Лорен Лондон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лорен Лондон

Лорен Лондон на премиерата на БЕТ-наградите во Лос Анџелес во 2007
Роден(а) Лорен Никол Лондон
5 декември 1984 (1984-12-05) (29 г.)
Лос Анџелес, САД
Занимање актерка, модел
Активен период 2004–денес
Страница
Twitter @mslaurenlondon

Лорен Никол Лондон (родена на 5 декември 1984) е американска актерка. Таа ја започна својата кариера во музички видеа, па во филмови и телевизиски шоуа, за подоцна да биде препознаена по своите актерски способности во филмот АТЛ како и во сериите 90210 и Антураж.

Ран живот[уреди]

Лондон е родена во Лос Анџелес. Мајка ѝ е Афро-Американка, а татко ѝ е Евреин. За да има време да оди на аудиции за филмови, музички видеа и реклами, по средното образование во училиштето Палисајдс Лорен се школувала дома.

Кариера[уреди]

Лондон се појави во музички видеа на артисти како што се Тајриз, Лудакрис, Фарел и Снуп Дог. Таа најмногу се издигна во 2006 г. кога се појави во епизодата "Everybody Hates Funerals" од серијата “Сите го мразат Крис“. Истата година Лондон имаше споредна улога во филмот АТЛ каде што е во романтична врска со хип-хоп раперот Ти Ај. За својата улога, Лондон беше номинирана за Најдобра споредна улога на годишното доделување на наградите за Црн Филм (Black Movie Awards). Во 2007 г. Лондон доби улога во ХБО комичната серија Антураж, играјќи го карактерот на љубовта на Туртл (Џери Ферара). Подоцна, врз основа на нејзината улога во АТЛ, Лорен ја доби улогата во филмот “Овој Божиќ“ во 2007 г. без да треба да оди на аудиција. Лондон, заедно со поп/РнБ пејачките Кеси и Ејжа Нитолано, стана една од главните модели за женската колекција на Шон Џон од 2007 г. Во 2008 г. Лондон ја доби улогата за карактерот Кристина во првата сезона од серијата 90210. Таа првично требало да биде во љубовна врска со карактерот Диксон Уилсон игран од Тристан Уајлдс. Следната улога на Лондон беше во 2009 г., улогата на Ајви во Next Day Air. Истата година, таа ја играше улогата на Кеми Алкот во филмот на Крис Колумбус “Те сакам Бет Купер“. Лондон се појави на насловната страна на повеќе списанија како што е списанието "Jewe land King".

Таа се појави во Tyler Perry's Madea's Big Happy Family што почна да се емитува на 22 април 2011 г. Лондон кратко се појави и во премиерата на Single Ladies на VH1.

Во јуни 2012 г. беше најавено дека Лондон се придружила на актерите во хитот на БЕТ The Game во шестата сезона што следува. Таа ќе ја игра улогата на Кира “поранешна детска ѕвезда којашто играше во “Козби шоу“.

Лондон ќе глуми заедно со Пола Патон, Џил Скот и Дерек Лук во филмот “Baggage Claim”, предвиден за во 2013 г. што е адаптација на истоимената книга напишана од писателот и режисерот Дејвид Е. Талберт.

Личен живот[уреди]

Во 2008 г. Лорен го запозна Греми победникот Лил Вејн. Со текот на годините, Вејн напиша повеќе песни за Лорен, вклучувајќи ги и "Frontin Remix", "California Love", and "Youngin Blues". Тие се свршија во ноември 2007 г. Неколку недели по гласините, на 19 мај 2009 г., преку својот новинар, Лондон изјавила дека била бремена од Лол Вејн. Лорен исто така изјави дека таа и Вејн нема да ја продолжат нивната врска. На 5 јули 2009 г. беше потврдено дека Лорен очекува машко бебе. За време на интервју со "power 106", на 18 август 2009 г. Лил Вејн потврди дека тој е таткото на бебето на Лорен. На 9 септември 2009 г. Лорен Лондон се породи со машко бебе, тешко 3,5 кг коешто го крстија Камерон Картер. Лил Вејн бил со неа цело време. Во мај 2011 г. Лорен за прв пат отворено зборуваше за нејзината врска со Лил Вејн, изјавувајќи "Го запознав Двејн кога имав 15 г. Го знам многу долго време и имавме врска што не ни успеа. Пробавме да ја оживееме повеќе пати, дури и бевме свршени на кратко пред неколку години, но со текот на времето се разделивме. Кога луѓето ќе ја видат "Лил Вејн" персоната мислат дека знаат кој е тој навистина. Таткото на мојот син е интелигентна личност, што е сакан и знае да сака и којшто секогаш ќе ми биде драг пријател. Тоа е се.

Во јуни 2010 г. се раширија гласини дека Лорен е во врска со РнБ пејачот Треј Сонгз откако неговиот брат кажал дека тие биле во врска веќе шест месеци. На 28 септември 2010 г. Треј негираше дека е во врска со Лорен но призна дека таа била втората девојка што ја имала честа да ја запознае неговата мајка. И покрај ова, Лорен и Треј неколку пати се видени заедно во текот на таа година. Дури имаше и гласини дека Лорен била пак бремена но овој пат од Треј. На 8 јули 2011 г. беше изјавено дека Лорен Лондон и Треј Сонгз ја прекинале врската поради тоа што на Треј "му шетале очите". Сепак, Лорен и Треј го поминаа Божиќ со неговото семејство во неговиот роден град Петерсбург, Вирџинија, а за тоа време биле видени и во клубот "The Canal Club" во Ричмонд.

Во мај 2012 г. изјавено беше дека Лорен повторно ја прекинала врската со Треј бидејќи тој не бил подготвен да се смири и да започне семејство. На 1 јули 2012 г. Лорен Лондон и Треј биле видени како се гушкаат на забавата која следувала по "Warner Music Group" чиј домаќин бил Мајк Кајзер и Московиц одржана во "Cecceoni’s" во Западен Холивуд.

На 13 август 2012 г. за време на едно интервју со САНА Г и Г-ца КИМИ од радиото 106KMEL, Треј потврди дека многу ја сака Лорен и дека таа е многу важна личност во неговиот живот. Тој исто така призна дека тој и Лорен имале интимна врска. "Лорен Лондон е една навистина важна личност за мене. Дали ми е девојка? Не. Другари сме и претходно бевме и њубовници."

Филмографија[уреди]

Година Наслов Улога
2006 ATL Erin "New New" Garnett
2007 This Christmas Melanie 'Mel' Whitfield
2009 I Love You, Beth Cooper Cameron "Cammy" Alcott
2009 Next Day Air Ivy
2009 Good Hair сама
2011 Madea's Big Happy Family Renee
2013 Baggage Claim Sheree

Телевизиски појавувања[уреди]

Во нејзината актерска кариера, Лондон има мали улоги во епизоди за повеќе телевизиски серии. Овој список вклучува појавувања во повеќе епизоди од телевизиски серии, исклучувајќи ги појавувањата на интервјуа, шоуа, церемонии и сл.

Година Наслов Улога Забелешки
2006 Everybody Hates Chris Monay 1 епизода
2007 Entourage Kelly 2 епизоди
2008–2009 90210 Christina Worthy

BlingestBash 2 (MTV)

3 епизоди
2009 Keeping Up with the Kardashians Се глуми самата 1 епизода
2011 Single Ladies Shelley Лик што се навраќа
2011 Reed Between the Lines Jentry 2 епизоди
2013 The Game Kiera Регуларна сезона (6 сезона)

Музички видеа[уреди]

Година Наслов Артист
2002 "From tha Chuuuch to da Palace" Snoop Dogg feat. Pharrell
"Signs of Love Makin'" Tyrese
2003 "Frontin" Pharrell feat. Jay-Z
"Stand Up" Ludacris feat. Shawnna
2004 "Drop It Like It's Hot" Snoop Dogg feat. Pharrell
2005 "Set It Off" Young Gunz feat. Swizz Beatz
2006 "That Girl" Pharrell feat. Charlie Wilson and Snoop Dogg
"What You Know" T.I.
2007 "Drivin' Me Wild" Common feat. Lily Allen
2008 "Ride" E3 & Redman
"Miss Independent" Ne-Yo

Награди и номинации[уреди]

Година Организација Награда Филм Резултат
2006 Black Movie Awards Одлична изведба од актерка во споредна улога ATL Номинирана

Надворешни врски[уреди]