Лонглит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лонглит

Лонглит (англиски: Longleat) — вонградски посед близу Варминстер во Вилтшир, Англија. Познат е по елизабетанската куќа, лавиринт и пејзажиран парк, а и за Лонглитскиот сафари-парк. Куќата има над 3,6 км² парк, пејзажиран од Кејпабилити Браун, со 32 км² шуми и пасишта. Ова бил првиот достоинственички дом отворен за јавноста, како и првиот сафари-парк вон Африка.

По уништувањето на првобитниот приорат на тоа место во 1567 сегашната куќа ја изградил Сер Џон Тин, според нацрти на Роберт Смитсон. Биле потребни 12 години за да се заврши куќата која денес се смета за еден од најодличните примери на елизабетанска архитектура во Британија. Моментално во неа живее Александар Тин, 7-ми маркиз од Бат, кој е директен потомок.

На земјиштето на куѓата се наоѓа и Лонглитскиот сафари-парк

Лонглитска гора[уреди | уреди извор]

Лонглитската шума (координатен навод ST795435) во 1972 г. е прогласена за биолошко место од посебен научен интерес во Сомерсет. Зафаќа површина од 249,9 ха.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]