Мал орел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мал орел
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Јастребовидни
Фамилија: Јастреби
Род: Орел
Вид: Мал орел
Биномен назив
Aquila pennata
(Gmelin, 1788)
Синоними
  • Aquila minuta Brehm, 1831
  • Hieraaetus pennatus

Малиот орел (науч. Aquila pennata) е средно голема граблива птица. Го има во Македонија.

Распространетост[уреди]

Мал орел
Орлиња во гнездо

Малиот орел се размножува во јужна Европа, северна Африка и Азија, а зимува во субсахарна Африка и јужна Азија.

Опис[уреди]

  • Должина на телото - 47-50 см.
  • Распон на крилјата - 120-127 см.
  • Тежина - 750-1 000 гр, женките се покрупни.

Има светла и темна фаза на перјето. Во светлата фаза, долното перје му е бело со темни пердуви за летање, а во темната фаза целото е кафено. Во двете фази горните пердуви му се кафени, со посветли нијанси во задниот дел на покривните пердуви. Звукот кој го испушта птицата е врескаво кли-клии-кли.

Исхрана[уреди]

Како и другите орли и малиот орел лови мали цицачи, рептили (гуштери) и птици петпати поголеми од него.

Размножување[уреди]

Парот секогаш има повеќе гнезда на својата територија, а секоја година обновува некое од нив. Се наоѓа во високи карпи или во некое погодно дрво. Обично несат 2 јајца, а лежењето трае 37 дена. Малечките го напуштаат гнездото 53 дена по испилувањето.

Наводи[уреди]

Литература[уреди]

  • Clark, William S. (1987) The rufous morph of the Booted Eagle, pp. 21–24 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8 November 1986 International Birdwatching Centre Eilat

Надворешни врски[уреди]