Маргарет Тјудор
| Маргарет Тјудор | |
|---|---|
|
|
|
| Владеење од | 24 јануари 1502 – 9 септември 1513 |
| Spouse | Јаков IV 1503 - 1513 Арчибалд Даглас 1514 - 1527 Хенри Стјуард 1528 - 1552 |
| Потомци | |
| Јаков Артур Јаков V Александар Стјуард Маргарита |
|
| Династија | Династија Тјудор |
| Татко | Хенри VII |
| Мајка | Елизабета од Јорк |
| Раѓање | 28 ноември 1489 Ричмондска палата |
| Смрт | 18 ноември 1541 (на возраст од 51 г.) |
Маргарет (28 ноември 1489 - 18 октомври 1541) била англиска принцеза и кралица на Шкотска како сопруга на шкотскиот крал Јаков IV.
Маргарет била родена во Ричмондската палата во Лондон како најголема ќерка на англискиот крал Хенри VII и неговата сопруга Елизабета од Јорк. Според договорот од 1502 година помеѓу Англија и Шкотска, Маргарет во 1503 година била венчена со шкотскиот крал во Единбург. По смртта на нејзиниот татко, на англискиот престол застанал нејзиниот брат Хенри VIII. Во текот на ова владеење, односите помеѓу двете кралства значително се влошиле. Хенри долго време немал машки потомок кој би го наследил на тронот. По ова, Маргарет станала потенцијален престолонаследник на англискиот трон. Таа постојано го обедувала на својот сопруг да не војува со Англија, но во 1513 година тој ја нападнал Англија и на бојното поле починал.
По неговата смрт, за наследник бил избран Јаков V, кој бил малолетен. На негово место, како регент управувала неговата мајка Маргарет. Но англиското потекло на новиот кралски регент, како и нејзиниот втор брак со Арчибалд Даглас започнале да создаваат омраза кај шкотското население. Како резултат на ова, регенството и било одзедено во 1515 година. По притисок од папата, во 1527 година таа се развела, а неколку месеци по ова се омажила за Хенри Стјуард.
Починала од срцев удар во 1541 година.
- Родени на 28 ноември 1489
- Родени во ноември 1489
- Родени во 1489 година
- Починати на 18 октомври 1541
- Починати во октомври 1541
- Починати во 1541 година
- Регенти на Шкотска
- Наследници на англискиот трон
- Англиски принцези
- Ричмонд на Темза
- Стјуартска династија
- Тјудори
- Жени од Тјудорскиот период
- Англичани од 15 век
- Англичани од 16 век