Макрофосил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рудист од периодот креда пронајден на Оманските Планини, ОАР. Должината на лентичката за размер изнесува 10 мм.
Еоценска фосилна риба Priscacara liops од Зеленоречната образба во Јута, САД

Макрофосилите се зачувани остатоци од организми кои се доволно големи за да бидат видливи без микроскоп (т.е. со голо око). Најголемиот број од фосилите обработени во статијата Фосил се макрофосили.

Макрофосил наспроти микрофосил[уреди]

Поимот макрофосил е спротивен на поимот микрофосил. За разлика од макрофосилите, микрофосилите се толку мали, што барат многукратно зголемување за да можат да се проучуваат од страна на палеонтолозите. Поради ова, фосилите пронајдени на терен и оние со „музејски квалитет“ се макрофосили.

Растителни макрофосили[уреди]

Скаменета шишарка од Araucaria sp. од периодот јура, пронајдена во Патагонија, Аргентина.

растителните макрофосили можат да бидат во облик на остатоци од листови, игли, шишарки и стебла; со нивна помош се востановува видот на растенија кој порано виреел на тоа поднебје. Ваквите ботанички макрофосилни наоди се мошне полезен додаток на наодите од полен и фауна со чија помош се реконструира праисториската земска животна средина. Покрај тоа, научниците сè повеќе проучуваат Алги макрофосили (како на пр. кафеави алги, морска марула и големи строматолити) за да дознаат повеќе за праисториските океански и водни екосистеми.

Животински макрофосили[уреди]

Животинските макрофосили можат да бидат заби, черепи и коски од ‘рбетници, како и остатоци од без‘рбетници како школки, тести, животински оклоп и егзоскелети. Во макрофосили спаѓа и фосилизираниот измет (т.е. копролитите).