Лусаил

Координати: 25°30′N 51°29′E / 25.500° СГШ; 51.483° ИГД / 25.500; 51.483
Од Википедија — слободната енциклопедија

Лусаил (арапски: لوسيل) — најнов планиран град во Катар, сместен на брегот на Персискиот Залив, во северниот дел на општината Ел Дајен. Лусаил е сместен околу 23 километри од центарот на Доха, северно од Лагуната Западен Залив, на површина од 35 км² и ќе обезбеди сместување за 260.000 луѓе. Планирано е да има марини, станбени области, приморски одморалишта, трговски центри, вклучувајќи два терена за голф, зоолошка градина и културни содржини. Изградбата на градот е во тек. Граден е од државното претпријатие Qatari Diar Real Estate Investment Company како и Parsons Corporation. Новиот национален стадион, со капацитет од над 80.000 лица, на кои ќе бидат играни воведниот и завршниот натпревар на Светското првенство во фудбал 2022. Покрај националниот стадион, во градот е сместена и една од главните сали за Светското првенство во ракомет за мажи 2015, на кое Катар е домаќин.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

25°30′N 51°29′E / 25.500° СГШ; 51.483° ИГД / 25.500; 51.483