Манго (облека)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Mango Inc.
ВидПриватна
ДејностАпарел
Основано1984
ОсновачИсак Андик
(ко-основач и CEO)
СедиштеПалан-Солита и Плегаманс, Барцелона, Шпанија
ПроизводиОблека, Модни додатоци
Доход2.234.000.000 евро (2021) Уреди на Википодатоците
Нето-доход
67.000.000 евро (2021) Уреди на Википодатоците
Вработени
8,600
Мреж. местоhttp://shop.mango.com
Манго продавница

Манго — меѓународна шпанска компанија за облека основана во Барселона, Каталонија. Манго во моментов има над 8,600 вработени, од кои 1,850 работат во Хангер Дизајн Центарот во централната компанија. Вработените во Манго се млади и полни со ентузијазам со просечна возраст од 30 години и 80% од нив се жени. Има 1,700 продавници во 100 земји кои се наоѓаат на пет континенти ширум светот.

Надвор од Европа, брендот се прошири во Египет, Израел, Јордан, Кина, Јапонија, Северна Кореја и Тајланд. Манго исто така постои и во Австралија, но е под друго сопствеништво во таа земја. Компанијата ги објави плановите за отворање на продавница во Ирак, во која ќе продава облека дизајнирана од страна на Зухар Мурад (Zuhair Murad), либански дизајнер, кој има соработувано со трговците на мало од 2006 година. Компанијата се придвижила кон продавници со повеќе заштитни брендови, простор кој содржи колекции од различни дизајнери и во различни стилови, во рамките на истиот бренд.

Во април 2007 година, беше објавено дека Пенелопе Круз и нејзината сестра Моника ќе дизајнираат колекција од 25 парчиња и во ланецот ќе бидат вклучени и модни додатоци. Овој потег се сметал за конкурентен потег на пуштањето на колекцијата на Мадона за шведскиот соперник Х&М и колекцијата на Кејт Мос за Топшоп. Во 2009 година, Скарлет Јохансон стана новото заштитно лице на Манго, преземајќи го местото на Пенелопе Круз,нејзината партнерка во филмот Вики Кристина Барселона.

Во Северна Америка, продавниците на Манго работат под имете „МНГ од Манго“. Во Бразил, продавницата исто така работи под името „МНГ“. Во декември 2009 година, JCPenney и Манго објавија планови за JCPenney да стане ексклузивна мало-продажна продавница на Манго во Соединетите Американски Држави. МНГ од Манго во 75-те продавници на JCPenney и онлајн на jcp.com ќе стартуваат во есента 2010 година. JCPenney планира да го прошири брендот МНГ од Манго во повеќе од 600 JCPenney продавници до есента 2011 година. МНГ од Манго ќе биде достапна во ексклузивни продавници во пролетта 2011 година. Тие ќе нудат нова роба во продавниците двапатти месечно.

Компанијата е раководена од страна на браќата Андиќ со шпанско-еврејско потекло кои емигрирале од Турција во 50-тите години.

Историја[уреди | уреди извор]

Манго својата прва продавница Paseo de Gracia, ја отвори во Барселона, во 1984 година. Во 1985 година, отвори продавница во Валенсија и ја почна својата меѓународна експанзија. Манго направи подобрување на системот за управување на залихи за да ги исполни барањата на пазарот во 1988 година. Во 1988 година тие исто така ги дефинираа нивните концепти на производи, внатрешен дизајн, квалитет, цена и имиџот на марката.

Во 1992 тие се проширија за да отворат две продавници во Португалија. Исто така ја отворија 100-тата продавница во Шпанија. Тие почнаа со имплементација на системот за управување со бизнисот во 1994 година, кој сè уште се користи во моментот и кој се заснова на стручност и координираност на тимовите. МАНГО го лансираше своето мрежно место во 1995 година. Во 1997 година странскиот приход го надмина домашниот приход. МАНГО отвори предводничка продавница во Париз, на „Boulevard des Capucines“ во 1997 година. Во 1998 година МАНГО стана втор најголем извозник на текстил во Шпанија. Во 2000 година, предводничка продавница е отворена и во Лондон, во централниот дел на Оксфорд Стрит. Исто така, во 2000 година ја лансираше и онлајн продавницата „Mangoshop.com“. Во 2002 година имаше 630 Манго продавници во 70 земји и продолжи да се проширува во Австралија, Бугарија, Кина, Италија и Тунис. Тие го надминаа нивниот број на продавници отворени во 2003 година со отворање на продавници во Хондурас, Србија и Црна Гора. Во 2004 година се пробија на новите пазари во Азербејџан, Естонија, Ел Салвадор, Макао и Виетнам. Тие се наоѓаат во 75 земји.

Mango Touch е создаден во 2005 година како нова модна линија посветена на модните додатоци. Во 2006 година,Манго почна да се проширува кон пазарот на Северна Америка,отворајќи продавници во Коста Меса, Чикаго, Далас, Лос Анџелес, Меклин, Орландо, Сан Франциско и Санта Моника. Манго го одржа своето прво модно шоу во 2006 година во Palau de la Música Catalana во Барселона. Исто така, во 2006 година ги поддржаа модните награди Boton-MANGO, за меѓународни и идни дизајнери. Во 2007 година, Манго го отвора најголемиот центар за дизајн во Европа, „El Hangar Design Centre“. Својата предводничка пордавница во Сохо, Њујорк ја отвори во 2007 година. Исто така, во 2007 година, компанијата почна соработка со надворешни дизајнери. Тие исто така започнаа соработка со славните личности Мила Јововиќ, Елизабет Харли, Пенелопе и Моника Круз. Во 2008 година ги одржаа вторите El Botón-MANGO модни награди. ТОЈ, Хомини Емерито (Homini Emerito), новата колекција наменета за машкиот пол била лансирана во 2008 година. Била создадена за да ја дополни женската линија, со надеж дека ќе се претвори во multiband продавница. Во 2009 година МАНГО соработува со надворешните дизајнери Адам Липес (Адам Lippes) и Delgian Sandrina Fasoli.

ТОЈ од МАНГО[уреди | уреди извор]

ТОЈ е линија на машка облека од МАНГО. Името ТОЈ е акроним, кратенка од латинскиот израз Хомини Емерито (Homini Emerito), „човек кој ужива во неговите награди во согласност со неговите заслуги“. Н.Е. логото, е еднорог. Манго ТОЈ, е првата машка линија од Манго, која во продавниците за првпат се појави на 15 Март 2008 година.[1]

Првата отворена продавница исклучиво за мажи во кој била линијата ТОЈ од МАНГО била отворена на „586 Avenida Diagonal“ во Барцелона на 9 октомври 2008 година. Била на површина од 500м2 и атмосферата во ТОЈ продавниците била многу различна од другите продавници на МАНГО. Првата ТОЈ продавница во шпанскиот главен град била отворена на 2 април 2009 година и се наоѓа на улицата „Hermosilla 22“, на површина од 122 м2. Покрај неа други Н.Е продавници биле отворени во Валенсија, Сантандер, Анкара, Анси, Дубаи и Тулуза. За новата есен/зима 2009 сезона, младиот британски глумец Макс Пегли, син на Jeremy Irons и Sinéad Cusack, станува нејзин амбасадор.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]