Македонско девојче

Од Википедија — слободната енциклопедија
"Makedonsko devojce
Македонско девојче"
Сингл на Виолета Томовска
Пуштен1964
Снимен1964
ЖанрФолк
Должина3:02
Текстописец/иЈонче Христовски

Македонско девојче — македонска народна песна на Виолета Томовска, компонирана и напишана од Јонче Христовски во 1964 година.[1][2]

Текст[уреди | уреди извор]

„Македонско девојче“, како што првично е напишано, се состои од четири строфи.[3]

Македонско девојче

Прва строфа:
Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена.

Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Втора строфа:
Нема ѕвезди полични,
од твоите очи,
да се ноќе на небо
ден ќе раздени.

Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Трета строфа:
Кога коси расплетиш
како коприна
лична си и полична
од самовила.

Рефрен
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Четврта строфа:
Кога песна запее
славеј натпее,
кога оро заигра
срце разигра.

Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kolar-Panov, D. (Routledge, 1997) "Video, war, and the diasporic imagination", p.60
  2. Александар Димитриевски (2008-12-15). „Преку песните за младоженците ги чуваме корените (Keeping your roots through wedding songs)“. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 2009-10-29.
  3. „Македонско девојче | Makedonsko devojche“. Pesna.org. Архивирано од изворникот на 2018-07-23. Посетено на 2021-02-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Надворешни видеоснимки
Македонско девојче песна Јутјуб