Мала Река (Поречка)

Координати: 41°40′06″N 21°15′02″E / 41.66833° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.66833; 21.25056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала Река
Волчица
Мала Река пред вливот во Треска
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоДобра Вода, кај с. Волче, Порече
 • координати41°45′38″N 21°02′05″E / 41.76056° СГШ; 21.03472° ИГД / 41.76056; 21.03472
 • надм. вис.1.210 м
Устие 
 • место
Треска, с. Калуѓерец, Порече
 • координати
41°40′06″N 21°15′02″E / 41.66833° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.66833; 21.25056
 • надм. вис.
465 м
Должина28,5 км
Големина на сливот188,96 км2
Особености на сливот

Мала Река — река во Поречието во западна Македонија, лева и најголема притока на Треска, која а прима спротиводно на 57,9 км од својот влив.

Извира на северните падини на Добра Вода[1] над с. Волче, на надморска височина од 1.210 м (каде е наречена Волчица), а се влева на 465 м[2] во близина на селото Калуѓерец. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 28,5 км, минималната должина 20,1 км, а коефициентот на развиеност е 1,42. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 745 м, а просечниот е мал, и изнесува 26,1.[2]

Вкупната должина на водоразделната линија на Мала Река изнесува 71 км а сливот и зафаќа 188,96 км2 или 9,1 % од вкупната површина на сливот на реката.

Течение[уреди | уреди извор]

Извирајќи од Добра Вода под името Волчица, реката тече во источен правец, минувајќи северно од селото Волче и од лево го прима потокот Долни Лубоен, а потоа и Загреоски Дол од десно, па минува на извесно растојание под селото Заград и од лево ја прима Гребовска Река пред да стаса до с. Растеш, каде течението свртува кон север. Веднаш по Растеш, од левата страна ја прима Битовска Река, и тука почнува да се нарекува Мала Река. Од левата страна ѝ се придружува потокот Думин Дол, а малку понатаму, кај с. Косово — Ботушка Река и Негов Дол од десно. Мала Река продолжува на север и недалеку од с. Звечан, од десна страна, го прима Липов Дол, а понатаму од лево и Јамечки Дол.

Навлегувајќи во Самоков од десно заеднички се влеват Бенческа и Ковачка Река, а кај возвишението Кале и месноста Долно Лупште, од истата страна ѝ се приклучува потокот Градски Дол. По Долно Зркле, реката зема источен правец и навлегува во пошироката долина Јанево, каде реката минува низ с. Ковче, одминувајќи ја фабриката „Сувенир“ и примајќи го од десно прво потокот Млачје, а потоа и Иначка Река.

Во понатамошниот дел, Мала Река има неколку остри свиоци, и под падинскиот предел Осојница (под с. Могилец) од десно ги прима потоците Пеколник и Смеда. Тука течението добива североисточен правец и поминува крај Могилечкиот манастир, по што од лева страна го прима потокот Трбулјак; тука Мала Река скршнува на запад и, под селото Калуѓерица во месноста Ајроица се влева во Треска како нејзина лева притока.

Археолошки наоѓалишта по течението[уреди | уреди извор]

Особености на долината[уреди | уреди извор]

Долината во горниот дел е всечена во кристалести шкрилци каде на 3-4 км од вливот прави лак и се пробива низ доломитска зона. Последниот дел на долината е епигенетски и претставува наследена заливска долина, со што може да се објасни и нејзиниот спротивен правец на течење во однос на реката Треска.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 260. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 Димитровска, Олгица (2013). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Македонско географско друштво. 2012 (46): 37–49. ISSN 1409-908X.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°40′06″N 21°15′02″E / 41.66833° СГШ; 21.25056° ИГД / 41.66833; 21.25056