Лозанг Гјацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Лозанг Гјацо
Лозанг Гјацо
1617 -1682
Цело име Неговата светост Лозанг Гјацо,
Петтиот Далај лама
Школа Гелуг

Нгаванг Лозанг Гјацо, Петтиот Далај лама (1617-1682) бил тибетански политичар и религиозен водач од XVII век.Тој е првиот Далај лама со политичка моќ во централен Тибет,а е наречен и Величествениот петти Далај лама.

Семејството и животот во детството[уреди]

Лозанг Гјацо е роден во познатото семејство Захор чиешто седиште во XIV век била тврдината Тагце којашто била упоричте на тибетанските кралеви.Неговиот татко Дудул Рабтен бил уапсен во 1618 бидејќи за него сметале дека е вмешан во планот против кралот од Цанг,речиси во исто втреме кога учењето Гелуг го избрало неговиот син за реинкарнација на Јентон Гјатсо.Дудул Рабтен избегал со цел да стигне до источен Тибет,меѓутоа бил фатен и никогаш не се видел со својот син до неговата смрт во 1626 година во Самдрупце,тврдината на кралот од Цанг во Сигатсе.На семејството на Лозанг Гјатсо им било наредено да живеат во тврдината Самдрупце,но неговата мајка се плашела од кралот и се вратила заедно со својот син во семејниот дом во тврдината Наркатсе во Јардонг.

Образование[уреди]

Лозанг Гјатсо го совладал целиот образовен процес во манастирите со учењето Гелуг и бил подготвен да стане свет учител.Тој истотака учел и од тантричките доктрини на учењето Њингма.а некои велат дека тој го започнал учењето Њингма,а исто така тој станал познат како голем практикант од Ѕогчен.Во неговиот таен храм Луканг на езерото позади Потала во Ласа еден ѕид е со слики од Лонгченпа на Ѕогченовата тантра Ригпа Рангшар,како што вели тој неговот сопствено практично искуство.

Политички активности[уреди]

Петтиот Далај лама,Лозанг Гјатсо предводен од училиштата кои го проповедале учењето Гелуг ги победиле ривалите од училиштата коишто го ширеле учењето Кагју,а тој го победил и секуларниот принц од Цанг.

Регентот Сонам Раптен за време на младоста на Лозанг Гјатсо бил помогнат од силниот монголски војсководец Гуши Кан.

Гуши Кан го освоил Кам во 1640 година при што завладеал со учителите на учењето Сакја и лордовите од Кам и Амдо.Неговата победа над принцот од Цанг ја потврдило унификацијата на земјата и поместувајќи го доминантното ривалско училиште на водачите Кармапа.Тогаш тој го прогласил Лозанг Гјатсо за петтиот Далај лама а воедно и владетел на цел Тибет.

Монголската армија во Тибет лојална на учењето Гелуг во 1648 година заменил неколку монаси од учењето Кагју во учењето Гелуг.Во 1674 година Лозанг се сретнал со десеттиот Кармапа Чојинг Дорје(1600-1674) во Потала и тие се помириле по неколкуте конфликти и разидувања.

Петтиот Далај лама го проширил учењето Гелуг во повеќе манастири.Тој за главен град на Тибет го назначил градот Ласа,составил влада и избрал министри,а донел и неколку поважни закони.

Тој исто така имал и добри односи со кинескиот цар Шунци од династијата Кинг.Тој по неколку покани од кинескиот цар го посетил Пекинг во 1652 година.Со кинескиот цар тој се сретнал во јануари 1653 година,а во Пекинг останал 2 месеца.Некои историчари тврдат дека кинескиот цар владетелот Далај лама го сметал за еднаков на себе.

Гуши Кан ги одржувал пријателските односи со Лозанг Гјатсо,но умрел во 1655.Неговите следбеници имале помалку интерес од власта,иако биле разочарани од регентот сè додека да стигнат со своите интереси до Ласа.Гуши Кан имал 10сина коишто го наследиле.Осум од нив останале во стратешки важниот регион Коко Нур во Амдо каде што меѓусебно се бореле за превласт.Во 1656 и во 1659 година Лозанг Гјатсо таквите нереди успеал да ги смири испраќакќи луѓе на таа територија.Монголите во тоа време биле тибетизирани и играле многу значајна улога во ширењето на учењето Гелуг во областа Амдо.

Односите со четвртиот Панчен лама[уреди]

Четвртиот Панчен лама Лобзанг Чокји Гјатсен (1570-1662) бил учител и сојузник на петтиот Далај лама.Лозанг Гјатсо му го препуштил манастирот Тешилхунпо и го прогласил за реинкарнација на Амитаба Буда.

По смртта на четвртиот Панчен лама,Лозанг Гјатсо веднаш започнал да ја бара неговата реинкарнација за наследник.Тоа бил Кедруп Је.

Литературно творештво[уреди]

Лозанг Гјатсо бил учител и бил писател којшто пичувал во слободен стил.Тој понекогаш бил ироничен,но секогаш ги изнесувал своите најдлабоки чувства и независна интерпретација.Тој напишал:„Кога го завршив Усните учења на Манџушри (во 1658),морав да ја напуштам позицијата во учењето Гелуг.Денес (во 1674) по завршувањето на Усните учења на тие што знаат,најверојатно ќе треба да се откажам од позицијата во учењето Њингма.“Тој напичал и историја на Тибет по освојувањата на Гуши Кан во 1643 година.

Изградбата на Потала[уреди]

Петтиот Далај лама,Лозанг Гјатсо ја започнал изградбата на Потала во 1645 година,по еден од неговите духовни советници Кончог Чофел којшто укажувал на тоа дека плацот е идеален за седиште на влада,помеѓу манастирите Дрепунг и Сера и стариот град Ласа.Далај лам со владата се преселил во Потранг Карпо(Белата палата) во 1649.Изградбата завршила околу 1694 година,околу 12 години по неговата смрт.Потранг Марпо(Црвената палата) била додадена во периодот од 1690 до 1694.

Смртта и наследникот[уреди]

Смртта на петтиот Далај лама се чувала во тајност се до 1696 година од страна на Деси Сангје Гјатсо,неговиот премиер.Како што велат гласините тој бил разочаран од неговиот син во 1679 година.Меѓутоа неговата смрт била во тајност со цел да се изгради палатата Потала којашто станал престолнина на секој нареден Далај лама,започнувајќи од шестиот Цангјанг Гјатсо.


Претходник
Јонтен Гјатсо
Реинкарнација на Далај лама Наследник
Цангјанг Гјатсо