Луи Саха

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Луис Саха)
Скокни на: содржини, барај
Луис Саха
Louis Saha
Saha with Everton in 2009
Лични податоци
Роден на 8 август 1978 (1978-08-08) (33 г.)
Роден во Париз, Франција
Висина 1,83 m (6 ft 0 in)
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем
Број 15
Младинска кариера
Мец
Кариера*
Години Клуб Apps (Gls)
1998–2000 Мец 47 (5)
1999 Њукасл Јунајтед (позајмен) 11 (1)
2000–2004 Фулам 117 (53)
2004-2008 Манчестер Јунајтед 86 (28)
2008-2012 Евертон 97 (27)
2012- Тотенхем 5 (3)
Национален тим
2005- Франција 20 (4)
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 17 јануари 2012.

† Appearances (Goals).

‡ National team caps and goals correct as of 17 јануари 2012

Луј Лорен Саха (роден на 8 август 1978 година во Париз), е француски фудбалер со потекло од Гвадалупе кој во моментов игра како напаѓач за англискиот Евертон во Премиер лигата и Француската фудбалска репрезентација. Поранешниот ученик во Кларефонтејн фудбалската академија, ја започна својата кариера во Мец пред да игра на позајмица во Њукасл Јунајтед. Пред почетокот на сезоната 2000-01, Саха се пресели во Фулам каде што се потврди како прв избор на напаѓач, помагајќи им да се здобијат со промоција во Премиер лигата во неговата прва сезона со нив.

Со неговите одлични настапи заработи интерест од Манчестер Јунајтед, кои на крајот и потпишува со Саха за сума од околу 12.400.000 £, во средина на сезоната. Саха се соочуваше со многу повреди за време на неговиот престој на Олд Трафорд, но тој уживаше во успехот на освојувањето на Премиер лигата во два наврати, на Лига на Шампиони 2007-08 и, исто така, постигна шест гола на патот кон победата во Лига Купот, вклучувајќи и еден гол во финалето.

По четири и пол години во Јунајтед, Евертон го доведе на Гудисон Парк, каде што го отвори резултатот во ФА Купот по 25 секунди, поставувајќи рекорд за најбрзо постигнат гол во историјата на ФА Купот. Саха го направи своето деби за Франција во 2004 година во 2-0 победата над Белгија. Тој ја претставуваше Франција на Европското фудбалско првенство 2004 и на Светското првенство во фудбал 2006 кога французите стигнаа до финалето на Светското првенство, меѓутоа Саха беше суспендиран за финалето против Италија по добивањето на жолт картон против Португалија во полу-финалето.

Содржина

[уреди] Клупска кариера

[уреди] Мец

Саха ја започна својата кариера во Мец во 1996 година, и прогресира во сениорскиот тим во 1998 година. Тој отиде на заем во Њукасл во јануари 1999 година, постигнувајќи еден гол против Ковентри Сити и игра во вкупно 11 лигашки натпревари, исто така, постигна еден гол и на патот на страчките кон финалето во ФА Купот. Тоа го стори во петтата рунда против Блекбурн Роверс. Саха беше сепак изоставен од тимот за финалето од менаџерот Руд Гулит. По завршувањето на сезоната 1998-99, тој се враќа во Мец, каде што постигна 5 гола во 47 натпревари во две години.

[уреди] Фулам

Саха во предсезонските подготовки откако потпиша за Фулам

Тој потпиша за Фулам за £ 2.100.000 во 2000-та година. За време на периодот од речиси четири години во клубот, тој постигна вкупно 63 гола во сите турнири. Во кампањата за промоција на тимот во 2000-01 тој постигна 27 гола за Фулам кој беа од голема помош за влез во Премиер лигата.

За време на првиот месец во топ лигата во англија Саха беше именуван за играч на местецот во Премиер лигата. Тој постигна девет гола во 44 настапи во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и постигнатите два гола во натпреварите против Манчестер Јунајтед и Челзи. Неговиот настап за победа на Фулам над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд беше пресуден Сер Алекс Фергусон да потпише со него во јануари 2004-та година. Во последната сезона во Фулам тој придонесе со петнаесет гола во само 22 настапи пред да замине во јануарскиот трансферен прозорецот.

[уреди] Манчестер Јунајтед

Саха потпишал за Манчестер Јунајтед за сума од 12.800.000 £ во 2004-та година и постигна 15 гола досега таа сезона и го импресионира Сер Алекс Фергусон во победата на Фулам на Олд Трафорд од 3-1. Фулам беа подготвени да го продаде Саха, но за добар договор и тоа на крајот се случи на 23 јануари, 2004.

Саха импресионира рано, со 7 гола во 10 настапи на почеток на сезоната 2003-04 и постигнувајќи гол во своето деби против Саутемптон. Во следниот натпревар, против Евертон, Саха и Руд ван Нистелрој постигнаа по два гола за победа од 4-3. На 28 февруари, тој се соочи со неговиот поранешен тим за прв пат, постигнувајќи го единствениот гол за Јунајтед во ремито 1:1.

Со својте добри игри тој доби репрезентативен повик за Франција, постигнувајќи гол во своето деби против Белгија и го зема учество на ЕВРО 2004 во Португалија. За жал, тој не беше во можност да игра во ФА Куп финалето во победата над Милвол, поради претходно учество во дресот на Фулам.

На стартот од сезоната 2004-2005-та во Премиер лигата Саха не беше во прв план во нападот на Јунајтед поради постојани повреди. Саха ниту еднаш не заигра во стартната постава во свопите 11 меча во сезоната , 11 пати тој влегуваше од клупата и постигна два гола. Во септември, тој заработил повредата на коленото играјќи за Франција против Фарските Острови, која го чини еден месец неиграње. Подоцна во ноември тој ја обнови повредата повторно, исто така, играјќи за националниот тим и таа го чини речиси два месеци надвор од терените. На крајот на февруари 2005 година, проблемот се повтори, повторно оставајќи го Саха надвор за уште два месеци. Во текот на летото Саха доживеа уште една повреда, овојпат на тетивата што го оневозможи да игра во првите три месеци од наредната (2005-06) сезона во Премиер лигата.

Тој, конечно, се врати во ноември 2005 година и започна конечно континуирано подолго време да тренира, по што настапи во неколку натпревари во Лига Купот натпревари. За изненадување на многумина, францускиот напаѓач се наоѓаше во добра форма и почна да игра во почетниот состав и да постигнува голови. Шесте гола во Лига Купот му помагаат да го измести Руд ван Нистелрој од првиот тим и да биде прв избор во нападот како партнер на Вејн Руни. Саха беше стартер, пред ван Нистелрој, во финалето на Лига Купот против Виган Атлетик, и постигна гол. Саха постигна 15 гола во сите натпреварувања за време на сезоната 2005-06 и беше избран од страна на Фергусон за партнер на Руни за наредната сезона, по заминувањето на ван Нистелрој во Реал Мадрид во текот на летото.

Саха во дресот на Манчестер Јунајтед

Саха ја започна на сезоната 2006-2007 во Премиер лигата со гол уште по само седум минути игра во отварајчи го резултатот против Фулам во мечот што заврши 5-1 за Јунајтед.Беше тоа прв меч во новата сезона од лигата Манчестер Јунајтед. Тој истотака го постигна единствениот гол на гостувањето кај Бенфика во лигата на шампионите. Во декември 2006 Саха го продолжи својот договор Манчестер Јунајтед до 2010 година, иако наскоро потоа почна да страда одново од повеќе повреди. Препоните и тетивата беа повредите кои ги ограничија неговите настапи и тоа значеше дека тој постигна еден гол во втората половина од сезоната. Тој се врати како замена за мечот со Рома, но наскоро потоа се здоби со повредата на коленото. Саха ја заврши сезоната со 15 гола во сите натпреварувања, потпомогнат од неговата пре-Божиќ форма, но тој сè уште беше wasteman.

Во сезоната 2007-08, Саха се врати од повреда и влезе како замена против Сандерленд, постигнувајќи го победоносниот гол за победа од 1-0. На 23 септември 2007 година, Саха го реализираше пеналот против Челзи во првиот натпревар на клупата на Челзи на Аврам Грант. Со ова Саха си заработи повик во Репрезентација на Франција по една година пауза.

Против Арсенал, Саха влезе да го замени во тој момент вон-форма аргентинец Карлос Тевез во ремито 2-2. Тој беше клучен во погодокот, на Кристијано Роналдо кој даде предност на Манчестер Јунајтед од 2-1. Саха продолжи да прави настапи во првиот тим, но кога Вејн Руни беше повреден на неколку недели, тој соработуваше со Тевез во нападот. Тој почна и на 26 декември, на таканаречениот период во лигата Boxing Day. Манчестер Јунајтед победи со 4:0 а Саха постигна два гола, вклучувајќи и еден пенал за искачување на Манчестер Јунајтед до 1-ата позиција во Премиер лигата.

Саха го направи своето враќање во ФА Куп дуелот против Арсенал на 16 февруари 2008 година. Следниот викенд, Саха влезе како замена за Роналдо, постигнувајќи го последниот гол во 5-1 победата над Њукасл. Саха беше надвор од терените за неколку недели, и пропушта клучни натпревари. Во последниот натпревар од Премиер лигата во сезоната против Виган Атлетик, Саха почна како замена, но не влезе во игра. Во мај 2008 година, Саха призна дека тој верува дека неговата кариера во дресот на црвените ѓаволи е доведена во прашање. И покрај неговата желба да остане и љубовта кон клубот, тој не беше сигурен за својата иднина на Олд Трафорд.

И покрај тоа што се бореше со повреди во делови од 2004-05 и вториот дел од сезоните 2006-07 и 2007-08, Саха придонесе со 42 гола во сите натпреварувања за Манчестер Јунајтед во 120-те настапи за клубот.

[уреди] Евертон

Саха му се приклучи на Евертон за непозната сума потпишувајќи две ипол годишен договор. Понудата за Саха стигна во моментот кога тој беше повреден. Тој своето деби го имаше на 22-ри септември во лигашкиот натпревар на гости кај Хал Сити, пред да го постигне својот прв гол во дресот на карамелите, против неговиот поранешен клуб Фулам, на Гудисон Парк на 1 ноември.Саха влезе од клупата на полувремето во ФА Куп четврт-финалето против Мидлсборо. Тој помогна со постигнување на победеносниот гол за Евертон да стигне до полу-финалето за прв пат од 1995 година. Саха подоцна го постигна најбрзиот гол во ова натпреварување во финалните мечеви во финалето против Челзи, но подоцна сините направија пресврт и победија со 2-1. Со ова го скрши рекордот на Боб Чат кој беше поставен 114 години порано во ФА Куп финалето во 1895-тата година. Исто така, беше најбрз гол во сите натпревари на новиот Вембли стадион, победувајќи го претходниот рекорд на Џампаоло Пацини во март 2007 година во репрезентативниот настап на младата селекција на Италија до 21-на година.

Саха го постигна својот прв гол во Премиер лигата во сезоната 2009-2010, по влегувајќи како замена, на денот на отворањето на сезоната против Арсенал во 6-1 поразот на Гудисон. Тој продолжи да дава голови, на седум меча постигна седум гола во сите натпреварувања, завршувајќи ја сезоната со 13 Премиерлигашки голови. Тој потпиша двегодишен договор продолжување со Евертон во февруари 2010 година, имајќи го во клубот до крајот на сезоната 2011-12.

Саха го постигна својот осми гол во петиот старт против Челзи на 29 јануари 2011 година, и ја продолжи својата форма во следниот натпревар против Блекпул на 5 февруари, кога постигна четири гола во 5-3 победата. Тоа беше неговиот прв хет-трик во англискиот фудбал. Саха постигна гол повторно за Евертон против Фулам на 19 март 2011-та година, тој подоцна беше надвор поради повреда на глуждот надвор за остатокот од сезоната.

Саха го направи своето враќање за 2011-12 сезона на 30 јули 2011 година во пред-сезоната против неодамна испаднатиот Бирмингем Сити на Сент-Ендријус. Саха за првпат во сезоната беше стартер за Евертон во домашниот дуел со градскиот опонент Ливерпул. Евертон загуби со 2-0. Саха својот прв гол за го постигна во 3-1 победата над Фулам на Крејвен Котиџ по влегувањето во игра како замена. Саха го продолжи својот голгетерски од постигнувајќи гол во следниот меч на 26 октомври против Челзи во Лига купот.

[уреди] Тотенхем

На 31 јануари 2012 година, Саха го комплетираше својот трансфер како слободен играч во Тотенхем, потпишувајќи шест-месечен договор и го зеде дресот со број 15, кој за последен пат беше носен од Питер Крауч. За помалку од една недела подоцна, тој го направи своето деби против Ливерпул влезе како замена за Емануел Адебајор во 0-0 ремито. Тој го направи своето целосно деби во следното лигашко коло против неговиот некогашен тим Њукасл Јунајтед, постигнувајќи два гола во убедливата победа од 5-0.

[уреди] Репрезентативна кариера

Саха ја претставува Франција во различни младински категории и го постигна победоносниот гол на Европското фудбалско првенство за играчи Под-19 години во 1997 против Португалија.

Таа не беше сениорски репрезентативец се до 2004 година, кога Саха конечно доби можност да го направи својот прв настап во репрезентацијата, и на своето деби постигна гол во 2-0 победата над Белгија на 18 февруари. Тоа лето, тој исто така беше избран за Евро 2004 тимот.

Саха придонесе за Франција да стигне до Светско првенство во фудбал 2006 финалето, но тој беше суспендиран за финалето против Италија заради заработен жолт картон за време на победата во полу-финалето над Португалија.

Луис Саха беше повикан во тимот за Евро 2012 квалификациите заедно со голманот Уго Лорис, Флорент Малуда од Челзи и уште девет други играчи кои учествуваа на Светското првенство во фудбал 2010 година. Пред тоа, Луис Саха нема играно за својата национална репрезентација од ноември 2006 година (иако тој беше повикан од страна Рејмонд Доменех во февруари 2010 год).

[уреди] Статистика на кариерата

Клуб Сезона Лига Куп Лига Куп Европа Други натпреварувања Вкупно
Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови
Мец 1997–98 21 1 2 0 0 0 3 0 0 0 26 1
1998–99 3 0 0 0 0 0 3 0 0 0 6 0
1999–2000 23 4 3 0 0 0 8 8 0 0 34 12
Вкупно 47 5 5 0 0 0 14 8 0 0 66 13
Њукасл Јунајтед (Позајмен) 1998–99 11 1 1 1 0 0 0 0 0 0 12 2
Total 11 1 1 1 0 0 0 0 0 0 12 2
Фулам 2000–01 43 27 1 0 4 5 0 0 0 0 48 32
2001–02 36 8 6 0 2 1 0 0 0 0 44 9
2002–03 17 5 3 1 0 0 8 1 0 0 28 7
2003–04 21 13 1 2 0 0 0 0 0 0 22 15
Вкупно 117 53 11 3 6 6 8 1 0 0 142 65
Манчестер Јунајтед 2003–04 12 7 0 0 0 0 2 0 0 0 14 7
2004–05 14 1 2 0 4 1 2 0 0 0 22 2
2005–06 19 7 4 2 5 6 2 0 0 0 30 15
2006–07 24 8 2 1 0 0 8 4 0 0 34 13
2007–08 17 5 2 0 0 0 5 0 0 0 24 5
Вкупно 86 28 10 3 9 7 19 4 0 0 124 42
Евертон 2008–09 24 6 3 2 1 0 1 0 0 0 29 8
2009–10 33 13 1 0 1 0 5 2 0 0 40 15
2010–11 22 7 3 2 1 1 0 0 0 0 26 10
2011–12 18 1 0 0 2 1 0 0 0 0 20 2
Вкупно 97 27 7 4 5 2 6 2 0 0 115 35
Вкупно во кариерата 358 114 34 11 20 15 47 15 0 0 459 157


[уреди] Титули

[уреди] Фулам

[уреди] Манчестер Јунајтед

[уреди] Евертон

[уреди] Франција

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици