Македонска лична карта
Личната карта е лична исправа во Република Македонија со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на државата. Документот го издава Министерството за внатрешни работи (МВР). Секој граѓанин со наполнети 18 години возраст е должен да има лична карта. Лична карта може да му се издаде на граѓанинот со наполнети 15 години живот по лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или старателот.[1]
Содржина |
Изглед [уреди]
По изглед, македонската лична карта личи на кредитна картичка, со тоа што е пластична и правоаголна. Оддесно стои фотографија на сопственикот. На горниот раб стои името Република Македонија на два јазика, македонски (кирилица) и англиски (латиница). Под тоа, со големи букви стои натписот „Лична карта“, исто така на двата јазика. На картата се прикажани и знамето и грбот на државата.
Печатени податоци [уреди]
Описот на секое поле стои на македонски и англиски.
- Предна страна:
- Презиме
- Име
- Државјанство
- Пол
- Датум на раѓање
- Број на лична карта
- Датум на издавање
- Важи до
- Потпис
- Задна страна:
- Место на раѓање
- Живеалиште и адреса
- Издадена од
- Машински читливи податоци
