Македонско-српски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонско-српски односи
Карта на местоположбата на Macedonia и Serbia

Македонија

Србија

Македонско-српски односи се надворешните односи меѓу Република Македонија и Србија.

Историја[уреди]

До 1991 година, и двете земји биле дел од составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По декларациите за независност на Хрватска и на Словенија од јуни 1991 година, Македонија по три месеци подоцна, во септември 1991 година прогласила независност. Армијата на ЈНА мировно се повлекла од Македонија, така што Македонија била единствената земја од поранешните југословенски републики која се здобила со независност без конфликт или војна. Сепак, билатералните односи не биле воспоставени.

Воспоставување на билатералните односи[уреди]

Сојузна Република Југославија, која била формирана во 1992 година од страна на поранешните републики од СФРЈ, Србија и Црна Гора воспоставила дипломатски односи со Република Македонија на 8 април 1996 година.[1] Воспоставувањето на билатералните односи било направено под уставното име на Македонија - Република Македонија .[2] Србија е една од 125 земји во светот, која ја има признаено Македонија под нејзиното уставно име [3] . Македонија има отворено амбасада во главниот град на Србија, Белград, како и Србија во Македонија во главниот град Скопје. Србија има и почесен конзулат во Битола.

Пауза и возобновување на билатералните односи[уреди]

Од воспоставувањето на билатералните односи, двете земји имале пријателски односи, но по признавањето на независноста на Косово од страна на Република Македонија во октомври 2008 година, македонскиот амбасадор бил протеран од Србија [4]. Оттогаш, прекинот на односите траел околу еден месец, при кое повторно биле воспоставени директни контакти помеѓу двете земји[5]. Новиот амбасадор на Македонија во Белград од мај 2009 година е Љубиша Георгиевски [6].

Црковен спор[уреди]

Црковниот спор помеѓу двете држави постои поголем временски период. Српската православна црква не ја признава Македонската Православна Црква, која прогласила автокефалност од Српската црква во 1967 година. Во посета на Македонија во мај 2009 година, претседателот на Србија Борис Тадиќ истакнал дека неговата земја сакала да пронајде решение околу ова прашање .[7] Српската Православна Црква во изминатите неколку години ја блокирала посетата на македонската државна делегација на манастирот Свети Прохор Пчински во јужна Србија на Денот на Републиката на Макмедонија односно 2 август, место каде што биле ставени темелите на македонската државност за време на Втората светска војна, односно место каде се одржало првото заседание на АСНОМ. Сепак, во 2009 година, Српската Православна Црква изненадувачки дозволила посета на делегација предводена од страна на претседателот Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски[8]

Споредба на факти[уреди]

Македонија Македонија Србија Србија
Население 2.022.547 7.498.001 (без Косово)
Површина 25.713 km² 88.361 km²
Густина на население 80,1/km² 91,9/km²
Главен град Скопје Белград
Најголем град Скопје - 506,926 Белград - 1.182.000 [9]
Општествено уредување парламентарна република парламентарна република
Официјален јазик македонски српски
Религија 64,7% Православие, 33,3% Ислам, 1,3% Католицизам,
1,9% други
84,1% Православие, 6,24% Католицизам, 4,82% Ислам,
1,44% Протестантизам, 3,4% атеисти
Етничка структура 64,2% Македонци, 25,2% Албанци, 3,9% Турци, 2,7% Роми, 4,0 други 82,86% Срби, 3,91% Унгарци, 1,82% Бошњаци,
1,44% Роми, 1,08% Југословени, 0,89% Словаци, 9,79% други
БДП (номинален) 10,718 $ по глава на жител 10,528 $ по глава на жител

Наводи[уреди]