Максимален брејк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Максимален брејк (од англ. maximum break) во снукер се остварува кога еден играч под нормални околности ќе направи брејк од 147 бода. Ова често е познато и како максимум, или 147. До оваа бројка од 147 бода се доаѓа со уфрлување на сите 15 црвени кугли во дупка, притоа комбинирајќи со 15 пати уфрлување на црната топка (по секоја уфрлена црвена се уфрла црната и така додека не остане ниту една црвена на масата) со што се стигнува до 120 бода, а потоа следи уфрлување на сите шест обоени кугли за уште 27 бода. Максималниот брејк е постигнат 88 пати во професионалната конкуренција. Рони О'Саливан и Стивен Хендри имаат досега направено по 11 официјални максимални брејка, повеќе од било кој друг професионален играч досега. Можни се случаи и над 147, но тоа се случува доколку противникот прави фаули или остава „слободни ситуации“, но доколку не се направи брејк од 147 бода и покрај повеќето бодови (од 147) тоа не се смета за максимален брејк. Вакво нешто (повеќе од 147 бода) се случило само еднаш на професионален турнир.

Поврзано[уреди]