Ли Чангчун
Ли Чангчун (кин. 李长春, пин-јин: Lǐ Chángchūn; р. февруари, 1944 во Далиан, Лиаонинг) е началник за пропаганда на Комунистичката партија на Кина (КПК)[1]. Со оваа функција тој се рангира на 5-то место во Постојаната комисија на Политбирото на КПК, де факто врховниот орган на власта во Кина, каде членува од 2002 г. Пред тоа служел како управник на покраините Лиаонинг и Хенан.
[уреди] Биографија
Дипломирал електротехника на Харбинскиот технолошки институт во 1966 г.
Во 1983, на возраст од 39 години станал најмладиот градоначалник и партиски секретар на позначаен град во земјата - Шенјанг, главниот град на Лиаонинг. Во 1987 станал управник на покраината, и на функцијата се задржал сè до 1990 г. Под негово раководство, во покраината е изграден првиот експресен автопат во Кина, поврзувајќи ги градовите Шенјанг и Далиан.
Во 1990-тите Ли за кратко време служел како партиски шеф на земјоделската покраина Хенан. Потоа се преселил во Гуангдунг и станал тамошен покраински секретар на партијата и предводел стопански реформи.
Во 1998 Ли бил унапреден и назначен за член на Политбирото на КПК (повторно најмлад од сите членови), а во 2002 г. станал и член на Постојаната комисија, откако заминал во пензија генералниот секретар на КПК Џианг Цемин. Моментално Ли нема друга државна фукција.
[уреди] Наводи
- ↑ „Форбс“. „Бр. 19: Ли Чангчун“. http://www.forbes.com/lists/2009/20/power-09_Li-Changchun_YOVG.html. (англиски)
[уреди] Надворешни врски
- Биогарфија на Ли Чангчун на China Vitae (англиски)
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Чиен Шужен |
Управник на Лиаонинг 1987 – 1990 |
Наследник Јуе Чифенг |
| Претходник Ченг Вејгао |
Управник на Хенан 1990 – 1992 |
Наследник Ма Џунгчен |
| Претходник Лин Сјао |
Претседател на Народниот конгрес на Хенан 1993 – 1998 |
Наследник Жен Кели |
| Партиски функции | ||
| Претходник Хоу Цунгбин |
Секретар на Комитетот на КПК за Хенан 1992 – 1998 |
Наследник Ма Џунгчен |
| Претходник Сје Феј |
Секретар на Комитетот на КПК за Гуангдунг 1998 – 2002 |
Наследник Џанг Деџианг |
|
|||||||

