се врати кај сопругот во Навара, но пречекот бил ладен. Решена да ги надмине овие тешкотии, испланирала државен удар и го превзела Ажен, еден од нејзините апанажи.

По неколку месеци зајакнување на градот, граѓаните на Ажен кренале бунт и кралицата избегала во замокот во Карла. Во 1586 година била затворена во замокот во Усон, во Оверњ, од страна на нејзиниот брат каде поминала осумнаесет години. Во тие години Маргарита ги напишала нејзините мемоари кои се состојат од последувателни приказни поврзани со аферите на нејзините браќа Шарл IX и Анри III со нејзиниот поранешен сопруг Анри IV. Мемоарите биле објавени постхумно во 1628 година и ја шокирале публиката.

Во 1589 година, Анри , нејзиниот маж, го наследил тронот на Франција како Анри IV. Сепак не бил прифатен од католиците сè до неговото преминување во протестант, четири години подоцна. Продолжил да има љубовници, најзабележетелната Габриел де Естре од 1591 година до 1599 година, која му родила четири деца. Во 1592 година започнале преговори за поништување на бракот кои во 1599 година биле утврдени со договор кој дозволил Маргарита да ја задржи титулата кралица.

Последни години[уреди]

Маргарита се преселила со своето семејство на левиот брег на Сена, во Хостелот на кралицата Маргарет, илустриран во планот на Маријан за Париз 1615 г. (илустрација); хостелот бил изграден за неа од архитектот Жан Булан во 1609 година. На крајот бил срушен и делумно заменет од Хотел Рошефуколд (француски: Hôtel de La Rochefoucauld) во 1640 година.

Откако се помирила со нејзиниот поранешен сопруг и неговата втора сопруга, Марија де Медичи, кралицата Маргарита се вратила во Париз, се назначила за ментор на хуманитарни науки и добродетелка на сиромашните. Често помагала при организирањето на разни настани во судот и се грижела за децата на Анри IV и Марија.

хосел на кралицата Маргарет изграден од Жан Булан во 1609 година

Маргарита починала во нејзиниот хостел (Хостел на кралицата Маргарет), на 27 март 1615 година и била закопана во погребалната капела на семејството Валоа во базиликата Св. Денис. Нејзиниот ковчег исчезнал и не е познато дали бил отстранет или префрлен при поправки на капелата или пак уништен за време на Француската револуција.

Маргарита Валоа во литературата & белетристиката[уреди]

Романот „Кралицата Маргот“ на Александар Дима, таткото, од 1845 година е белетристички приказ на настанатите околу бракот на Маргарита со Анри од Навара. Според романот е снимен и истоименот француски филм во кој улогата на Маргарита ја игра познатата глумица од Франција, Избел Аџани. Главната акција во шекспировата комедија „Со сила убавина не бидува“(1594-5 година) е базирана врз обидот за смирување помеѓу Маргарита и Хенри во 1578 година.

Во филмот ''Нетолеранција на Грифит'' од 1916 година, Констанца Талмаџ ја толкува улогата на Маргарет.

Кралицата Маргот се јавува во романот на Жан Пледи, Јас, Мојот непријател,мемоар за кралицата Хенриета Марија, сопруга на Чарлс I од Англија. Средбата на помладата принцеза Анриета и постарата кралица Маргарита на прославата за веридбата на братот на Анриета, Луј XIII од Франција и Ана од Астрија го навестува читателот за извонредниот карактер на Маргарита Валоа. Маргарита имала голема улога и во операта на Џакомо Мејербер, ''Хугеноти''. Таа улога била една од препознатливите улоги на Џоан Сатерленд и истата била нејзина проштална изведба за операта во Австралија во 1990 година.

Поврзано[уреди]

Претци[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]