Лихтенштајнски замок (Германија)
Лихтенштајнскиот замок (герм. Schloss Lichtenstein) е замок во стил на бајките сместен на карпа близу Хонау во општината Лихтенштајн во Баден-Виртемберг, Германија. Името на замокот значи „светол камен“.
На ова место постоел замок од околу 1200 г. Два пати бил уриван, еднаш во војната во 1311 г. и еднаш со опсада од страна на градот-држава Ројтлинген во 1381 г. По второто уривање замокот не бил обновен и така останал во рушевини.
Во 1802 г. земјата преминала во сопственост на виртембершкиот крал Фридрих I, кој тука изградил ловечки дом. Во 1837 г. земјиштето му припаднало на неговиот внук војводата Вилхелм од Урах, гроф од Виртемберг, кој се инспирирал од романот „Лихтенштајн“ од Вилхелм Хауф[1] и го изградил сегашниот замок во периодот 1840–42 г. Романтичарскиот неоготски стил на замокот е замисла на архитектот Карл Александар Хајделхоф.
Денес замокот е сè уште во сопственост на војводите од Урах, но прима посетители. Во него има мошне голема збирка од средновековно оружје и оклопи.
Содржина |
[уреди] Галерија
-
Замокот на форографија со високодинамичен опсег
[уреди] Поврзано
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Лихтенштајнски замок“ |
- Нојшванштајн
- Лихтенштајнски замок - истоимен замок во Австрија
[уреди] Наводи
- ↑ „Лихтенштајн“ од Вилхелм Хауф, Проект Гутенберг (германски)
[уреди] Надворешни врски
- Страница на замокот (англиски)
- За замокот - културни богатства на Германија (англиски)
- Лихтенштајнски замок: Слики и карта (англиски)