Луиџи Ди Бјаџо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Луиџи Ди Бјаџо
Luigi Di Biagio
Luigi Di Biagio.jpg
Лични податоци
Роден на 8 мај 1981 (1981-05-08) (32 г.)
Роден во Рим, Италија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Положба среден ред
Младинска кариера
Лацио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1989 Лацио 1 (0)
1989-1992 Монца 62 (7)
1992-1995 Фоџа 87 (12)
1995-1999 Рома 114 (16)
1999-2003 Интер 117 (13)
2003-2006 Бреша 93 (16)
2006 Ла Сорта 5 (0)
2007 Асколи 7 (2)
Репрезентација
1998-2002 Италија 31 (2)
Раководител на екипите
2006–2007 Италија 20
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Луиџи Ди Бјаџо (роден 3 јуни 1971 година) е поранешен италијански фудбалер кој настапувал на позицијата дефанзивен играч од средниот ред, а негов последен клуб за кој играл бил Асколи (2006-07). Тој во моментов е тренер на италијанската репрезентација под 20 години.

Кариера[уреди]

Клубска кариера[уреди]

Роден во Рим, Ди Бјаџо ја започнал својата кариера во тимот на Лацио. Тој го направил своето деби во Серија А со клубот во натпреварот Јувентус-Лацио 4-2 на 11 јуни 1989. Пред почетокот на наредната сезона Лацио го продал Ди Бјаџо во Монца, каде што тој останал три години играјќи во Серија Б и Серија Ц1 лигите. Во Монца успеал да обезбеди место во стартната постава, но бил користен на сите позиции, вклучувајќи ја и онаа на напаѓач. Во сезоната 1990-1991, Ди Бјаџо со Монцa го освоил италијанскиот куп за тимовите од Серија Ц.

Во 1992 тој се вратил во елитната конкуренција правејќи трансфер во Фоџа, останувајќи со росонерите три сезони под водството на Зденек Земан, каде се претвора во одличен играч од средината на теренот. Во 1995 година, Ди Бјаџо се преселил во Рома за која играл пет години, во периодот во кој бил трениран од Карло Мацоне, Карлос Бјанки, а потоа повторно од Земан.

Од 1999 до 2003 претстави со ДИ Бјаџо го носел дресот на Интер, каде што тој ќе има клучна улога како последен играч од средниот ред, под водството на Ектор Купер во сезоните 2001-2002 и 2002-2003. Во неговата последна година во дресот на Интер тој достигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите. Во пред четирите сезони во Интер, Ди Бјаџо имал 163 настапи, постигнувајќи вкупно 18 голови во Серија А, Лигата на Шампионите , Купот на УЕФА и италијанскиот куп.

Во 2003 се преселил во редовите на Бреша, каде што тој ја завршил сезоната 2005-2006 во Серија Б, а потоа го раскинал договорот со клубот од Ломбардија.

Во октомври во 2006 година тој бил ангажиран од страна на Асколи, но поради неуспехот да се усогласат со времето на раскинување на договорот со својот стар тим, Бреша, останал без клуб до јануари 2007, кога официјално станува фудбалер на Асколи.

Истата година Ди Бјаџо се повлекол од активното играње фудбал и објавил крај на неговата играчка кариера.

Репрезентативна кариера[уреди]

Својот прв настап во италијанската репрезентација, Ди Бјаџо го имал на 28 јануари 1998, во натпреварот Италија- Словачка (3-0).

Ди Бјаџо бил дел од селекцијата под раководството на Чезаре Малдини, Дино Ѕоф и Џовани Трапатони. Тој учествуваше на Светското првенство 1998, каде што постигнал гол во вториот натпревар од групата против Камерун, кој завршил 3-0 за Италија. Во четврт-финалниот натпревар против Франција, тој го промашил последниот пенал во серијата (погодувајќи ја пречката) со што Италија била елиминирана. Тој, исто така учествуваше на Евро 2000 и за разлика од претходно овде реализирал одлучувачки пенал во полу-финалето против домаќините Холандија. Конечно, тој учествувал и на Светското првенство 2002, каде италијанците биле елиминирани во вториот круг.

Својата последен натпревар во националниот дрес го одиграл на 20 ноември 2002, во пријателски натпревар меѓу Италија и Турција (1-1) кој се играл во Пескара. Ди Бјаџо има вкупно 31 настап и 2 гола за Аѕурите.

Тренер[уреди]

Во 2011 година Ди Бјаџо станал селектор на италијанската репрезентација за играчи под 20 години.

Титули[уреди]

Клупски[уреди]

Италија Интер[уреди]

Репрезентативни[уреди]

Италија Италија[уреди]

Надворешни врски[уреди]