Лунгток Гјацо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Лунгток Гјацо
Деветиот Далај лама
[[File:Lungtok Gyatso|frameless|alt=]]
Владеење 18081815
Претходник Јамфел Гјацо
Наследник Цултрим Гјацо
Династија Далај лама

Лунгток Гјацо или Лунгтог Гјацо, а некаде и Лунток Гјацо (1806-1815) бил деветтиот Далај лама.

Лунгток Гјатсо е роден во 1805 или 1806 година во близина на манастирот Чоекор во Дан Чокор, мало село во Кам до Тензин Чоекјонг и Дондуп Долма.

Во 1807 година тој бил препознаен како реинкарнација на осмиот Далај лама, Јамфел Гјатсо и бил однесен во Ласа со голема церемонија.Во 1810 тој бил поставен во Потала на Златниот трон на владата Ганден По-дранг. Тој ги примил обичаите од тогашниот Панчен лама и од него го добил името Лунгток Гјатсо.Истата година стариот регент Та-таск Нга-ванг Гон-по бил сменет,а нов регент станал Де-мо Тул-ку Нга-ванг Ло-занг Туб-тен Јиг-ме Гја-тсо (умрел во 1819).

Англискиот истражувач Томас Менинг во 1812 година ја опишал средбата со Лунгток Гјатсо којшто имал седум години,а по неговиот раговор со „детето“ тој заплакал од неверување за тоа што го видел и чул. Менинг пишува дека Далај лама бил одлично образован за едно дете, имал прекрасно младо лице и бил добро расположен.

За жал тој останал кратко должен до неговата смрт во 1815 година на возраст од 9 години. „Целата нација нурнала во тага“, којашто завршила 8 години подоцна со препознавањето на новата реинкарнација.


Претходник
Јамфел Гјатсо
Реинкарнација на Далај лама Наследник
Цултрим Гјатсо