Манука
| Манука | |
|---|---|
| Манука со иглички и цветчиња | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Миртовидни |
| Фамилија: | Миртоцветни |
| Род: | Тенкосемени |
| Вид: | Манука |
| Биномен назив | |
| Leptospermum scoparium J.R.Forst. & G.Forst. |
|
Манука или чајно дрво (лат. Leptospermum scoparium, маорски: Mānuka) може да биде грмушка или мало дрво кое потекнува од и расте во Нов Зеланд и југоисточна Австралија. Мануката вирее низ цел Нов Зеланд, особено во сувите краишта на источните брегови на Северниот Остров и Јужниот Остров, како и во Тасманија, Викторија и Нов јужен Велс во Австралија. Растението го добило името „чајно дрво“ бидејќи морепловецот Капетан Кук варел чај од неговите листови[1].
Мануката е плодородно дрво од типот на честаци и најчесто е првото растение кое успева да се расплоди на опустошено тло. Типично расте од 2 до 5 м во височина, но може и да нарасне во дрво со умерена големина до 15 м. Дрвото е зимзелено, со густи гранки и мали листови со должина од 7-20 мм и ширина од 2-6 мм, со краток жилест врв. Цветовите му се бели, но понекогаш и розови со пречник од 8-15 мм (поретко се среќаваат примероци и до 25 мм), со пет цветни ливчиња.
Стеблото му е цврсто и жилаво и затоа се користи за изработка на рачки за алати. Струготините даваат одлична арома кога се користат за пушење на месо и риба. Медот од неговите цветови има особен вкус и е потемен и побогат со арома одколку детелиновиот мед, и има голема антибактериска моќ. Во Нов Зеланд овој мед може да се најде во секоја продавница.
„Манука“ е маорското име на дрвото кое е во употреба во Нов Зеланд, додека името „чајно дрво“ се користи и во Нов Зеланд и во Австралија.
[уреди] Наводи
- ↑ J. T. Salmon, The Native Trees of New Zealand, Reed, 1973. ISBN 0-589-01340-8