Македонска транскрипција на странските јазици

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано
Македонска граматика
Македонски јазик

Транскрипцијата (предавањето) на странските јазици со македонското писмо, по правило, се врши онака како што се изговараат зборовите (и имињата). Со изворното писмо тие се пишуваат само во научни изданија. При тоа нивните гласовни особености се прилагодуваат колку што е тоа можно кон гласовниот систем на македонскиот јазик, т.е. гласовите што ги има во македонскиот јазик се предаваат со македонски слични гласови.

Некои туѓи поими и имиња се влезени во македонскиот јазик посредно, преку други јазици, што оставило трага врз нивниот изговор, и за ова се води сметка при предавањето на туѓите имиња во македонскиот јазик.

Ова е само општ водич за транскрипцијата на најчестите гласови во странските јазици. За правилата за транскрипција на поединечни јазици во целост, погледајте ја ним релевантната статија на почетокот на секој поднаслов.

Албански[уреди]

  • Самогласката Ë се предава обично со е или а: Skënder — Скендер, Dhimitër — Димитар; по согласка на крајот од името не се предава: Meritë — Мерит.
  • Самогласката Y на македонски јазик се предава со буквата и: Ymer — Имер, Ylli — Или.
  • Албанското Q на македонски јазик се предава со буквата ќ: Shaqiri — Шаќири, Qemal — Ќемаљ.
  • L на македонски јазик се предава со буквата л пред e, i и љ во други позиции: Lefter — Лефтер, Latif — Љатиф, Lutfi — Љутфи; LL со л: Llambi — Ламби, Olloman — Оломан.
  • X на македонски јазик се предава со буквата ѕ: Xoxi — Ѕоѕи, Xoi — Ѕои.
  • Ç на македонски јазик се предава со буквата ч: Çami — Чами, Çamëria — Чамерија.
  • ZH на македонски јазик се предава со буквата ж: Zhyta — Жита, Zhuri — Жури.
  • XH на македонски јазик се предава со буквата џ: Xhafer — Џафер, Xhabir — Џабир.
  • SH на македонски јазик се предава со буквата ш: Shaip — Шаип, Shaqiri — Шаќири.
  • GJ на македонски јазик се предава со буквата ѓ: Gjergj — Ѓерѓ, Gjon — Ѓон.
  • LL на македонски јазик се предава со буквата л: Llolla — Лола.
  • Посебните албански гласови rr, dh и th се предаваат со р, д и т: Muharrem — Мухарем, Myderrizi — Мидеризи, Dhori — Дори, Dhimitër — Димитар, Thimi — Тими, Thaçi — Тачи.

Англиски[уреди]

  • A на македонски јазик се предаваат со буквата а: Harlow — Харлоу
  • W на македонски јазик се предаваат со буквата в: Washington — Вашингтон
  • J, а понекогаш и G на македонски јазик се предаваат со буквата џ: John — Џон
  • Гласовите θ и ð на македонски јазик се предаваат со буквите т и д: Thomy — Томи
  • PH на македонски јазик се предаваат со буквата ф: Philips — Филипс
  • SH на македонски јазик се предаваат со буквата ш: Bush — Буш
  • C на македонски јазик се предаваат со буквата к или со буквата с: Cleveland — Кливленд, Cincinnati — Синсинати
  • I на македонски јазик се предаваат со групата ај: Iowa — Ајова
  • Y на македонски јазик се предаваат со буквата ј или со буквата и
  • Q на македонски јазик се предаваат со буквата к

Арапски[уреди]

Белоруски[уреди]

  • І и Ы на македонски јазик се предаваат со буквата и: Крапіва > Крапива, Бачыла
  • Э и Е на македонски јазик се предаваат со буквата е: Астрэйка > Астрејка
  • Ў на македонски јазик се предаваат со буквата в: Бабаеўски > Бабаевски
  • ДЗ на македонски јазик се предаваат со буквата ѕ: Фадзееў > Фаѕеев
  • Я на македонски јазик се предаваат со буквите ја
  • Й на македонски јазик се предаваат со буквата ј
  • Ё на македонски јазик се предаваат со буквите јо

Бугарски[уреди]

  • Й на македонски јазик се предаваат со буквата ј: Йордан > Јордан
  • Щ на македонски јазик се предаваат со групата шт: Щерьо > Штерјо
  • Ъ на македонски јазик се предаваат со буквата а или со знакот ': Димитър > Димитар, Кънчо > К'нчо
  • Ь на македонски јазик се предаваат со буквата ј: Петьо > Петјо
  • Ю на македонски јазик се предаваат со групата ју: Юндола > Јундола
  • Я на македонски јазик се предаваат со групата ја: Янка > Јанка

Германски[уреди]

  • Дифтонзите ai, ei, ay, ey на македонски јазик се предаваат со групата ај: Kaiser — Кајзер
  • Дифтонгот eu на македонски јазик се предаваат со групата ој: Heuss — Хојс
  • Ü на македонски јазик се предаваат со буквата и: Müler — Милер
  • X на македонски јазик се предаваат со групата кс: Marx — Маркс
  • SCH на македонски јазик се предаваат со буквата ш: Schiller — Шилер
  • ST на македонски јазик се предаваат со групата шт: Stuttgart — Штутгарт
  • SP на македонски јазик се предаваат со групата шп: Spandau — Шпандау
  • V на македонски јазик се предаваат со буквата ф: Vogel — Фогел
  • W на македонски јазик се предаваат со буквата в: Weber — Вебер
  • CH на македонски јазик се предаваат со буквата х: München — Минхен
  • TSCH на македонски јазик се предаваат со буквата ч: Fritsche — Фриче
  • TS и TZ на македонски јазик се предаваат со буквата ц
  • Ö на македонски јазик се предаваат со буквата е: Köln — Келн
  • Ä на македонски јазик се предаваат со буквата е:
  • ß на македонски јазик се предаваат со буквата с:

Грчки[уреди]

  • ΑΙ на македонски јазик се предаваат со буквата е: Αικατερίνη — Екатерини
  • ΑΥ на македонски јазик се предаваат со групата аф или ав: Ναυαρίνου — Наварину, Ναυτεμπορική — Нафтемборики
  • Γ на македонски јазик се предаваат со буквата г: Γρηγώρης — Григорис
  • ΓΓ на македонски јазик се предаваат со групата нг: Ευάγγελος — Евангелос
  • ΓΚ на македонски јазик се предаваат со буквата г: Πέγκυ — Пеги
  • Δ на македонски јазик се предаваат со буквата д: Δημήτρης — Димитрис
  • ΕΙ на македонски јазик се предаваат со буквата и: Ειρήνη — Ирини
  • ΕΙΑ на македонски јазик се предаваат со групата ија: Ευγένεια — Евгенија
  • ΕΥ на македонски јазик се предаваат со групата ев или еф: Ευστάθιος — Ефстатиос, Ευγένεια — Евгенија
  • Θ на македонски јазик се предаваат со буквата т: Θάνος — Танос
  • ΙΑ на македонски јазик се предаваат со групата ија: Ευλαμπία — Евламбија
  • ΜΠ на македонски јазик се предаваат со буквата б или групата мб: Μπάμπαλη — Бабали, Ναυτεμπορική — Нафтемборики
  • ΝΤ на македонски јазик се предаваат со буквата д или групата нд: Ντόρα — Дора, Αντονία — Андонија
  • ΟΥ на македонски јазик се предаваат со буквата у: Παπαναστασίου — Папанастасиу
  • ΤΖ на македонски јазик се предаваат со буквата ѕ или џ: Τζένη — Ѕени или Џени
  • ΤΣ на македонски јазик се предаваат со буквата ц или ч: Τσακίρης — Цакирис или Чакирис
  • Υ на македонски јазик се предаваат со буквата и: Υψηλάντης — Ипсиландис

Индонезиски[уреди]

Ирски[уреди]

Италијански[уреди]

  • Групата ia на македонски јазик се предаваат со групата ија: Italia — Италија
  • Групите pi, bi, fi, chi, ghi на македонски јазик се предаваат со групите пј, бј, фј, кј, гј: Pianella — Пјанела
  • Групите qu, cqu, gu на македонски јазик се предаваат со групите кв или гв: Aquaviva — Аквавива
  • C пред e и i се предава со ч а пред сите други со к: Marcello — Марчело
  • G пред e и i се предава со џ а пред сите други со г: gentile — џентиле
  • Z и ZZ на македонски јазик се предава со буквата ц: pizza — пица

Јапонски[уреди]

Каталонски[уреди]

Кинески[уреди]

Корејски[уреди]

Латински[уреди]

  • Y на македонски јазик се предаваат со буквата и: Lamyrus — Ламир
  • AE и OE на македонски јазик се предаваат со буквата e: Aeneas — Енеја
  • S помеѓу самогласки на македонски јазик се предаваат со буквата з: Asinius — Азиниј
  • C пред e, i, y на македонски јазик се предаваат со буквата ц додека основна вредност му е буквата к: Cicero — Цицеро
  • PH на македонски јазик се предаваат со буквата ф
  • TH на македонски јазик се предаваат со буквата т
  • CH на македонски јазик се предаваат со буквата х
  • RH на македонски јазик се предаваат со буквата р
  • X на македонски јазик се предаваат со буквата кс
  • H на македонски јазик се предаваат со буквата х
  • Завршетокот -us при предавање на македонски јазик се губи

Малајски[уреди]


Монголски[уреди]


Персиски[уреди]

Полски[уреди]

  • Буквите Ą и Ę пред согласките b и p на македонски јазик се предаваат со групите ом и ем, а на сите други позиции како он или ен: Dąbrowski — Домбровски
  • Ó на македонски јазик се предаваат со буквата у: Józef — Јузеф
  • Y на македонски јазик се предаваат со буквата и: Gdynia — Гдиња
  • L на македонски јазик се предаваат со буквата љ: Wawel — Вавељ
  • Ł на македонски јазик се предаваат со буквата л: Wrocław — Вроцлав
  • W на македонски јазик се предаваат со буквата в
  • Ń и NI на македонски јазик се предаваат со буквата њ
  • Ś и Ź на македонски јазик се предаваат со буквата с
  • ŚĆ, ŚL и ŹL на македонски јазик се предаваат со буквата ш или ж
  • Ć и на македонски јазик се предаваат со буквата ќ или ѓ
  • DZ на македонски јазик се предаваат со буквата ѕ, освен ако стојат пред i. Во тој случај се предаваат со ѓ.

Руски[уреди]

  • Ы на македонски јазик се предаваат со буквата и: Крым — Крим
  • Ё на македонски јазик се предаваат со буквата јо, а позади согласките ж, ч, щ, ль, нь се предава со буквата о: Ёлкино — Јолкино, Плетнёв — Плетњов
  • Э на македонски јазик се предаваат со буквата е: Бэла — Бела
  • Групата ЬЕ зад согласка во средината или на крајот од зборот се предава со је освен пред л и н: Лаврентьев — Лаврентјев
  • Буквата Щ на македонски јазик се предаваат со групата шч
  • Я на македонски јазик се предаваат со групата ја
  • Й на македонски јазик се предаваат со буквата ј
  • Ю на македонски јазик се предаваат со групата ју

Словачки[уреди]

  • Ľ на македонски јазик се предава со буквата љ: Kráľ > Краљ
  • Dz на македонски јазик се предава со буквата ѕ: Dzubáková > Ѕубакова
  • на македонски јазик се предава со буквата џ: Hodža > Хоџа
  • буквите Ď, Ť, Ň на македонски јазик се предава со буквите дј, тј и њ но не се обележуваат пред буквите I и E: Ďanova> Дјанова, Piešťany> Пјештјани, Rožňava> Рожњава, Ďedin> Дедин
  • Č на македонски јазик се предава со буквата ч
  • Š на македонски јазик се предава со буквата ш
  • Ť на македонски јазик се предава со буквата ќ
  • Ž на македонски јазик се предава со буквата ж
  • Ď на македонски јазик се предава со буквата ѓ

Должината на самогласките не се обележуваат кога се предаваат на македонски јазик.

Санскрит[уреди]

Словенечки[уреди]

  • LJ на македонски јазик се предава со буквата љ освен кога се наоѓа во согласната група -lje- тогаш се преведува како лј: Ljutomer > Љутомер, Celje > Целје
  • NJ на македонски јазик се предава со буквата њ: Kranj > Крањ
  • Č на македонски јазик се предава со буквата ч: Črnomelj > Чрномељ
  • Ž на македонски јазик се предава со буквата ж: Portorož > Порторож
  • Š на македонски јазик се предава со буквата ш: Šepulje > Шепулје

Српски[уреди]

Кирилица[уреди]

  • Буквата Ћ се предава со ќ: Мекић — Мекиќ, Тадић — Тадиќ
  • Буквата Ђ се предава со ѓ: Ђорђе — Ѓорѓе

Латиница[уреди]

  • Буквата Ć се предава со ќ: Mekić — Мекиќ, Tadić — Тадиќ
  • Буквата Đ се предава со ѓ: Đorđe — Ѓорѓе
  • Буквата LJ се предава со љ: Ljuba — Љуба
  • Буквата Nj се предава со њ: Nemanja — Немања
  • Буквата Š се предава со ш: Dragaš — Драгаш
  • Буквата Ž се предава со ж: Živorad — Живорад
  • Буквата се предава со џ: Sandžak — Санџак

Старогрчки[уреди]

Тајландски[уреди]

Турски[уреди]

  • Ğ на македонски се предава со буквата г: Erdoğan > Ердоган
  • C на македонски јазик се предава со буквата џ: Cavit > Џавит
  • Y се предава со буквата ј: Yusuf > Јусуф
  • Ç на македонски јазик се предава со буквата ч: Çağlayangil > Чаглајангил
  • Ş на македонски јазик се предава со буквата ш: Şaban > Шабан
  • Ö на македонски јазик се предава со буквата о: Ömer > Омер
  • Ü на македонски јазик се предава со буквата у: Üzden > Узден
  • Самогласката I на македонски јазик се предава со буквата а или знакот ’: Sanık > Сан’к
  • Кога знакот ^ стои над A и I по буквите K, G и L тогаш овие согласки се изговараат како ќ, ѓ или љ: Kâmil > Ќамил, Âgâh > Аѓах, Nalân > Наљан.

Сите останати имиња што содржат стандардни латинични букви се преведуваат исто.

Украински[уреди]

Француски[уреди]

Францускиот јазик има многу неизговорени букви, пр. t и s на крај на зборови Châtelet — Шатле e помеѓу две согласки во меѓузборни слогови Châtelet — Шатле

  • U се преведува со и: Dupont > Дипон
  • Буквите Â и A на македонски јазик се предаваат со буквата а: Châtelet — Шатле
  • Буквите É, È, Ê, Ë, AI, AY, EI, EU, OEU на македонски јазик се предаваат со буквата e: Fernandel — Фернандел, Lefèvre — Лефевр, Genêts — Жене.
  • Буквите I, Y, Î и Ï на македонски јазик се предаваат со буквата и: Michel — Мишел, Baïf — Баиф
  • Буквата OU на македонски јазик се предаваат со буквата у: Toulon — Тулон
  • CH на македонски јазик се предаваат со буквата ш
  • J на македонски јазик се предаваат со буквата ж
  • TCH на македонски јазик се предаваат со буквата ч
  • H на македонски јазик не се предава

Хебрејски (еврејски)[уреди]

Хинди[уреди]

Холандски[уреди]

Хрватски[уреди]

  • Lj на македонски јазик се предава со буквата љ: Ljubomir > Љубомир
  • Nj на македонски јазик се предава со буквата њ: Nemanja > Немања
  • Ć на македонски јазик се предава со буквата ќ: Ćirić > Ќириќ
  • Đ на македонски јазик се предава со буквата ѓ: Đura > Ѓура
  • Ž на македонски јазик се предава со буквата ж: Žika > Жика
  • Š на македонски јазик се предава со буквата ш: Šabac > Шабац
  • Č на македонски јазик се предава со буквата ч: Čačak > Чачак

Чешки[уреди]

  • буквите I и Y на македонски јазик се предава со буквата и: Karlovy Vary > Карлови Вари, Kratina > Кратина
  • Ň на македонски јазик се предава со буквата њ: Plzeň > Плзењ
  • дифтонзите ou, au и eu на македонски јазик се предава со буквите оу, ау и еу
  • Ř помеѓу вокали во почетокот и на крајот на зборот на македонски јазик се предава со буквите рж: Dvořák > Дворжак. Позади незвучна согласка се предава со ш а зад звучна со ж: Bŕezina > Бжезина, Přeštice > Пшештице
  • H и CH на македонски јазик се предава со буквата х: Hora > Хора, Chomutov > Хомутов
  • Ě пред p, b, m, v, f, d, t на македонски јазик се предава со буквите је: Vojtěch > Војтјех
  • Č на македонски јазик се предава со буквата ч
  • Ď на македонски јазик се предава со буквата ѓ
  • Ľ на македонски јазик се предава со буквата љ
  • Š на македонски јазик се предава со буквата ш
  • Ť на македонски јазик се предава со буквата ќ
  • Ž на македонски јазик се предава со буквата ж

Шпански[уреди]

  • C на македонски јазик се предава со буквата с или к во зависност од следната самогласка: Mexico > Мексико, Cervantes > Сервантес
  • буквите X и J на македонски јазик се предаваат со буквата х: Xeres > Херес, Juan > Хуан
  • двографата LL на македонски јазик се предава со лј: Sevilla > Севилја
  • Ñ на македонски јазик се предава со буквата њ: Español > Еспањол

Извори[уреди]