Листопадни растенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Листопадна шума)
Шума по листопад
Како и многу листопадни растенија, така и форсицијата цвета за време на безлисната сезона

Листопадни растенија, главно дрва и грмушки, се оние кои ги губат лисјата за извесен период од годината. Во некои случаи, паѓањето на лисјата се случува на есен или зима кај умерени или поларни клими, додека други ги губат за време на сувата сезона кај климите со сезонски вариации на дождови. Обратно од листопадни се зимзелените растенија; некои растенија спаѓаат во т.н. меѓукатегорија полулистопадни растенија.

Многу листопадни растенија цветаат додека се голи, бидејќи ова го потпомога опрашувањето - нема листови да пречат на поленот, а инсектите можат полесно да го видат и пристапат цветот. Ова носи и извесни ризици , како да речеме замрзнување или во суви предели, недоволно вода за цветовите. Како и да е, со паѓањето на лисјата зиме, растенијата не губат толку вода бидејќи тогаш водата главно е во облик на мраз. Исто така поради ова се случуваат многу помалку кршења на гранки и стебла заради замрзнатост. (Lemon 1961).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]