Список на микронации

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Листа на микронации)
Прејди на: содржини, барај

Следи листа на досега познати микронации.

Официјално име Знаме Основана Опис
Аериканска империја [[Податотека:|23x15px|border |алт=|врска=]] 1987 Основана е од Ерик Лис и неговите пријатели.
Аетерна Лусина 1978 до 1990-те Австралиска микронација. Неколку бизнисмени биле обвинети за измами со визи, додека основачот не.
Акзивланд 1960-те Израелска микронација, основана од поранешниот војник Ели Авиви. Се состои од неколку енклави по брегот, петежно поранешни арапски села. Жителите ја напуштиле во текот на војната во 1967. Државата е толерирана од страна на Израел.
Атлантис 1970-те Проект на американски либеријанци да изгрдадат брод Liberty кој би пловел по Карипското море. Бродот бил уништен од ураганите и проектот запрел.
Атлантиум 1981 Глобална суверена група лоцирана во Сиднеј.
Арамоана 1980 Мала новозеландска заедница која самопрогласила независност поради плановите на тоа место да се изгради алуминиумска топилница.
Аврам 1980-те Нетериторијална микронација, основана од ексцентрични самонаречени "Војводиe" кои биле избрани во Тасманискиот парламент.
Бјорн-Социјалистичка Република 2005 Независна држава од околу 6 квадратни метри, сместена на карпата Ова изгледа како трактор ("that looks like a tractor"), во езерото Имелн, во провинцијата Сканија, Шведска. Државата е марксистичка.
Британска Западна Флорида 2005
Република Конч 1982 Државата беше формирана само како протест за да се запре воспоставување на Американска гранична патрола вогорниот дел на Флорида Киз. Игнорирана е и живее од туризам.
Копеманска Империја 2003 Основач е Ник Коупман, кој го промени името во Крал Николас I. Англиска микронација.
Геј и лезбиско Кралство на Островите на Коралното Море 2004 Основана како симболичен политички протест на група хомо активисти, која се наоѓа во зугоисточен Квинсленд Австралија.
Елеор 1944 Микронација основана од група од 6 учители, кои се наоѓаат на данскиот остров Елеор. Водена е од монархот, Крал Лео III од Елеор
ЕненКио 1994 Основана е на Атолот Вејк на маршалските острово, и беше обвинета за манипулација и иџдавање на лаќни пасоши и дипломатски документи.
Фрестонија 1977 Фрестон Роад во Западен Лондон се обиде да се отцепи од Велика Британија како Фрестонија. Актерот Дејвид Рапапорт бил министер за надворешни работи.
Хај-он-Вие 1977 Град во Велс кој прогласил независност од страната на Ричард Бут како поплитички подвиг.
Хуманост 1878 Поранешна микронација, која се наоѓа на Острови Спретли, која се спои со Република Морак-Сонгарати-Меадс во Септември 1963.
Морак-Сонгарати-Меадс 1959 Сегашна микронација која се наоѓа на Острови Спретли. Територијата де факто е под воена контрола на Кина, Малезија, Филипините, Тајван, и Виетна, од кога е откриена нафта во 1968.
Книпхаизен 1810 Баронија од Олденбург.
Кугелмугел 1984 Топчеста куќа изградена од артистот Едвин Липбургер.
Хат Ривер 1970 Голема фарма во Западна Австралија.
Индиан Стрим 1800-те (порано) Градче на американско-канадската граница која се формирала после нејасниот Париски договор со која е прогласена независност. Независноста е евентуално решена и градот се вика Питсбург, Њу Хемпшир.
Ладонија 1980 Микронација формирана од страна на шведскиот актер Ларс Вилкс.
Лавли 2004 Хумористична интернет микронација оформена од Дени Валас како дел од BBC TV серијата How to Start Your Own Country;
Ланди 1925-1931 Остров на западниот брег на Англија, која историски (1100-1200s AD) била полунезависна држава.
Мелчизедек 1986 Доминионот Мелчизедек (DoM) е микронација која е позната по многуте банкарски манипулации ширум светот.
Нова Утопија 1990s Либертаријанска микронација која се наоѓа на платформа во карипското Моте. Оформена е од американскиот интерпретатор Лазарус Лонг.
Друго Светско Кралство 1996 Апсолутна монархија/матријархат со строги БДСМ теми, во која жените владеат над мажите. Во секој случај таа е дел од Чешка.
Марлбороу 1993 Краткотрајна микронација во Австралија. Фармер прогласил независност за да спречи законско иселување од имото после банкрот.
Минерва 1973 Формирана е на Минерва гребенот јужно од Фиџи. Но островот беше анектиран од Тонга.
Молосија 1977 Микронација основана од Кевин Бог, која има територија во руралните предели на Невада. Типична банана-република.
Перлоја 1918-1923 Основана е во Литванија. Има свој суд, полиција, затвор, валута (Perloja Litas), и армија од 300 луѓе.
Рејнбоу Крик 1979 Фармер кој се отцепува од Викторија.
Редонда 1865 мнал ненаселен остров во карипското Море кое сега легално е дел од Антигва и Барбуда.
Роуз Ајленд 1968 Обид за да се оформи држава на оф-шор платформа во близина на италијанскиот град Римини. После изградбата италијанската влада комплетно ја уништи.
Сожо [[Податотека:|23x15px|border |алт=|врска=]] 1947 Сместена е во источна Франција во департманот Дубс.
Силенд 1967 Најпозната микро нација која се наоѓа на поранешна платформа во блиџина на Англискиот брег.
Себорга [[Податотека:|23x15px|border |алт=|врска=]] 954 Градче во италијанскиот регион Лигурија, која во никој случај не признава дека е дел од модерната италијанска држава.
Сулу и Сабах 1823 Се изјаснува дека има лефитимитет над историскиот Султанат Сулу и архипелагот (на Филипините) и Сабах (во Малезија).[1]
Сунда Непознато Се сметаат дека се наследници на историското Кралство на Сунда и Галух.
Талоса 1979 Микронација основана од Роберт Бен Медисон.
Таволара 1836 Остров во североисточниот брег на Сардинија, и никогаш не е анексирано од италија.
Тринидад 1893 Остров во Јужен Антлантик, но анексиран е од страната на Бразил.
Викесланд 2005- Две територии во Манитоба, Канада прогласија уставна монархија.
Вејвленд 1997-1999 Каменит остров во Северниот Атлантик познат како Рокал. Гринпис го окупира за кратко време и го прогласи за независна држава. Се беше со цел за да се спречи нафтеното дупчење во областа. Во 1999 проектот колабирање и зоната стана туристичка.
Вендланд 1980 Германски анти-нуклеарен протест во регионот Лихов-Даненберг, кој беше окопиран од илјадници демонстранти. Но по неколку недели беше под полициска контрола.
Вангамомона 1989 Рурално Новозеландско градче.