Луј Август Бланки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бланки

Луј Август Бланки (на француски: Louis Auguste Blanqui; 8 февруари 1805 - 1 јануари 1881) бил бил француски социјалист и политички активист, познат по неговата револуционерна теорија на Бланкизам.

Биографија[уреди]

Рани години, политичка активност и прво затварање (1805-1848)[уреди]

Неговиот татко, Жан Доминик Бланки бил подпрефект, а негов брат е либералниот економист Жером-Адолф Бланки. Студирал право и медицина, но својата вистинска вокација ја нашол во политиката, и многу брзо стана еден од главните претставници на напредната мисла.

Во 1824 година станал член на друштвото Карбонари и зел активно учество во повеќето републиканска заговори во текот на овој период. Во 1827 година, под власта на Шарл X, учествувал во уличните борби во Руен Сен Денис, при што сериозно бил повреден. Во 1829 година се приклучи во весникот Глобус на Пјер Леро и учествувал во Јулската револуција од 1830. Потоа се приклучи на друштвото Amis du Peuple ("Пријатели на народот"), каде што се запознал со Филип Бунароти, Распаил, и Арманд Барбис.

Бил осуден на издржување на казна затвор поради своите републикански погледи и истапувањата против владеењето на Луј Филип (1830-1848). Во мај 1839 година, на Бланкистите го инспирирале востанието кое било кренато во Париз. Ова востание добило подршка од во Лигата на праведниците, претеча на Комунистичката Лигата на Карл Маркс, кој што и учествувал во востанието.

Како водач на друштвото Société des Saisons на 14 јануари 1840 година бил осуден на смрт, казната пдоцна била преиначена во доживотен затвор.

Ослободување, револуционерна дејност и други затварања (1848-1879)[уреди]

LEnfermé.JPG

Бил ослободен во текот на Револуцијата од 1848, меѓутоа ги продолжил своите напади на постојните институции. Револуцијата не го задоволила. Насилставата на друштвото Société républicaine centrale, кое било основано од неговите приврзаници и преку кое барале промена на власта, допринеле да дојде во судир со поумерените републиканци.

Во 1849 година бил осуден на десет години зтвор. Додека ја издржува казната испратил писмо до социјалдемократите во Лондон, писмото му било приложено на Карл Маркс [1]. Во 1865 година успеал да избега од затвор и во странство ја прдолжил својата пропагнадна кампања против француската влада. Општата амнестија од 1869 година му овозможила да се врати во Франција. Склоноста на Бланкистите кон насилството се увидело во 1870 година во две неуспешни вооружени демонстрации: едена на 12 јануари на погребот на Виктор Ноир, новинар застрелан од Пјер Бонапарта, а другата на 14 август, кога тој го раководел обидот за одземање ма шеснаесет пиштоли од касарната. По падот на Француското царството, преку револуција од 4 септември, Бланки основал клубот и весникот La patrie en danger (Татковината е во опасност).

Бланки бил во групата која за кратко ја презеле власта на 31 октомври, меѓутоа поради таа дејнсот повторно бил осуден на смрт во отсуство. Адолф Тјер успеал да го упаси. Неколку дена подоцна избувнало востание со кое било основана на Париската комуна, Бланки бил избран за претседател на комуната. Комунарите понудиле ослободување на сите нивни затвореници ако владата Тјер го ослободи Бланки, но нивната понуда била одбиена, и Бланки бил спречен да земе активно учество во Париската комуна. Карл Маркс подоцна истакнал дека Бланки беше лидер кој е пропуштен од страна на Комуната. Сепак, во 1872 година Бланки бил осуден, заедно со другите членови од Комуната, на егизл на некоја од француските колонии. Меѓутоа поради неговото нарушено здравје оваа казна била заменета со зтворска казна во Франција. На 20 април 1879 година е избран за депутата на Бордо, иако изборите биле прогласени за не валиден, Бланки бил ослободен и ја продолжил својата агитација.

Идеологија[уреди]

Како социјалист, Бланки ја фаворизирал прераспределба на богатството. Но тој се разликува од останатите социјалистички струи. Од една страна, спротивно од Карл Маркс, Бланки не верувал во доминантната улога на работничката класа, ниту во народните движења: тој сметал дека револуцијата треба да се изведе од страна на една мала група, која ќе воспостави привремена диктатура по пат на насилство. Во овој период на транзиција, тиранијата ќе дозволи спроведување на новиот поредок, по што моќта ќе биде предадена на народот. Во друга смисла, Бланки повеќе се занимава со самата револуција отколку со идното општество кое би произлегле од револуцијата. Тој се разликува од утописките социјалистите. За бланкистите, со соборувањето на буржоаскиот општествен поредок и револуцијата, суфициентно завршуваат, барем за нивните непосредни цели. Бланки беше еден од не-марксистичките социјалисти на своето доба.

Смрт[уреди]

Гробот на Бланки

По говорот одржан на политички состанок во Париз, Бланки доживеал мозочен удар. Тој почина на 1 јануари 1881 година и бил погребан на гробишта Père Lachaise. Неговиот гроб бил изработен од Јулиус Далу.

Наследство[уреди]

Бескомпромисниот радикализам на Бланки, и неговата определба да го спроведе со насилство, го доведе до конфликт со секоја француската влада за време на неговиот живот, и како последица на тоа, тој помина половина од својот живот во затвор. Покрај своите безбројни придонеси во новинарство, тој го објавил своето делото L'Eternité par les astres (1872), каде ги преставил сопствените погледи за вечното враќање. По неговата смрт, неговите дела по економските и социјалните прашања биле собрани и објавени под насловот на Социјалистичката критиката (1885).

Италијанскиот фашистички весник Il Popolo d'Italia, основан и редактиран од Бенито Мусолини, имал еден цитат од Бланки: "Chi ha del ferro ha del pane", ("Оној што има железо, има леб").

Извори[уреди]

  1. Introduction to the Leaflet of L. A. Blanqui's Toast Sent to the Refugee Committee, written at the prison of Belle-Ile-en-Mer, 10 February 1851, hosted at Marxists.org, last retrieved 25 April 2007