Манастир Јасна Гора
| Манастир јасна гора Jasna Góra |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Честохова, Полска |
| Функционален статус | активна |
Манастирот наречен Јасна гора (полски: Jasna Góra) е црква која се наоѓа во Честохова, Полска. Христијанскиот храм е едно од најпознатите светилишта посветени на Пресвета Богородица и место кое често е посетувано од страна на аџиите од целиот христијански свет. Сликата Црна Мадона во Честохова, која според митот има чудотворна моќ, е едно од најскапоцените богатства на комплексот.[1]
Манастирот бил основан во 1382 година, од страна на орденот Павлини кои дошле од Унгарија по покана на Владислав, Војвода од Ополе. Манастирот е една од најголемите туристички атракции во земјата. На иконата, во која Пресвета Богородица е насликата заедно со малиот Исус претставувала примерза изработување на многу аналогни икони во православниот свет.[2]Чудотворенијата на иконата се потпираат пред се на опсадата на градот во времето на шведската инвазија на земјата, во кој Полјаците на крај излегле како победници, принудувајќи ја Шведска да се повлече.
Наводи[уреди]
- ↑ „Częstochowa Official Website“. © Urząd Miasta Częstochowy, Śląska 11/13, 42-217 Częstochowa. http://www.czestochowa.pl/languages-en?set_language=en. проверено на 2008-10-22.
- ↑ „Jasna Góra“. © 1998-2008 Copyright by Klasztor OO. Paulinów Jasna Góra - Częstochowa. http://www.jasnagora.pl/. проверено на 2008-10-22.
| Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Надворешни врски[уреди]
- http://www.jasnagora.pl/ (англиски) (полски) (шпански) (германски) (италијански)
- Манастир Јасна Гора
