Мадарски коњаник
Мадарскиот коњаник е прабугарски релjеф, коj се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара во Шуменска област. Од 1979 година е во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Како пример за карпеста уметност од раниот Среден век нема аналогии во Европа. Релjефот е на 23 метри висина над теренот на карпа, висока скоро 100 метри. Составен е од обрнат кон десно коњаник, коj прободува лав со своето копје, а позади коњот оди пес. Бил изграден во почетокот на 8 век од бугарските канови во близина на првата бугарска метропола Плиска. Недалеку од коњаникот е изграден и пагански центар, за коj се предпоставува дека бил верскиот центар на Првото бугарско царство во предхристијанскиот период. Околу релjефот бугарските канови Тервел (695-721), Крум (796-814) и Омуртаг (814-831) ставиле натписи со историска содржина.[1]
На 29 jуни 2008 година 25.44% од 1,058,473 Бугари што гласале, го избраале за бугарски симбол, коj би бил ставен на идните бугарски евро монети.[2]
[уреди] Извори
- ↑ Веселин Бешевлиев, "Първобългарски надписи", Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 94.
- ↑ Страница на Националната кампания Българските символи.