Кошаркарска репрезентација на Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Македонија

КФМлого.jpg

Ранг листа на ФИБА: 33[1]
Член на ФИБА од: 1993
ФИБА зона ФИБА Европа
Национална федерација: КФМ
Тренер: Македонија Марјан Лазовски
Прекар: Црвено-жолти / Лавови
Олимписки игри
Учества 0
Медали 0
Светско првенство
Учества 0
Медали 0
Евробаскет
Учества 4 (1999, 2009, 2011, 2013)
Медали 0
Дресови
Kit body mkdnbb11h.png
Светли jersey
Kit shorts mkdnbb11h.png
Team colours
Светли
Kit body mkdnbb11a.png
Темни jersey
Kit shorts mkdnbb11a.png
Team colours
Темни


Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“, е спортска репрезентација којашто ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.

Репрезентацијата е под покровителство на Кошаркарската Федерација на Македонија (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го зазела 4-тото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата е одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.[2]

Содржина

[уреди] Историја

КФМ, раководното тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во 1992 година која една година подоцна била примена и во рамките на ФИБА Европа. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на СФРЈ која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ секоја поранешна југословенска република започнале со нови кошаркарски федерации и репрезентации.

[уреди] Југословенска екипа

[уреди] Европско првенство

година место натпреварување домаќин
1955 Види Југославија Евробаскет 1955 Унгарија
1957 Види Југославија Евробаскет 1957 Бугарија
1959 Види Југославија Евробаскет 1959 Турција
1961 Види Југославија Евробаскет 1961 Југославија
1963 Види Југославија Евробаскет 1963 Полска
1965 Види Југославија Евробаскет 1965 СССР
1967 Види Југославија Евробаскет 1967 Финска
1969 Види Југославија Евробаскет 1969 Италија
1971 Види Југославија Евробаскет 1971 Западна Германија
1973 Види Југославија Евробаскет 1973 Шпанија
1975 Види Југославија Евробаскет 1975 Југославија
1977 Види Југославија Евробаскет 1977 Белгија
1979 Види Југославија Евробаскет 1979 Италија
1981 Види Југославија Евробаскет 1981 Чехословачка
1983 Види Југославија Евробаскет 1983 Франција
1985 Види Југославија Евробаскет 1985 Западна Германија
1987 Види Југославија Евробаскет 1987 Грција
1989 Види Југославија Евробаскет 1989 Југославија
1991 Види Југославија Евробаскет 1991 Италија

[уреди] Летни Олимписки Игри

година место натпреварување домаќин
1936 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1936 Германија
1948 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1948 Велика Британија
1952 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1952 Финска
1956 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1956 Австралија
1960 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1960 Италија
1964 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1964 Јапонија
1968 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1968 Мексико
1972 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1972 Германија
1976 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1976 Канада
1980 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1980 СССР
1984 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1984 САД
1988 Види Југославија Кошарка на Летните Олимписки Игри 1988 Кореја

[уреди] Светско првенство

година место натпреварување домаќин
1950 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1950 Аргентина
1954 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1954 Бразил
1959 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1959 Чиле
1963 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1963 Бразил
1967 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1967 Уругвај
1970 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1970 Југославија
1974 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1974 Порторико
1878 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1978 Филипини
1982 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1982 Колумбија
1986 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1986 Шпанија
1990 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1990 Аргентина

[уреди] Македонска екипа

[уреди] Евробаскет 1999

Првиот голем успех македонската кошаркарска репрезентација го забележала во 1999 година кога се пласирала на завршницата на европското првенство во Франција. За време на ова првенство, Македонија била дел од групата А заедно со СР Југославија, Франција и Израел. Во оваа група, Македонија завршила последна со 3 бода и кош разлика од -21. Целосно гледано, на ова европско првенство Македонија завршила на 14 место пред само Босна и Херцеговина и последно пласираната Грција.

Екипа Поени Поб. Пор. PCT ДП ПП Раз.
Знаме на Сојузна Република Југославија Сојузна Република Југославија 6 3 0 1.000 227 181 +46
Знаме на Франција Франција 5 2 1 0.667 200 196 +4
Израел Израел 4 1 2 0.333 191 220 -29
Македонија Македонија 3 0 3 0.000 197 218 -21

[уреди] Евробаскет 2009

Следниот позначаен резултат Македонија го забележала после 10 години од првото учество на европското првенство, односно Македонија успеала да се пласира на завршницата на европското првенство во Полска во 2009 година. На завршницата Македонија дошла преку квалификациите кои траеле од 3 до 20 септември 2008 година. Македонија била дел од групата Б заедно со Летонија, Португалија и Естонија. На крај од квалификациската рунда Македонија како лидер во групата обезбедила место на завршницата во Полска. На самото европско првенство, Македонија била дел од групата А заедно со Грција, Хрватска и Израел. На ова европско првенство Македонија го има забележано до сега најголемиот успех, односно успеала да ја помине групата и на конечната листа да заврши на деветтото место. По поминувањето на групата Македонија била дел од групата Е заедно со Франција, Русија, Грција, Хрватска и Германија и завршила на претпоследното место кое гарантирало девето место на конечната ранг листа.

Екипа Одиг. Поб. Пор. ДК ПК КР Поени Двобој
Знаме на Франција Франција 5 5 0 380 334 +46 10
Знаме на Русија Русија 5 3 2 338 338 0 8 1–0
Знаме на Грција Грција 5 3 2 380 337 +43 8 0–1
Знаме на Хрватска Хрватска 5 2 3 357 364 -7 7
Македонија Македонија 5 1 4 337 396 -59 6 1–0
Знаме на Германија Германија 5 1 4 360 383 -23 6 0–1

[уреди] Евробаскет 2011

Екипа ОН Поб. Пор. ДП ПП КР Бод.
 Русија 5 5 0 355 310 +45 10
 Македонија 5 4 1 338 313 +25 9
 Грција 5 3 2 348 336 +12 8
 Словенија 5 2 3 337 337 0 7
 Финска 5 1 4 338 372 -34 6
 Грузија 5 0 5 329 377 -48 5

Македонија се пласирала на Евробаскетот 2011 во Литванија преку квалификациите. Во квалификицациите Македонија играла во група со Велика Британија, Босна и Херцеговина, Украина и Унгарија. Како второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила учество на Евробаскетот, каде играла во групата C со Црна Гора, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Финска.

На Евробаскетот 2011 година Македонија го остварила до тогаш најголемиот успех. Имено, во прелиминарнара фаза Македонија завршила на прво место во групата C со 4 победи и еден пораз во продолжетоци, односно ги победила селекциите на Грција, Финска, Хрватска и Босна и Херцеговина, а забележала пораз од Црна Гора кој воедно бил прв натпревар во групата. Со тој резултат Македонија влегла во втората фаза од шампионатот, односно во групата F каде играла против Грузија, Словенија и Русија, а во таа група биле и репрезентациите на Финска и Грција.

По победата над Грузија, Македонија обезбедила пласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза Македонија ја поразила Словенија, а во последното коло од втората фаза Македонија тесно изгубила од Русија на две секудни при крајот.

Како второпласирана во групата од втората фаза Македонија играла со третопласираната од другата група, односно Литванија.Така, во четвртфиналето Македонија играла против домаќинот Литванија, која Македонија ја совладала со два поени разлика и обезбедила учество во полуфиналето. Во полуфиналето селекцијата на Македонија се среќава со селекцијата на Шпанија, која во четвртфиналето ја поминала Словенија и ова до моментов е најголем успех на македонаката кошарка. Во полуфиналето на Евробаскетот 2011 Македонија загубила од Шпанија и со тоа Македонија разигрува за бронза со Русија, а Шпанија разигрува за златото со Франција. Во борбата за трето место Македонија загубила од Русија и завршила на четвртото место - најдобриот пласман во историјата на оваа репрезентација. Македонија се пласирала на Евробаскетот 2013 и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

По завршувањето на првенството во Скопје е приредена голема прослава низ улиците и плоштадите дополнета со пригодна програма.

[уреди] Евробаскет 2013

Македонија се квалификувала за Евробаскетот 2013 година, кој ќе се одржи во Словенија.

[уреди] Летни Олимписки игри 2012

Македонија, како четврто пласирана на Евробаскетот 2011, обезбедила пласман на квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри во Лондон 2012 година. Македонија ќе игра во групата Д против селекциите на Нов Зеланд и Ангола. Првите две пласирани екипи од оваа група ќе играат во четвртфиналето против првите две пласирани од групата Ц. Само три екипи обезбедуваат пласман на ЛОИ. Турнирот се одржува во Венецуела, а првиот натпревар Македонија ќе го игра на 3 јули против Нов Зеланд.

[уреди] Состав

[уреди] Целосен состав

Македонската кошаркарска репрезентација пред натпреварот со Украина во Спортскиот центар Борис Трајковски

Целосниот состав на машката кошаркарска репрезентација е следниот[3]:

Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
Ефтим Богоев бек 1,85 2 ноември 1980 Flag of Macedonia.svg Струмица
Ивица Димчевски бек 1,92 27 јуни 1989 Flag of Macedonia.svg Скопје
Златко Гоцевски центар 2,06 9 февруари 1982 Flag of Macedonia.svg Штип
Маркиз Грин бек 1,65 18 март 1982 Flag of the United States.svg Пенсилванија
Бојан Крстевски крило 2,05 4 јуни 1989 Flag of Macedonia.svg Скопје
Јован Марковски крило 1,98 28 март 1988 Flag of Macedonia.svg Скопје
Џеремаја Мејси крило 2,02 22 јули 1982 Flag of the United States.svg Мајами
Кирил Николовски центар 2,10 9 јуни 1988 Flag of Macedonia.svg Скопје
Јане Петровски бек 1,80 9 февруари 1985 Flag of Macedonia.svg Скопје
Ристе Стефанов бек 1,94 30 август 1981 Flag of Macedonia.svg Кавадарци
Дариус Вашингтон бек 1,88 6 декември 1985 Flag of the United States.svg Орландо, Флорида
5 Димитар Мираковски бек 1,78 14 мај 1981 Flag of Macedonia.svg Струмица
6 Дарко Соколов бек 1,90 8 мај 1986 Flag of Macedonia.svg Кочани
7 Димитар Караџовски 7 ноември 1984 Flag of Macedonia.svg Скопје
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9 декември 1987 Flag of Macedonia.svg Охрид
9 Дамјан Стојановски бек 1,93 9 декември 1987 Flag of Macedonia.svg Охрид
10 Александар Костоски бек 1,88 5 март 1988 Flag of Macedonia.svg Скопје
11 Тодор Гечевски крило 2,08 28 август 1977 Flag of Macedonia.svg Кавадарци
12 Перо Антиќ крило 2,10 29 јули 1982 Flag of Macedonia.svg Скопје
13 Марко Симоновски бек 1,90 28 јуни 1989 Flag of Macedonia.svg Скопје
14 Ѓорѓи Чековски крило 2,02 11 декември 1979 Flag of Macedonia.svg Скопје
15 Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986 Flag of Macedonia.svg Скопје
20 Лестер Бо МекКејлеб бек 1,83 4 мај 1985 Flag of the United States.svg Њу Орлеанс
16 Давид Настов бек 1,78 26 февруари 1997 Flag of Macedonia.svg Велес

[уреди] Евробаскет 2011

На Евробаскетот 2011, македонската репрезентација била составена од[4]:

Име и презиме Позиција Висина Датум на раѓање Место на раѓање
Владо Илиевски плејмејкер 1,87 19 јануари 1980 Flag of Macedonia.svg Струмица
Ивица Димчевски крилен центар 1,92 27 јуни 1989 Flag of Macedonia.svg Скопје
5 Димитар Мираковски плејмејкер 1,78 14 мај 1981 Flag of Macedonia.svg Струмица
6 Дарко Соколов плејмејкер 1,90 8 мај 1986 Flag of Macedonia.svg Кочани
8 Војдан Стојановски бек 1,94 9 декември 1987 Flag of Macedonia.svg Скопје
9 Дамјан Стојановски бек 1,93 9 декември 1987 Flag of Macedonia.svg Скопје
11 Тодор Гечевски крилен центар 2,08 28 август 1977 Flag of Macedonia.svg Кавадарци
12 Перо Антиќ крилен центар 2,10 29 јули 1982 Flag of Macedonia.svg Скопје
13 Марко Симоновски бек 1,90 28 јуни 1989 Flag of Macedonia.svg Скопје
14 Ѓорѓи Чековски крилен центар 2,02 11 декември 1979 Flag of Macedonia.svg Скопје
15 Предраг Самарџиски центар 2,15 11 април 1986 Flag of Macedonia.svg Скопје
20 Лестер Бо Мекејлеб плејмејкер 1,83 4 мај 1985 Flag of the United States.svg Њу Орлеанс

[уреди] Позиции

позиција стартни замена резерва
центри Тодор Гечевски Предраг Самарџиски
крила Перо Антиќ Ѓорѓи Чековски
ниски крила Војдан Стојановски Дамјан Стојановски Марко Симоновски
бекови Владо Илиевски Ивица Димчевски
плејмејкери Лестер Мекејлеб Дарко Соколов Димитар Мираковски

[уреди] Поранешни играчи

Некои поранешни кошаркари се:

[уреди] Наводи

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици