Макпрогрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Макпрогрес
Видкондиторска компанија
Основано1990
СедиштеВиница, Македонија
Клучни личности
Александар Цветанов (ген. директор)
МаркиVincinni, Vincinni Finest, Сончева Долина, Armonia и Natura
Доход 19.700.000 (2013)[1]
Вработени
400 (2014)
Мреж. местоwww.makprogres.com.mk

Макпрогрес ДОО Виница — претпријатие основано во 1990 година во Виница, Македонија, како мал семеен бизнис. Денес претставува еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија со пласман на своите производи во преку 45 држави во светот (75% од производството е наменето за извоз).

Од тогаш до денес, компанијата доживува голем развој на производниот процес. Примарната дејност на Макпрогрес е производство на кондиторски производи како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури. Асортиманот на Макпрогрес се состои од повеќе од 300 разновидни производи со над 12.000 тони готови производи годишно производство. Денес, во Макпрогрес работат повеќе од 400 вработени и постојат четири фабрики со 8 линии за производство на кондиторски производи, една за земјоделски зрнести производи и една за производство и обработка на здрава храна.

Високиот степен на софистицирана технологиjа и хигиена овозможуваат рок на траење од 6 месеци на кондиторските производите и 12 месеци на солениот програм и земјоделските култури. Сите суровини и готови производи во Макпрогрес, редовно се контролираат во сопствената и овластена лабораторија за контрола на квалитетот. Во фабриката е имплементиран и сертифициран HACCP системот за безбедна храна кој обезбедува целосна сатисфакциjа кај потрошувачите за сигурност на производите. Во Макпрогрес е воведен и сертифициран и систем за менаџмент so квалитетот ISO 9001:2008. Важен дел од низата сертификати е и Халал сертификатот. Халал сертификатот претставува виза за извоз на кондиторски производи во исламските земји.

Историја[уреди | уреди извор]

  • 1990 — отпочнување на работа - трговија на големо со прехранбени производи и стоки за широка потрошувачка
  • 1993 — отворање на сопствени супермаркети за малопродажба
  • 1996 — изградба и вселување во нов деловно-магацински објект
  • 1996 — проширување на делокруг на работа со увоз и дистрибуција на странски проиводи на територијата на Република Македонија
  • 1997 — почеток на сопствено производство со пакување на земјоделски производи
  • 1998 — лансирање на брендот Сончева Долина и ширење на асортиманот на производи
  • 2002 — инвестирање во опрема за кондиторски производи, лансирање на производите од брендот Винчини
  • 2002 — прво меѓународно претставување на саемот за прехрана SIAL во Париз
  • 2003 — прва компанија во Македонија со имплементација на HACCP системот за безбедна храна
  • 2003 — инвестирање во објект и опрема за обработка и пакување на ориз и други зрнести земјоделски производи од брендот Сончева Долина
  • 2004 — пуштање на употреба на линија бр. 2, линија за крем и ширење на асортиманот
  • 2006 — пуштање на употреба на линија бр. 3, имплементација на ISO 9001:2000 систем за менаџмент на квалитет
  • 2007 — изградба на станбено деловна зграда во Виница, Република Македонија
  • 2007 — заокружување на ланецот за малопродажба со отворање на нов модерен супермаркет во Виница, Република Македонија
  • 2007 — инвестиции во опрема за производство на џем
  • 2007 — отворање на фабрика за производство на амбалажа
  • 2010 — инвестиција 3 милиони Евра во проширување на производствените капацитети и две нови производствени линии за слатки кондиторски производи под брендот Vincinni Finest и линија за солени кондиторски производи Armonia;

Во последните неколку години компанијата се соочува со нови предизвици поврзани со успешното спроведување на следните активности:

  • 2008 — имплементација на KOSHER стандардот, стандард за храна за припадниците на еврејската вероисповед;
  • 2010 — имплементација на EMAS стандардот за екологија;
  • 2010 — имплементација на HALAL стандардот;
  • 2010 — имплементација на стандардите за квалитет IFS и BRC наменети за пазарите на Австрија, Германија и Велика Британија.
  • 2011 — Признание од Стопанската Комора за најголем извозник во 2012 година;
  • 2012 — прва награда за општествена одговорност на компанија за 2011 година преку проектот „РРР” – Редуцирај, Рециклирај, Реупотребувај – Стратегија за одржлив развој
  • 2013 — лансирање на нов бренд Натура (мусли, корн флеикс, снегулки, сушено овошје, семки)
  • 2014 — нова производна линија за вафли

Компанијата Макпрогрес има 5 брендови: Vincinni, Vincinni Finest, Armonia , Сончева Долина'' и Natura.

Vincinni[уреди | уреди извор]

Vincinni e примарен бренд на Макпрогрес. Асортиманот на Винчини вклучува разни варијации на бисквитно тесто полнето со крем или со овошно полнење во форма на ролати, мини ролати, тортички, готови тори како и кори за торти кои служат како подлога за подготвување на домашни колачи и торти. Винчини вклучува и производство на крем и најразлични слатки преливи. Најново во производствениот програм се вафлите Наполитан ваферс.

Vincinni FINEST[уреди | уреди извор]

Vincinni FINEST e премиум класа на брендот Vincinni. Овие производи имаат исклучително избалансирана нутритивна вредност и хранливи материи.

Сончева Долина[уреди | уреди извор]

Со преработка, обработка и доработка на житни зрнести култури се добиваат најразлични зрнести и прашкасти производи кои претставуваат дел од брендот Сончева Долина.

Производи од брендот Сончева Долина се: ориз, грав,леќа, пченица, пченка пуканка, мелен ориз, пченичен гриз, афионово семе, лебни трошки, кокос,сусам, суво грозје, шеќер во прав, густин, какао, прашок за пире, зачин долинка, магдонос, оригано, лимонов сок и сол.

Со над 250 сончеви дена во годината, со специфична микро клима која е погодна за производство на ориз, грав, пченка и други земјоделски производи прави кочанско-виничкото поле со право да се нарече Сончева долина.

Armonia[уреди | уреди извор]

Асортиманот на Армониа го сочинуваат крцкави крекери, солени стапчиња и переци по најнова светска технологија со избалансирани нутритивни вредности.

Natura[уреди | уреди извор]

Натура е најновиот бренд на Макпрогрес. Натура е создадена како баланс на квалитетни, природни и внимателно одбрани состојки, традиција и најсовремена технологија кои ќе придонесат за подобрување на човековото здравје и начин на живот. Овој бренд содржи повеќе од 30 здрави производи поделени во категории: оризови плочки и барови, мусли и мусли барови, корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, жита и преработка од житарки, семиња, производи од соја, сушено овошје, зачини, засладувачи, десертни топчиња. „Натура“производите се без растителни масти, богати со растителни и прехранбени влакна, извор на витамини А, Ц, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, цинк, антиоксиданси. Производите на Натура не содржат генетски изменети состојки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Со 3 милиони евра инвестиција Макпрогрес пласираше 50 нови производи“. Капитал. Капитал Медиа Груп. 20 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-08. Посетено на 10 септември 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]