Луциден сон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Луциден сон е секој сон во кој човекот е свесен дека сонува. Поимот го создал Фредерик ( Вилм) ван Ајден (1860-1932 год.), холандски психијатар и писател. Во луцидниот сон, сонувачите може да поседуваат способност за применување некој степен на контрола врз нивното учество во сонот или можат да управуваат со нивните имагинативни искуства во сонот. Луцидните соништа можат да бидат реалистични и јасни. Докажано е дека кај луцидните сонувачи постои висока фреквенција на бета-1 брановата должина ( 16-19 Hz) поради тоа што постои зголемена активност во париеталниот лобус правејќи го луцидното сонување свесен процес. Луцидниот сон може да започне на два начина. Луцидниот сон предизвикан од сон (dream-initiated lucid dream -DILD) започнува како нормален сон и оној што сонува на крај заклучува дека е сон, додека пак луцидниот сон предизвикан од будност ( wake-initiated lucid dream- WILD) се случува кога сонувачот од нормална будна состојба директно преминува во сон без видливо исклучување на свества. Луцидното сонување е научно истражувано и неговото постоење е добро утврдено.

Научна историја[уреди]

Луцидни соништа од Селиа Грин е истражување од 1968 год. во кое за прв пат се препознава научниот потенцијал на луцидните соништа. Грин ги анализирала главните карактеристики на таквите соништа со тоа што прегледала веќе објавена литература на таа тема и додала нови податоци за темата. Таа заклучила дека луцидните соништа се категорија на доживување што е многу поразлична од обичните соништа и предвидела дека тие ќе се поврзуваат со РЕМ сонувањето. Исто така, Грин била првата што ги поврзала луцидните соништа со феноменот лажно будење. Во текстот Сонување од 1959год. филозофот Норман Малколм тврдел дека не е возможно проверување на точноста на извештаите за соновите. Сепак, сознанието дека движењата на окото при сонување може да влијае на очите на сонувачот во нормална состојба може да докаже дека дејствијата и присетувањето од будниот живот можат да се усогласат и да се прикажат прецизно во сонот. Првите докази од овој вид ги создал британскиот парапсихолог Кит Харне во крајот на 1970-тите години на 20-ти век. Волонтерот Алан Ворсли го користел движењето на очите за да го сигнализира почетокот на луцидноста.Овие движења биле снимени со полисомнографска машина. Резултатите на Харне не биле широко прифатени. Првата слична статија ја објавил Стефан ЛаБерге од универзитетот Станфорд неколу години подоцна. Тој самостојно развил слична техника како дел од неговата докторска дисертација. За време на 1980-тите година на 20-ти век. се создале понатамошни научни докази за да се потврди постоењето на луцидното сонување бидејќи луцидните сонувачи можеле да им демонстрираат на истражувачите дека биле свесни дека се наоѓаат во состојба на сон (повторно, со основно користење на сигнали со движење на очите). Покрај тоа, експериментално докажаните техники биле развиени за подобрување на веројатноста да се достиге оваа состојба.

Истражувања и клиничка примена[уреди]

Невробиолошки модел[уреди]

Невронаучникот Џ. Алан Хобсон претпоставува што би можело да се случува во мозокот додека е луциден. Првиот чекор за луцидно сонување е свесност за самото сонување. Ова препознавање најверојатно се случува во дорсолатералниот префронтален кортекс, кој е една од неколкуте области која се деактивира за време на РЕМ спиењето и во која се наоѓа работната меморија. Штом се активира оваа област и штом започе препознавањето дека сонот се одвива, сонувачот треба да биде внимателен и да се препусти на текот на сонот , но треба да биде доволно свесен да се потсети дека тоа е сон. Се додека се одржува овој баланс можно е амагдалата и парахипокампалниот кортекс да бидат помалку активни. За да се продолжи интензитетот на халуцинациите во сонот се очекува pons и parieto-occipital junction да останат активни.

Третман за кошмари[уреди]

Се претпоставува дека оние што страдаат од кошмари може да имаат полза од способноста да бидат свесни дека всушност сонуваат. Во 2006 год. се одржало пробно истражување што покажало дека лекувањето со терапија за луцидно сонување успешно ја намалува зачестеноста на кошмарите. Овој третман се состоел од подложност на идејата, големо познавање на техниката и луцидни вежби. Не било јасно кои делови од овој третман се одговорни за успешното надминување на кошмарите, сепак во целост третманот бил успешен. Австралискиот психолог Милан Кoлич ја испитувал примената на принципи од наративната терапија врз луцидните сонови на клиентите за да го намали влијанието не само од кошмарите за време на спиење туку исто и од депресија, од самоповредување и од други проблеми во будниот живот. Колич открил дека клиентите за време на разговорите со терапевтот претпочитале да им се даде насока за нивните животи. Така би можело да се намали вознемирувачката содржина на соновите. Додека пак сфаќањата за животот , а дури и за учесниците во луцидните сонови може да се побараат во “ вистинскиот’’ живот со помош на означената корист од терапијата.

Перцепција на времето[уреди]

Во 1985год. ЛаБерге спровера пилот истражување кое покажало дека додека се брои во луцидниот сон перцепцијата на времето е скоро иста како и во будна состојба. Луцидните сонувачи додека сонувале избројале 10 секунди сигнализирајќи го крајот на броењето со очен сигнал за кој претходно се договориле,а кој бил измерен со електро – окулограм снимање. Резултатите од ЛаБерге во 2004год. ги потврдиле некои германски истражувачи. Исто така германското истражување на Д. Ерлехер и М. Шредл во кое ја проучувале моторната активност и откриле дека за 44% било потешко да се изведад клекнувања додека се сонува луцидно. Сепак, едно истражување од 1995год. во Германија укажало дека луцидните сонови може да имаат различно времетраење, во кој сонувачот може да ја контролира должината. Истражувањето се одвивало за времее на спиење и после будење, а учесниците требало да ги бележат соновите во дневник и да запишат колку траеле.

Свест и резонирање[уреди]

Иако контролирањето на сонот и свесноста за сонувањето се блиско поврзани,тие не зависат едно од друго. ЛаБерге открила сонови кои го покажувале јасно едното без способноста за другото. Исто така, во некои сонови во кои сонувачот е луциден и свесен дека може да управува со него, тој одлучил само да го набљудува сонот. Во едно истражување на Дердри Барет од 1992год. се испитувало дали луцидните сонови ги содржат четирите “ резултати’’ од луцидноста : свесност дека се сонува, ицчезнување на претставите по будењето, не се потребни научни закони и имање јасно сеќавање за сонот. Се покажало дека една четвртина од случаите на луцидност ги манифестирале сите четири резултати. “ Јас сонувам“ е една поврзана и взаемна катерогија за луцидните сонови во врска со овие четири резултати која сеуште не е реализирана. Овие резултати точно го препознаваат доживувањето на сонот како сознание за луциден сон. Подоцна во една студија во книгата Комисија за сонот на Барет, таа опишува како некои искусни луцидни сонувачи научиле да запомнуваат посебни практични цели, како на пример уметници кои трагаат по инспирација откако ќе станат луцидни се обидуваат да ја претстават својата работа или пак компјутерски програмери кои бараат екран со посакуваниот код. Сепак, поголем дел од овие сонувачи имале повеќе неуспешни обиди за присетување на целите пред да се здобијат со овој степен на контрола.

Културна историја[уреди]

Луцидното сонување не е ново откритие, и покрај тоа што привлекло поголемо внимание во последните неколку векови. Едно писмо од 415 год.н.е кое го напишал Св. Августин од Хипо, го опишува луцидното сонување. Во 8 век., тибетанските будисти и тибетанците од религијата Бон практикувале една форма на Dream Jogа која се практикувала за да се задржи потполната свесност при сонувањето. Во книгата Dream Yoga and the Practice of Natural Light опширно се расправа и се објаснува овој систем. Една од важните пораки на оваа книга е правењето разлика меѓу медитацијата Dzogchen Awareness и Dream Yoga. Исто така и зборовите Rigpa Awareness, Contemplation и Presence се однесувале на Медитацијата Dzogchen Awareness. Свесноста за време на спиење и сонување се поврзува со Dzogchen practice of natural light. Со оваа постапка се постигнува луцидно сонување само како нуспојава, за разлика од Dream Yoga на која главна цел и е луцидното сонување. Според будистичките учители, доживувањето на луцидност помага да се разбере нереалноста на феноменот, кој во спротивно би бил премногу силен за време на сонот или кога се доживува смртта. Филозофот и физичар Сер Томас Брауни ( 1605 – 1682 год.) бил еден од првите забележани луцидени сонувачи. Брауни се интересирал за светот на соновите и ја опишал својата способност за луцидно сонување во својата Religio Medici : „ ... досега во еден сон можев да создадам цела комедија, да го следам случувањето, да ги разбирам шегите, а потоа буден да се смеам на споменатите метафори’’. Исто така и Семјуел Пепис , на 15ти август 1665год, во својот личен дневник запишал еден сон : „ во своите раце ја имав Леди Кеслмејни и можев да флертувам со нејзе како што ќе посакав, а потоа сонив дека не е можно да сум буден,но дека тоа било само сон“. Marquis d’ Hervey de Saint-Denys тврдел дека е возможно секој да научи свесно да сонува. Тој во 1867год. ја објавил својата книга „ Сонови и како да ги водите нив; Практично набљудување“ во која ги документирал своите истражувања за соновите на кои работел повеќе од 20години. Поимот луцидно сонување го создал холандскиот автор и психијатар Фредерик Ван Ајден во својата статија „ Истражување за соновите’’ од 1913год. Овој напис бил премногу анегдотичен и научниците не го прифатиле. Некои го сметаат ова за несоодветно бидејќи тоа значи многу повеќе од само “ јасно и живописно“ сонување. Алтернативниот поим свесно сонување ја одбегнува оваа забуна. Меѓутоа, поимот луциден со значењето “ да се има интуиција“ го користел Ван Ајден,повеќе како во фразата луциден интервал која се употребува за некој во привремено подобрување од психоза, отколку како опишување на согледаното значење на доживувањето, кое може да биде јасно и живописно. Во 1950-тите години на 20-ти век. било заклучено дека малезиските Сенои луѓе, кои живеат од лов, риболов и плодови од природата, во голема мера го користеле луцидното сонување за да си го осигураат менталното здравје. Подоцнежните истражувања ги отфрлиле овие тврдења.

Други поврзани феномени[уреди]

Брзо движење на очите( РЕМ )[уреди]

Кога човекот сонува, очите се движат брзо горе и доле и треперат. Научните истражувања откриле дека овие движења на окото може да се совпаѓаат со насоката на погледот на сонувачот наспрема сликите од сонот. Ова им овозможило на обучените луцидни сонувачи додека сонуваат да комуницираат со истражувачите користејќи го како сигнал движењето на очите.

Лажна будност[уреди]

Во лажната будност, човекот сонува дека се разбудил. Собата во која што се лажно се буди оној што сонува често е слична со собата во која тој/ таа заспал. Доколку оние што сонувале биле луцидни, тогаш тие често верувале дека повеќе не сонуваат и започнувале со своите утрински рутини. Сонувачот наивно продолжува да верува дека сонува се додека не сфати дека всушност вистински не се разбудил или додека навистина не се разбуди.

Парализа при спиење[уреди]

За време на РЕМ спиењето телото само се парализира како заштитен механизам за спречување на движењата кои се случуваат во сонот и кои предизвикуваат вистинско движење на телото. Сепак, овој механизам може да се одвива пред, за време на или после нормалното спиење додека се буди мозокот. Ова може да доведе до состојба во која личноста која се разбудила чувствува дека е парализирана. Халуцинацијата хипнагогик може да се појави во оваа состојба, а посебно преку звучна халуцинација. Последиците од парализата при спиење се манифестираат со тромавост или со неспособност за движење на мускулите, неочекувана и вибрирачка врева и кратки хипногогик или хипнопомпик слики. Доживувањето на парализа при спиење е важен дел од будно-иницираниот луциден сон (wake-initiated lucid dream), во кој сонувачите главно разликуваат кога нивното тело е во состојба на сон и го одвојуваат од тогаш кога им е парализирано.

Искуството „надвор од телото“[уреди]

Искуството „ надвор од телото “ е искуство кое обично се претставува со чувството на лебдење надвор од телото и во некои случаи, забележување на физичкото тело од место надвор од самото тело (автоскопија). Околу еден од десет луѓе мислат дека некогаш во животот имале вакво искуство „ надвор од телото“. Научниците го изучуваат овој феномент. И покрај некои сличности во нивната феноменологија и во нивните воведни методи, електроенцефалографското истражување ( ЕЕГ) не предлага еквиваленција меѓу искуството „ надвор од телото“( ОБЕ) и луцидните сонови. Луцидноста е цврсто поврзана со фазата 1 од РЕМ спиењето , но ОБЕ се помалку постојани. Тие создаваат ЕЕГ снимки кои може на различни начини да наликуваат на фазата 3 од спиењето, на будна состојба, на состојба во која очите се затворени или на други неодредени состојби.

Ретка појава[уреди]

Во текот на повеќето сонови личностите што сонуваат не се свесни дека сонуваат. Причината за ова сеуште не е дефинирана и изгледа дека нема некој очигледен одговор. Неколку области од психологијата се обиделе да дадат објаснување. На пример, некои поддржувачи на длабинската психологија тврдат дека менталните процеси ја спречуваат критичката проценка на реалноста во соновите. Некои психолошки истражувања претпоставуваат дека мозокот „верува во се што ќе види“ во текот на секоја ментална состојба. Ако мозокот забележува нешто со голема јасност и интензитет тогаш верува дека тоа е реално, дури и додека спие. Свесноста во сонот е слична со свесноста на будното халуцинирање. Сликите во сонот или во халуцинациите создадени во мозочното стебло се сметаат за вистинити, дури и ако се фантастични. Поттикот за прифаќање на доживувањето како реално е толку силен што сонувачот често измислува приказна или создава меморија за да ги прекрие несоодветните или нереалистичните случки во сонот. Обично после „ Тој човек има две глави! “ не следи „ Ова мора да е сон!“, туку следи нешто како „ Да, читав во весник за овие познати сиемски близнаци.“ Друг пат ќе има објаснувања кои во сонот имаат смисла и кои изгледаат многу логично. Меѓутоа, кога се буди сонувачот, тој/ таа ќе забележи дека тоа е прилично апсурдно или е голема бесмислица. Развојната психологија тврди дека светот на сонот воопшто не е бизарен кога се разгледува развојно бидејќи уште од деца сонуваме пред да ги научиме сите физички и социјални закони кои го учат мозокот да биде реален. Променливите имагинативни конструкции претходат на построгите и логични правила на будноста,а продолжуваат како „стандарден“ свет за се она што може да се сфати како очигледно само за себе во светот паралелно со здобиениот буден живот. Свесноста за сонување и за будност се разликува само во нивното поединечно ниво на очекувања. Будниот „јас“ очекува одредена група на „правила за реалноста“ како што созрева детето. Доживувањата при нормалното будење вообичаено ја формира границата меѓу двата света и дава знак на свеста да ги прифати будните „Јас“ очекувања. Сепак, понекогаш, овој знак е погрешен – лажно будење. Пробуденото „Јас“ ( со своето ниво на очекувања) се активира и покрај тоа што доживувањето сеуште е халуцинациско.