Мансфелд (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мансфелдер Ланд)
Мансфелд
Mansfelder Land

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
СедиштеАјслебен
Површина
 • Вкупна759 км2 (293 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно104,970
 • Густина140/км2 (360/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.ML
Мреж. местоmansfelderland.de

Мансфелд (германски: Mansfelder Land) — поранешен округ во средишниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север надесно) Ашерслебен-Штасфурт, Бернбург, Зал, Мерзебург-Кверфурт, Зангерхаузен и Кведлинбург. Бил припоен на 1 јули 2007 во новиот округ Мансфелд-Јужен Харц, како дел од административната реформа во Саксонија-Анхалт.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Хетштет и Ајслебен. Овие биле наследници на Mansfelder Gebirgskreis (планински округ Мансфелд) и Mansfelder Seekreis (езерски округ Мансфелд), кои биле преименувани по Втората светска војна.

Градот Ајслебен е познат како родно место на Мартин Лутер.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во јужните падини на планината Харц.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Горниот лев дел од грбот го покажува грбот на грофовите од Мансфелд. Хоризонталните линии се симбол на Кверфурт, додека дијамантите се оригинален симбол на грофовијата Мансфелд. Двата симболи биле комбинирани кога Бурхард фон Кверфурт станал гроф на Мансфелд. Рударските алатки како и рибата во десната половина - се преземени од грбот на Мансфелдер Зекрајс - претставувајќи ја индустријата на округот, како и природата. Дрвото во долниот лев дел ја претставува природата во округот и бил преземен од грбот на Мансфелдер Гебиргскрајс.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општински заедници
  1. Мансфелд
  1. Гербштет (вкл. го градот Гербштет)
  2. Хетштет (вкл. го градот Хетштет)
  3. Лутерштат Ајслебен (вкл. го градот Ајслебен)
  4. Мансфелдер Грунд-Хелбра
  5. Зегебит Мансфелдер Ланд
  6. Випер-Ајне (вкл. го градот Зандерслебен)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]