Литургиски јазик
Литургиски , религиски или свет јазик[1] е јазик кој се користи и негува за религиски потреби од луѓе кои користат друг јазик за секојдневна комуникација.
Содржина |
[уреди] Концепт
Штом еден јазик стане поврзан со некој религиски обред, следбениците на таа религија го поврзуваат јазикот исклучиво со таа религија. Така, при преводи на свети текстови постои опасност од губење на автентичност при преводот и сеопшта прифатеност на преводот. Често се смета дека литургискиот јазик има поголема гордост и свеченост одошто јазикот кој активно се зборува. Поради тоа, свештениците при обука за религија која ја следат се обучуваат и го изучуваат литургискиот јазик и тоа е значаен културолошки елемент. Во минатото, поради можноста на свештениците да пишуваат и читаат некој јазик, тие биле симбол за писменост. Во западниот свет тоа било познавањето на латинскиот, а во православието старословенскиот јазик.
Доста често литургиските јазици имаат јазични елементи кои модерните јазици ги немаат, најмногу поради фактот што модерните јазици поминале низ промени во минатото. Литургискиот јазик може да е жив јазик, мртов јазик или стара форма на некој модерен јазик. Така на пример, македонскиот и старословенскиот јазик се литургиски јазици во Македонија, додека англискиот јазик со елементи од средновековието се користи во протестантизмот. Литургискиот јазик може да биде разбирлив за населението, но и обратно. Литургискиот јазик не мора да потекнува од регионот каде се користи.
[уреди] Литургиски јазици и религии
Некои примери за литургиски јазици се:
- старословенски јазик, литургиски јазик во Православието,
- црковнословенски јазик, литургиски јазик во Православието,
- класичен арапски јазик, литургиски јазик во Исламот,
- библиски хебрејски јазик, литургиски јазик во Јудаизмот,
- арамејски јазик, литургиски јазик во раното Христијанство,
- сириски јазик, литургиски јазик за сиријските Христијани,
- латински јазик, литургиски јазик за Римокатоличката црква,
- геез, литургиски јазик за Етиопската православна црква,
- коптски јазик, литургиски јазик за Коптската црква,
- санскритски јазик, литургиски јазик за Хиндуизмот,
[уреди] Наводи
- ↑ За христијанството се користи и терминот црковен јазик
[уреди] Поврзано
|
||||||||||