Луис Муриел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

[1]

Луис Муриел
Luis Muriel
Лични податоци
Роден на 16 април 1991 (1991-04-16) (23 г.)
Роден во Санто Томас[2], Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 9
Младинска кариера
Атлетико Хуниор
Депортиво Кали
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2010 Депортиво Кали 11 (9)
2010 Удинезе 0 (0)
2010–2011 Гранада (позајмен) 7 (0)
2011-2012 Лече 11 (2)
2012 Удинезе 0 (0)
2012 Лече (позајмен) 18 (5)
2012- Удинезе 34 (14)
Репрезентација
2012-  Колумбија 5 (1)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Луис Муриел (роден во Санто Томас на 16 април 1991) е колумбиски фудбалер, напаѓач, кој игра за Удинезе во Серија А.

Технички карактеристики[уреди]

Се смета за еден од младите играчи кој најмногу ветува во светот.[3]. Има одличен дриблинг, квалитети на спринтер и вродено око за гол, поради што го споредуваат со Роналдо[4]. Во текот на сезоната 2012-13, под наредба на тренерот Франческо Guidolin, се покажал како способен да игра добро и како втор напаѓач или играч од средниот ред со офанзивни функции.[5].

Кариера[уреди]

Почетоци и Депортиво Кали[уреди]

Муриел ја започнал својата кариера во младинскиот сектор на Атлетико Хуниор во 2001 година. Во јануари 2008 година преминал во екипата на Депортиво Кали, каде што тој го направил своето професионално деби во првата колумбиска лига на 12 јули 2009 во победата од 1-0 над Енвигадо.

Во текот на следната сезона во Торнео Апертура 2010, Муриел добивал многу поголема минутажа, а на 7 март 2010 го постигнал својот прв хет-трик во кариерата. За време на Торнео Апертура, неговите настапи биле следени од скаути на италијанскиот Удинезе, кој во летото пројавува сериозен интерес за него и на крајот успева да го доведе во својте редови. Муриел одиграл вкупно 11 натпревари за Депортиво Кали и постигнал 8 голови.

Доаѓање во Удинезе[уреди]

Муриел се преселил во Удинезе на 22 јуни 2010 со само 19 години. Сепак, веднаш по доаѓањето тој како и некој други млади играчи бил испратен на заем во друг клуб со цел да се докаже и да го заработи своето место во клубот. Така на 12 јули, тој и се приклучил на Гранада на едногодишна позајмица.

Позајмиците во Гранада и Лече[уреди]

Муриел одиграл една сезона за Гранада во шпанската Сегунда дивисион, настапил на вкупно 9 натпревари 7 во првенството и 2 во купот, но неуспеал да постигне ниту еден гол.

Во текот на летото 2011, се вратил во Удинезе, но потоа бил позајмен на Лече. Тој дебитирал во Серија А на 26 октомври 2011 во поразот од Палермо со 2-0. Тој го постигнал својот прв гол во италијанскиот фудбал на 4 декември во натпревар во кој неговиот тим загубил со 4-2 на домашен терен од Наполи. На 30 јануари 2012, Удинезе ја враќа целосната сопственост над играчот (откако претходно му продале 50% од договорот на Лече), оставајќи го во Лече на заем до крајот на сезоната. На 7 април, 2012 тој постигнал два гола за Лече во Серија А во победата со 4-2 против Рома. И покрај неговите 7 гола во 29 првенствени натпревари, Лече испаднал во последното коло и Муриел и се збогувал со навивачите и клубот од Саленто.

Враќање во Удинезе[уреди]

сезона 2012-13[уреди]

Летото 2012 година, Муриел се вратил во Удинезе. На 12 септември 2012, потпишал нов 5-годишен договор со Удинезе. Тој го направил своето деби во пораз со 2-1 од Фјорентина, асистирајќи за првиот гол во натпреаврот. [6] Тој успеал да го постигне својот прв гол за Удинезе на 22 декември во средбата нагости против Аталанта што завршила 1-1. Во текот на сезоната тој успешно соработувал во нападот со Антонио Ди Натале, перформанси кој му донеле да биде избран за Серија А млад играч на годината, заедно со Стефан Ел Шарави. Муриел ја завршил својата прва сезона во дресот на Удинезе со 11 постигнати голови и 3 асистенции, во 22 одиграни натпревари од кој само во 15 бил стратер.

сезона 2013-14[уреди]

Пред почетокот на сезоната 2013-14, го сменил дресот со број 24. и го зел број 9. Тој постигнал два гола во победата со 3-1 над Широки Бријег во квалификациите за Лига Европа. Во првото коло од новата сезона во Серија А, Муриел започнал успешно постигнувајќи гол на гостувањето против Лацио, но неговите црно-бели биле поразени во Рим со 2-1. Следниот викенд тој реализирал доцен пенал за да ја завери победата над Парма, со резултат од 3-1 во Удине. На 30 октомври, го постигнал победничкиот гол за победа над Сасуоло со 2-1 во гости. По добриот почеток, Муриел претрпел повреда кон крајот на ноември поради која бил надвор од акција до крајот на 2013 година.

Тој успешно се вратил по повредата и веќе во својот втор натпревар на 22 јануари 2014 постигнал гол, помагајќи му на својот тим да го елиминира Милан од Coppa Italia, со победа на Сан Сиро од 2-1.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]