Мантија (хералдика)
Во хералдиката, мантија е драперија прикачена за шлемот над штитот. Таа игра улога на позадина на штитот. Нацртана на хартија, ова е приказ на заштитното платно кое витезите го носеле зад шлемовите за да се заштитат од времето, но и за да го омекнат ударот од мечовите на нивните противници. Токму од оваа причина мантијата е прикажана раскината на разни места. Поретко платното се среќава цело, во кој случај најчесто се работи за свештеник кој користи шлем и мантија (што означува дека свештеникот не бил во битка, иако прусиството на шлемот е извесно противречие само по себе). Ова е обично уметнички избор на уметникот, и со себе не носи симболичко значење.
При блазонирањето, мантијата се опишува од обете страни. Една од нив е во боја (петте главни бои се црвената, сината, зелената, зрната и пурпурната -- постојат и други, но тие се многу ретки), а другата во метал (бело или жолто). Мантијата обично е во предоминантната боја на штитот, или пак во некоја службена боја која ја симболизира функцијата на носителот на грбот. Постојат и исклучоци, како на пример употреба на други поретки бои, надворешната страна е расечена со две бои, или пак обете се расечени. Уште поретко се среќаваат други поделби во мантијата, или случаи каде целата мантија е во една иста боја. Грбовите на монарсите често пати претставуваат исклучок - грбот на Обединетото Кралство и грбот на јапонскиот цар Акихито, каде мантијата е со злато, поставено со ермелин[1]. За ваквите мантии се смета дека прилегаат само на владетели.
Во раните денови на развојот на челенката, пред венецот, биле измислени круни и капи, и така челенката често пати продолжувала во мантијата каде што било изводливо (н.п.р. ако челенката е во вид на половина човечка фигура или животно, чија облека или крзно продолжува во мантијата). Овој обичај е особено присутен во Германија.
Постојат ретки примери каде мантијата се блазонира со надополнување на самиот грб, имитирајќи ги ординариите и фигурите од штитот. Прикажаните фигури на мантијата најчесто се посеани врз неа, [1].
[уреди] Мантијата низ вековите
-
првобитна мантија - почеток на XIV век
-
мантија од XV век
-
мантија од почетокот на XVI век
-
мантија од крајот на XVI век
[уреди] Наводи
- ↑ Грб на царот Акихито (англиски)
|
|||||||||||