Маварско освојување на Пиринејскиот полуостров
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ал Андалуз 711–1492
|
|---|
|
Инвазија од 711–732 |
|
|
|
756–1039 Умајадска| Кордоба |
|
|
|
Таифа 1039–1085 |
|
Алморавиди 1085–1145 |
|
|
|
Алмохади 1147–1238 |
|
|
|
Емиратство Гранада 1238–1492 |
|
|
| connected articles |
Мaварското освојување на Иберискиот полуостров (711-718) започнало во времето кога арапските Маври ги нападнале државите на Визиготите, кои се наоѓале на Иберискиот полуостров. Генералот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од Бербери го преминал протокот од афричката кон европската страна и го освоил Гибралтар. По осум години, Маврите успеале да заземат голем дел од Иберискиот полуостров, освен северозападните региони Астурија и поголем дел од Баскија. Територијата која била освоена била позната под името Ал Андалуз.
[уреди] Хронологија
- 6 век, Визиготските племиња станале феудални господари
- 612 година, кралски декрет, според кој еврејското население морало да премине во христијанската вера или ќе им биде одземено нивното богатство и имот
- 710 година, Тарик ибн Малук навлегол на полуостровот со околу 400 војници и 100 коњаници
- 711 година, Емир Муса ибн Нусаир, гувернер на Северна Африка, го испратил Тарик ибн Малук повторно на полуостровот
- 711 година, Битка кај Гвадалета. Генералот Тарик со околу 7.000 војници успеал да го порази кралот Родерик со околу 25.000 војници
- 712 година, Маврите започнале да ги зазимаат јужните градови на полуостровот
- 715 година, Емир Муса влегол во Дамаск со голем број на робови донесени од полуостровот
- 717 година, Маврите ја нападнале Франачката држава
- 719 година, престолнината била преместена од Севилја во Кордоба
- 732 година, Емир Абдул Рахман ибн Абдалух Ал Гафики пристигнал до Жиронда
- 732 година, Битка кај Поатје, во која Маврите доживеале пораз