Ли Рајан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Lee Ryan

Ли Рајан е британски пејач.

Гласот на кој не може да се одолее, беспрекорниот вроден талент, уметнички дух искреност и љубов кон сето она што го работи. Тоа е момчето кое своето детство го поминал во место преполно со насилство, опкружен со дилери на дрога но со голема подршка и љубов од страна на својата мајка Шила и сестра Ѓема. Момче со дислексија и недостаток на внимание со глас на ангел. Ангел кој преку песните го раскажува својот живот и своите пораки ни ги всадува в срце. Ангелот кој никогаш нема да се откаже од музиката. „И по мојата смрт ќе го слушате гласот мој, ќе ви го испраќам по дождовните капки“- тоа се зборовите на Ли Рајан.

Биографија[уреди]

Ли од секогаш беше забавен и го посетуваше уметничкото училиште како дете за подоцна да го основа еден од најпопуларните бој-бенд “BLUE”.

Во 2001 Ли го издава својот прв сингл со “BLUE” невејоратниот “All Rise” и на 17 годишна возраст тој е најмлад член во групата “BLUE”. Познат по својот ентузијазам и немирни перформанси , Ли за скоро време станува омилен кај помладите и кај постарите обожаватели.Како што бендот се усовршува така и неговата популарност расте. Оригиналната музичка способност на Ли за пишување и перформанс, водечки глас во многу од познатите и успешни песни на групата “BLUE”. Во 2004 година “BLUE” стана една од најпознатите поп групи во светот. Победувајки награди како “Best Newcomer” на Brit Awards 2002 “Best UK Band”, “Best Live Act” на Smash Hits Awards 2002 и “Best Single”. “Best Newcomer” I “Best Pop Act” на Capital FM Awards. MTV Japan гласаше за “One Love” како најдобар спот додека MTV Asia ги прогласи за најдобра меѓународна група. Бендот продаваше хитови во Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Шветска, Норвешка, Данска, Хонг Конг, Тајланд, Ирска и продаде повеке од 5 милиони албуми и 3 милиони синглови насекаде во светот.

За врема на неговата кариера со “BLUE” гласовните таленти му донесоа ноторност и почит со многу од денешните клучни личности во музиката. Тој веќе соработуваше со светски познатите супер ѕвезди како Елтон Џон песната “Sorry Seems To Be The Hardest Word” и Стиви Вондер “Signed, Sealed, Delivered I`m Yours” со “BLUE”, додека плановите беа направени да соработува со многу други познати, тој ја започна својата соло кариера во 2005 година.

Покрај својот музички талент Ли секогаш имаше страст и љубов кон филмовите и режирањето. Всушност тој го режираше спотот на “Breathe Easy”. Тој исто така има завршено курс за режисер во “Tisch School” во Њју Јорк и има своја продукциска компанија. После пет години прикажување со “BLUE” Ли станува искусен и креативен изведувач со своите таленти и интересеи во сите правци во уметноста. Ли има светска привлечност – неговиот талент, изгледа убаво и магепсува. Тој е еден од најпопуларните изведувачи денес, додека разбеснува, енергичноста и ентузијазам го прават еден од највозбудливите и најкреативни артисти во 2005 година.

Ли Рајан излезе од “BLUE” 2005 година со многу понатамошни планови од колку што му беа препишани во групата како Џорџ Мајкал што излезе од “Wham” или Роби од “Take That”. Преместувањето на Ли во соло водите е неговиот следен природен чекор за млад човек со вроден талент и копнеж за творење.

Во “BLUE” тој беше “Tabloid Boy” или како што тој велеше “Избезумениот кој секогаш влегуваше во незгоди”. Бендот сторил многу да ги сокрие тие незгоди. Исто така и неговиот “зборечки талент”...

Неговиот соло материал е душевен, современ, потполен поп. Ќе им даде на армијата од обожаватели ново ниво на дружење со нивниот херој како и прием на нови таленти во неговата музичка компанија.

Неговата песна “Army Of Lovers” е добар патоказ за неговата музика во новиот албум. Избегнува US R`n `B а упатен е повеќе за класичното душевно влијание од Марвин Ѓеј, МаксВел и Лутер Вандрос и спојувајки го тоа со акустични инструменти произведува силна, јака, уникатна музика.

Достапните поп вредности, се користат за одлични ефекти, неговите елегантни но смели пораки заземаат место право во срцето. Пишувајки го клучниот материјал на “BLUE” – еден од од најголемите меѓународни хитови “Breathe Easy“ беше еден од придонесите на Ли – пишувањето песни е сѐ уште голем дел од интересирањата на Ли. Можеби некои луѓе ќе се изненадат кога ќе дознаат дека Ли често кога се враќа од излегување, се сеќава кога таблоидите пишуваа се за неговиот бој-бенд и секогаш ги следеа, тогаш седнува и пишува песни додека не осамне зората. “Јас буквално одам од времето кога сум на работа, до одењето во студиото. Не би си дозволил долг дел од мојот живот да бидам одвоен од тоа.“

Тоа што Ли продолжува да го развива своето пишување не е очаен приговор веројатен за некој кој се обидува да го сокрие нивното поп минато. Тој активно тежнее луѓето надвор да му помогнат да го осознае своето знаење. “Работев со огромен асортиман на асортимани од продуцерот на Марио, Нео, до големите Британски пишувачи на песни како Најџел Хојл, кој ја напиша “Army of Lovers”, вели Ли. “Ја слушнав песната и веднаш знаев дека звучи како една од оние евергрин поп песни што само еднаш можат да бидат напишани и испеани.“

Ново поглавје од кариерата на Ли исто така му дозволи да се обедини со некои од клучните луѓе кои му помогнаа да се издигне до славата како член на “BLUE”. Ли сега е компаниски пријател со Натали Инбруглиа во “Brightside Recordings”. Покрај добрата компанија тој ги одбра и на делеку прочуените режисери Макс и Дања да го режираат “Army OF Lovers”, претходно режирајки го “Sorry Seems To Be The Hardest Word” синглот со Елтон Џон.

Елтон Џон станува голем пријател и ментор на Ли. Изненедувајки голем број на луѓе со својот талент и креативност ја продолжува кариерата понатаму. Дизајнерите на D&G го нагласуваат за претставник на модната куќа.

Ли доаѓа од место каде што младите не може да ги покажат своите таленти и амбиции. Неговата мајка го израснала во близина на Лондон. „Ние немавме ништо, но бидејки јас бев дислексично и немирно дете мајка ми рече дека ќе ме однесе во драмско училиште. Мислеше дека тоа ќе ми помогне да се концентрирам и навистина ми помогна.“ Како дете со дислексија и недостаток на внимание е преместуван од едно во друго училиште. „Имав многу професори со многу различни карактери – повеке од 10 пред да наполнам 16 години. Научив од сите по малку.“ Гледајки го филмот „The Basketball Diaries” филм за тинејџерите од Њујорк добива инспирација и започнува со пишување на сценариото на „Changes” во кое го опишува својот живот како дете. Опкружен со насилство и дилери на дрога, поставувајки си го прашањето „Што ако земав од таа трева која ти го уништува животот?“ „Филмот планирам да го режирам во скоро време па затоа работам постојано со деца кои го имаат преживеано она што мене ми се случуваше некогаш.“

Неговото искуство кое го има стекнато растејќи во место преполно со криминал, насилство и дилери на дрога го прави силен и со спротиставувачки карактер кон проблемите. Неговиот пријател Елтон Џон бил загрижен за неговата кариера, за тоа да не му се случи несто што може да го уништи, може да му нанесе болка. Тој му рекол дека тоа тој веќе го знае, го има преживеано.

Покрај сето она што го пишуваше во жолтите весници, неговата палавост и сите оние незгоди тој е познат по неговата искреност.

Слика