Македонска класична музика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

[уреди] 19-тиот век

Насловната страна на делото,,Златоустова литургија" од Атанас Бадев, 1898 год.
Збирка народни песни од Стефан Гајдов

Во преродбата воведена преку дејноста на браќата Миладиновци, кај кои е изразен интересот кон фолклорот, во кој спаѓа и музичкиот фолклор, крајот на 19-тиот век минува под композиторска дејност на Атанас Бадев. Бадев е македонски композитор, раководител на хорови, најистакнат професионален музичар во Македонија. Студирал математика на Филозофскиот факултет во Одеса (Русија), а по две години го напуштил студирањето и се префрлил во Москва, каде се запишал во Синодалната пејачка школа, зошто музиката го привлекувала повеќе од другите работи. Некое време бил ученик на славниот руски композитор Николај Римски-Корсаков, а и на Мили Балакриев. Таму ја завршил Дворската пејачка школа и студирал композиција. Учителствувал во Ќустендил, Русе и Самоков.

Меѓу духовните композиции на Бадев особено се истакнува Литургијата на свети Јован Златоуст, печатена во 1898 година.

[уреди] 20-тиот век

Меѓу двете светски војни се јави првата група на професионални македонски композитори, педагози и музички дејци: Стефан Гајдов (1905 - 1992), Живко Фирфов (1906 - 1984), кој е основоположник на македонската наука за музичкиот фолклор, Трајко Прокопиев (1909 - 1979), Тодор Скаловски (1910) и Петре Богданов (1913 - 1988).

По формирањето на современата македонска држава (АСНОМ), оваа група музичари учествуваше во формирањето на музичките институции: Македонска филхармонија (1944) и Македонската опера и балет (1948).

Сцена од операта,,Цар Самоил" од Кирил Македонски.

Меѓу позначајните современи македонски композитори спаѓаат: Властимир Николевски (1925) и Томислав Зографски (1934), кои пишуваат дела за синфониски оркестар во неокласичен стил, додека Тома Прошев (1913 - 1996) ги поттикнуваше македонските композитори да пишуваат, а и самиот пишуваше дела за ансамблот за современа музика,,Св. Софија". Македонската музикологија ги прави првите чекори низ истражувањата на Драгослав Ортаков (1928), а првите меѓународни изведби и успеси ги понесоа: оперските пејачки Данка Фирфова и Ана Липша - Тофовиќ, балерината Натка Пенушлиска - Митровска и диригентот Ванчо Чавдарски. Електрониката и употребата на компјутерите во музиката ги внесува композиторот Димитрије Бужаровски (1952).

Операта во македонското музичко творештво се појавува по ослободувањето. Нашата прва национална опера е "Гоце" на композиторот Кирил Македонски. Исто така истиот композитор ја напишал и операта "Цар Самуил", која користи содржина од минатото на македонскиот народ. Друг наш оперски композитор е Трајко Прокопиев, кој ги напишал оперите: "Кузман Капидан" и "Разделба".

По ослободувањето се појавува и првиот македонски балет:,,Македонска повест" од Глигор Смокварски. Други музички дела од наши автори се,,Лабин и Дојрана" од Трајко Прокопиев,,,Стремежи" од Александар Лековски,,,Песна над песните" од Тома Прошев,,,Тоа е човек" од Љубомир Бранѓолица и др.

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник