Лиска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лиска
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Жеравовидни
Фамилија: Блатни кокошки
Род: Fulica
Вид: Лиска
Биномен назив
Fulica atra
Linnaeus, 1758
Синоними
  • Fulica prior De Vis, 1888[2]

Лиската (науч. Fulica atra) е птица од фамилијата блатни кокошки. Ја има и во Македонија.

Распространетост[уреди]

Лиската живее во целиот Стар свет крај слатките води. Се размножува во Европа, Азија, Австралија и Африка. Во последно време, видот се проширил и во Нов Зеланд. Во поблагите региони лиската е постојан жител, а од постудените мигрира во јужна и западна Азија зиме кога водите замрзнуваат.

Опис[уреди]

Лиската е долга 32-42 см и тежи од 585 до 11000 грама. Претежно е црна со голем бел штит на лицето. Бидејќи е вид што плива, цврстите прсти се делумно поврзани со ципи. Младенчињата се посветли од возрасните, имаат белкави гради и им недостасува фацијалниот штит. Прејето на возрасни им се развива на 3-4 месечна возраст, а белиот фацијален штит на едногодишна возраст. Ова е бучна птица која создава различни повторливи звуци на прпорење, експлозивни или трубачки повици, често ноќе.

Однесување[уреди]

Родители со пилиња

Лиската е многу помалку таинствена од другите блатни кокошки и може да се види како плива во отворени води или оди низ тревни површини. Таа е агресивна и многу територијална за време на сезоната на парење и тогаш обата родитела ја бранат територијата.[3] Вон сезоната на парење може да формира големо јато, можно заради избегнување на потенцијалните предатори.[4] Не сака да лета, и кога полетува, всушност трча по површината на водата со многу прскање. Истото го прави, всушност без вистинско летање кога патува на кратки растојанија, потскокнува и поттрчнува по површината. Нејзиниот слаб лет не ветува дека може да прелета поголеми растојанија, но сепак, таа е во состојба да мигрира и да прелета изненадувачки долги растојанија, претежно ноќе. Тогаш главата ѝ оди лево-десно, како кога плива и прави скокови и нурнувања при летот.

Размножување[уреди]

Гнездото го гради од трски и треви, како и од парчиња од пластика и хартија и го сместува на работ од крајбрежјето или на подводни плотови кои излегуваат од водата. Обично несат повеќе од 10 јајца, понекогаш два-трипати во сезона. Само неколку од младите преживуваат. Тие се чест плен на чапјите и галебите.

Лиските можат да бидат многу сурови кон своите пилиња кога има недостаток од храна. Тие ќе ги удираат пилињата што молат за храна и ќе го прават тоа додека не престанат и не умрат од глад. Ако молењето продолжува, тие можат да го удираат пилето додека не го убијат.[5]

Исхрана[уреди]

Лиските се сештојади, и се исхрануваат со голем спектар на мали живи пленови вклучувајќи ги и јајцата на другите водни птици. Јадат алги, растенија, семиња и овошје.[6] Покажува разни варијанти и техники на лов и исхрана и на земја и во вода. Се храни и од површината, но и нурка во потрага по храна.[7]

Статус[уреди]

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Fulica atra. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106002944. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Condon, H. T. (1975) Checklist of the Birds of Australia: Non-Passerines Royal Australasian Ornithologists Union, 57:311
  3. Cave,A.J.; J.Visser; A.C. Perdeck. (1989). "Size and quality of the Coot (Fulica atra) territory in relation to age of its tenants and neighbours". Ardea 77: 87 - 97
  4. van den Hout PJ (2006) "Dense foraging flotillas of Eurasian coots Fulica atra explained by predation by Ganges soft-shell turtle Aspideretus gangeticus?". Ardea 94 (2): 271-274
  5. Attenborough, David (1998 Episode 9, 12 mins ff.). „The Life of Birds“. Princeton: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-01633-7. 
  6. Martin R. Perrow, J. Hans Schutten, John R. Howes, Tim Holzer, F. Jane Madgwick and Adrian J. D. Jowitt (1997) "Interactions between coot (Fulica atra) and submerged macrophytes: the role of birds in the restoration process". Hydrobiologia 342/343: 241–255 doi:10.1023/A:1017007911190
  7. Brigitte J. Bakker and Robin A. Fordham (1993) "Diving behaviour of the Australian Coot in a New Zealand lake". Notornis 40 (2): 131–136

Надоврешни врски[уреди]