Луис Леон Санчез
Санчез на Критериум ду Дофине 2011 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Луис Леон Санчез Гил | ||
| Прекар | Лулу | ||
| Роден | 24 ноември 1983 |
||
| Висина | 1,87 м | ||
| Маса | 74 кг | ||
| Податоци за клубот | |||
| Мом. клуб | Бланко Про Сајклинг | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Возач | ||
| Вид на возач | Универзален возач | ||
| Професионални клубови | |||
| 2004–2006 2007–2010 2011– |
ONCE Кејс д’Епарњ Рабобанк |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 19 февруари 2013 |
|||
Луис Леон Санчез Гил (роден на 24 ноември 1983 во Мула) е шпански друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бланко Про Сајклинг.[1] Поголеми достигнувања на Санчез се победите на етапните трки Париз-Ница 2009 и Тур Даун Андер 2005, како и еднодневната трка Класика де Сан Себастијан во 2010 и 2012. Исто така има 4 етапни победи на Тур де Франс и е четирикратен шпански хронометарски првак. Тој е специјалист за хронометри и во последниве години ги подобрил неговите вештини за искачување.
Содржина |
Личен живот [уреди]
Тој е познат како Лулу Санчез. Леон не е неговото презиме, но тој го носи како средно име/второ презиме, како ознака на почит првично за неговиот дедо, но од крајот на 2006 и како почест за неговиот најстар брат, Леон Санчез, кој загинал во сообраќајна несреќа на мотор. Неговиот помлад брат, Педро Леон Санчез Гил, е професионален фудбалер, кој игра за Реал Мадрид од 2010. Другиот негов брат, Антонио Леон Санчез, игра мал фудбал. Не е поврзан со шпанскиот велосипедист Самуел Санчез.
Кариера [уреди]
Рана кариера [уреди]
Санчез возел за екипата ONCE од 2004 до 2006, кога негови најголеми достигнувања биле победата на Тур Даун Андер 2005 и местата на подиум на изданието во 2006 на истата трка и Вуелта а Кастилја и Леон.
Кејс д’Епарњ (2007-10) [уреди]
Во 2007 се преместил во екипата Кејс д’Епарњ, откако екипата Либерти Сегурос-Вирт се распаднала во текот на допинг скандалот „Операција Пуерто“. Во неговата прва сезона со екипата, победил на Вуелта а Мајорка и завршил трет на Париз-Ница откако ја освоил етапата 6.
Во сезоната 2008 Санчез освоил уште една етапа на Париз-Ница, овојпат завршувајќи петти во генералниот пласман. Тој го освоил шпанското национално хронометарско првенство по првпат. Исто така го возел неговиот прв Тур де Франс и ја освоил етапата 7 по последниот напад, откако претходно бегството било достигнато од групата.
Санчез ја освоил Медитеранската трка 2009 и следниот месец победил на Париз-Ница откако ја освоил етапата 7. Освоил етапи и на Трката околу Баскија и Тур ду Хаут Вар, како и етапата 8 на Тур де Франс, кога завршил на 26. место во крајниот пласман.
Сезоната 2010 била најуспешната на Санчез досега. Тој покажал силна форма во првиот дел на сезоната, завршувајќи втор на Тур Даун Андер и победувајќи на петтата етапа. Потоа следело уште едно второ место, на Волта ао Алгарве, откако победил на завршниот хронометар. Санчез се обидел да ја одбрани неговата титула на Париз-Ница, но завршил седми на крајот, единаесет секунди зад Алберто Контадор. Потоа, Санчез го освоил генералниот пласман и етапа на Сиркут де ла Сарт во април. Го постигнал четвртото место на Волта а Каталуња и повторно станал шпански хронометарски првак. На Тур де Франс 2010, Санчез завршил втор на деветтата етапа откако бил во бегство и на крајот завршил како 11. (подоцна поместен на десеттото место, откако на Алберто Контадор му била одземена титулата), негов најдобар резултат на Тур. По Тур, Санчез ја остварил својата најголема победа на некоја еднодневна трка, освојувајќи ја Класика де Сан Себастијан. Санчез исто така возел на Вуелта а Еспања, каде завршил десетти на крајо по силната последна недела.
Рабобанк (2011-) [уреди]
Санчез му приклучил на холандскиот тим Рабобанк за сезоната 2011. Повторно го освоил националното хронометарско првенство во 2011. Исто така победил на деветтата етапа на Тур де Франс, но не бил во можност да го оствари својот висок пласман од 2010, успевајќи да заврши само 57. на крај. Исто така, возел и на Вуелта а Еспања и завршил 53. во генералниот пласман.
Во 2012 останал во Рабобанк.[2] Ја освоил етапата 6 на Париз-Ница 2012 по долго бегство со ветеранот Јенс Фојгт, негова четврта етапна победа на трката.[3] Исто така победил на две последователни етапи на Тур де Романди, но на третата етапа спринтал надвор од правилата, кога го победил возачот на Лото-Белисол Џани Мерсман, кога скоро го одвлечкал до бариерите на десната страна, но судиите пресудиле дека спринтот е легален.[4] Го држел водството до последниот хронометарот, но со неговиот слаб настап на хронометарот, паднал на 10. место на крај. Санчез повторно го освоил шпанското национално хронометарско првенство во 2012. Победил на етапата 14 на Тур де Франс 2012, која вклучувала две искачувања од прва категорија. Бил во бегство од четворица други возачи, вклучувајќи го Словакот Петер Саган (Ликвигас-Канондале), кога го започнал својот соло напад на 11,5 километри пред крајот и на крајот стигнал сам до целта со разлика од 47 секунди од останатите.[5] Санчез бил близу втората етапна победа на етапата 18, кога тој и Николас Роуш нападнале од главната група во последните 10 километри, ги достигнале членовите на бегството и се одржувале пред главната група во последните 10 километри, но спринтот на Марк Кевендиш во последните 200 метри бил погубен за нив, бидејќи тој ги поминал и обајцата. На следната етапа, Санчез го поставиот третото најбрзо време на хронометарот, кога само последните двајца возачи поставиле подобро време од него, Крис Фрум и Бредли Вигинс.
Санчез бил избран во шпанскиот состав на Летните олимписки игри 2012, каде настапил на друмската трка и хронометарот. Неговиот хронометар бил попречен од два механички проблема, вклучувајќи го падот на неговиот синџир, кога го започнувал своето возење. Победил на Класика де Сан Себастијан, со силен соло-напад во последните километри на трката, додека неговите колеги Молема и Гесинк ја отежнале потерата по него. Се одржал пред самата група, иако никогаш не добил повеќе од 20 секунди предност пред нив.[6]
Во 2013, Рабобанк го напуштил велосипедизмот како спонзор и екипата станала Бланко Про Сајклинг.[7] На почетокот на февруари, екипата одлучила да го суспендира Санчез на неодредено, велејќи дека ги истражуваат минатите врски помеѓу возачот и докторот Еуфемијано Фуентес, кој е под истрага за снабдување на спортисти со допинг средства и изведување на трансфузија на крвта.[8]
Достигнувања [уреди]
- 2004
- 1. Етапа 3 Класика Интернасионал де Алкобендас
- 1. Етапа 1 Вуелта а Астурија
- 2005
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 3
- 1. Пласман за млад возач
- 1. Етапа 3 Класика Интернасионал де Алкобендас
- 2006
- 1. Пласман за млад возач Париз-Ница
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
- 3. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2007
- 1.
Краен пласан Вуелта а Мајорка - 3. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 6
- 2008
- 1.
Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 7 Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапата 7
- 5. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 7
- 2009
- 1. Етапа 8 Тур де Франс
- 1.
Краен пласман Медитеранска трка - 1.
Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 1 Тур ду Хаут Вар
- 5. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
- 1. Етапа 1
- 2010
- 1.
Национален хронометарски првак
- 1.
Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 1. Етапа 1
- 1. Класика де Сан Себастијан
- 2. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 5
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 4. Краен пласман Волта а Каталуња
- 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 10. Краен пласман Тур де Франс
- 2011
- 1.
Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 9 Тур де Франс
- 6. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2012
- 1.
Национално хронометарско првенство
- 1. Класика де Сан Себастијан
- 1. Етапа 6 Париз-Ница
- 1. Етапа 2 Вуелта а Кастилја и Леон
- 1. Етапа 14 Тур де Франс
- 10. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
Распоред на резултатите на Гранд Тур [уреди]
| Гранд Тур | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| - | - | - | - | - | - | - | - | |
| 108 | - | - | 62 | 26 | 11 | 57 | 64 | |
| - | СО | 72 | - | - | 10 | 53 | - |
СО = се откажал
Наводи [уреди]
- ↑ „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTg&RefDate=03.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. проверено на 3 јануари 2013.
- ↑ „Рабобанк (RAB) – NED“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTg&RefDate=05.01.2012&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. проверено на 5 јануари 2012.
- ↑ (француски) „Paris – Nice 2012 : Etape 6, Résultat – Luis Leon Sanchez bat Jens Voigt au sprint, Wiggins toujours leader“. „portailduvelo.fr“. 9 март 2012. http://www.portailduvelo.fr/2012/03/09/paris-nice-2012-etape-6-resultat-luis-leon-sanchez-bat-jeans-voigt-sprint-wiggins-leader/. проверено на 12 август 2012.
- ↑ Абрахам, Ричард. „Луис Леон Санчез со спринт до победа во Романди“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 27 април 2012 (проверено на 27 април 2012).
- ↑ Вестемајер, Сузан. „Санчез го спаси Тур за Рабобак со етапната победа во Фуа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 јули 2012 (проверено на 18 јули 2012).
- ↑ „Clásica San Sebastián sees Luis León Sánchez bounce back from Olympic disappointment“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 14 август 2012 (проверено на 15 август 2012).
- ↑ „Cycling team’s reaction to new start - Rabosport.com“. Rabosport.com. http://www.rabosport.com/news/item/25803. проверено на 19 октомври 2012.
- ↑ „Тим Бланко го суспендира Луис Леон Санчез“, „CyclingNews“, Future Publishing Limited, 2 февруари 2013 (проверено на 2 февруари 2013).
Надворешни врски [уреди]
- Достигнувања на Cicloweb.it
- Луис Леон Санчез на Trap-Friis.dk
- clasica-ciclista-san-sebastian
| Спортски позиции | ||
|---|---|---|
| Претходник Иван Гутиерез |
Шпански национален хронометарски првак 2008 |
Наследник Алберто Контадор |
| Претходник Алберто Контадор |
Шпански национален хронометарски првак 2010-2012 |
Наследник Incumbent |
|
|||||