Л. Џ. Смит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Л. Џ. Смит (англиски: L. J. (Lisa Jane или Ljane) Smith) уште позната и како Лиса Џејн Смит или Елџејн Смит е американска авторка што живее во Калифорнија. Нејзините книги се младинско-возрасна литература и комбинираат безброј жанрови вклучувајќи хорор, научна фанатастика/фантазија и романса.

Биографија[уреди]

Л. Џ. Смит има напишано три трилогии, два серијала и два придружни романи. Нејзините книги се карактеристично наследени со невообичаено убави луѓе, човечки и натприродни; поголемиот дел од нив се млади, или барем изгледаат младолико. Вообичаено постои конфликт од типот темнина/светлина, добро/лошо, кој се плете околу главниот лик, кој додека се труди да ја заведе хероината на мрачната страна, завршува на тој начин што е одвлечен во светлината и самиот станува херој. Понекогаш ваквото сценарио е скокнато, или инаку, варира над темата. Во серијалот Ноќен свет, конфликтот темнина/светлина е институциониран во конспирација реален свет и алтернативна реалност. А тензијата темнина/светлина понатаму е изиграна во сценарио романтични сродни души.

Започнувајќи во 1998 година, госпоѓа Смит оди на речиси десетгодишна пауза од пишување, враќајќи се во 2008 година со нова веб-страница и серијал од нови раскази. Вампирските дневници беа ре-издадени почнувајќи во 2007, а трилогијата Тајниот круг и серијалот Ноќен свет беа ре-издадени во 2008/2009 година. Ноќта на краткодневницата и Срцето на Валор исто така беа ре-издадени во 2008 година. Првиот дел од нејзината нова трилогија на Вампирските дневници: Враќањето, насловена како Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина, беше издаден на 10 февруари, 2009 година.

Надворешни врски[уреди]