Мала чучурлига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мала чучурлига
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Чучурлиги
Род: Calandrella
Вид: C. brachydactyla
Биномен назив
Calandrella brachydactyla
(Leisler, 1814)

Малата чучурлига (Calandrella brachydactyla) е мала врапчевидна птица. Се размножува во јужна Европа, северозападна Африка, и низ умерениот појас на Азија од Турција и јужна Русија сè до Монголија. Оваа птица понекогаш ја мешаат со дебелоклуната чучурлига.[2][3] За време на миграцијата тие формираат големи јата кои летаат синхронизирано, а понекогаш формираат и помали јата.

Малата чучурлига ја има и во Македонија.

Опис[уреди]

Чучурлигите формираат поголема група. Оваа мала бледа чучурлига, е помала од другите чучурлиги. Има темни сивкасти линии горе, и бели доле, и има цврст шилест клун кој е розевкаст со сив завршеток. Малата чучурлига има бледа веѓа, темна шарки на двете страни од вратот и темна опашка. Некои птици во западниот регион имаат црвенкасто-кафеава круна. Половите се слични. Некои подвидови како longipennis се побледи од dukhunensis кој, исто така, има пократок клун.[2] Во зима тие летаат во големи и компактни јата кои летаат синхроизирано. [4] Потребно е многу внимание за да се разликува оваа чучурлига од другите слични на неа како чучурлигата Calandrella и Calandrella rufescens.

Малата чучурлига се размножува во Европа (Иберија, Франција, Италија, Балканскиот Полуостров и Романија) а зимува во Африка. Подвидот hungarica се размножува во јужните делови на Европа додека rubiginosa се размножува во северозападна Африка. Подвидовите hermonensis (понекогаш вклучувајќи го и woltersi) се размножуваат во Турција, Сирија и Египет. Подвидот artemisiana некои ја сметаат за иста со longipennis[5]) се размножува во Мала Азија а зимува во југозападна Азија. Подвидот longipennis се размножува во Украина, Монголија и Манџурија, а зимува во Јужна Азија, во посувиот дел од северозападна Индија, додека dukhunensis се размножува на Тибетската Висорамнина, а зимува најчесто во полуостровскиот дел на Индија.[4]

Песната им варира помеѓу суво црцорење и поразлична, имитирачка песна. Јатата во утринските часови често летаат заедно до нивните омилени места за да се напојат. Навечер јатата се собираат во купче во мали вдлабнатини во дрвата. [6]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Подвидот dukhunensis на ливада во Индија.
Calandrella brachydactyla

Сите, освен некои од појужните популации се преселници, преселувајќи се во зимите јужно до јужниот крај на Сахара и Индија. Овие видови доста често лутаат до северна и западна Европа на пролет и есен. [7] Оваа популацијата се размножува во зима во Ибериска Пенсилванија, јужно од Сахара во Африка. Одат таму бидејкќи ја преферираат жетвата која расте таму и сувите пасишта со кратки грмушки додека сличната чучурлига calandrella rufescens ги преферира посувите делови.[8]

Ова е една од видовите птици кои сакаат суви отворени места и култивација. Се гнезди на земја, и сенсува 2-3 јајца. Неговата исхрана се состои од семиња и инсекти, особено во сезоната за парење.

Во колонијална Индија, овие чучурлиги биле ловени за исхрана како и Emberiza hortulana.[4]

Малите чучурлиги посетуваат делови од Јужна Азија во големи јата за време на зимата и понекогаш се привлечени од областите со кратка трева покрај аеродромите и многу често се изложуваат на опасност од авијацијата.[9]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Calandrella brachydactyla. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008151. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Rasmussen, PC & JC Anderton (2005). „Birds of South Asia: The Ripley Guide.“. 2. Smithsonian Institution & Lynx edicions.. стр. 303. 
  3. Vaurie, Charles (1951). „A study of Asiatic larks.“. „Bulletin of the AMNH“ 97: 435–526. hdl:2246/952. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Whistler, Hugh (1949). „Popular Handbook of Indian Birds. 4th edition“. Gurney and Jackson, London. стр. 256. http://www.archive.org/details/popularhandbooko033226mbp. 
  5. Dickinson, E.C. & R.W.R.J. Dekker (2001). „Systematic notes on Asian birds. 11. A preliminary review of the Alaudidae.“ (PDF). „Zool. Verh. Leiden“ 335: 61–84. http://www.naturalis.nl/sites/naturalis.en/contents/i000308/snab011.pdf. 
  6. Ali, S & S D Ripley (1986). „Handbook of the birds of India and Pakistan“. 5 (2 издание). Oxford University Press. стр. 19–22. 
  7. Tomek, T., & Bocheński, Z. (2005). „Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland.“ (PDF). „Acta zoologica cracoviensia“ 48A (1–2): 43–65. http://www.isez.pan.krakow.pl/journals/azc_v/pdf/48A%281-2%29/05.pdf. 
  8. Suarez, Francisco; Vincente Garza & Manuel B Morales (2002). „Habitat use of two sibling species, the Short-toed Calandrella brachydactyla and the Lesser Short-toed C. rufescens Larks in mainland Spain“ (PDF). „Ardeola“ 49 (2): 259–272. http://www.ardeola.org/files/ardeola_505.pdf. 
  9. Mahesh, SS (2009). „Management of Greater Short-toed Larks Calandrella brachydactyla in Indian aerodromes.“. „Indian Birds“ 5 (1): 2–6. 

Литература[уреди]