Лисест глувчар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лисест глувчар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
(или Accipitriformes, q.v.)
Фамилија: Accipitridae
Род: Buteo
Вид: Лисест глувчар
Биномен назив
Buteo rufinus
(Cretzschmar, 1829)
Светло зелено - размножување; сино - зимување; темно зелено - постојан жител.
Синоними
  • Buteo ferox

Лисестиот глувчар (Buteo rufinus) е средно голема граблива птица од фамилијата на јастребите. Го има во Македонија.

Опис[уреди]

По надворешниот изглед е сличен на гаќестиот глувчар (Buteo lagopus), но е поголем и поробустен. Лисестиот глувчар е еден од најголемите од видот Buteo. Должината му достига од 50 до 66 см, а има распон на крилјата од 115 до 160 см. Женките, со просечна тежина од 1.3 килограми, се поголеми од мажјаците, кои просечно тежат 1.1 килограм.[2][3] Постојат во многу различни бои, но обично лисестиот глувчар има јасна портокалова нијанса на пердувите, црвена или портокалова опашка, светла глава и претежно е бел под крилјата. Обично има карактеристични црни рабови на крилјата. Задниот дел и „гаќите“ му се темни или изразено бакарни. Поединците се различни по боја, па кај некои перјето е светло, кај други темно. Некои се многу слични со степскиот јастреб, источниот подвид, но лисестиот глувчар има подолги крилја.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Лисестиот глувчар се среќава во сувите и отворени рамнини на северна Африка, југоисточна Европа, западна и централна Азија на исток до Кина, и во централна Индија. Последните видувања укажуваат на тоа дека постои мала популација и во регионот на југоисточна Италија. Отворенте, необработени површини, со високи грмушки, дрва и карпи се местата каде гнезди овој вид. Помладите птици се движат северно од територијата за размножување.

Во лет

Однесување[уреди]

Исхрана[уреди]

Лисестиот глувчар се храни главно со мали глодари, како и со гуштери, змии, мали птици и големи инсекти.

Илустрација

Размножување[уреди]

Лисестиот глувчар е моногамна птица. Гнездото го гради на земја, карпи и дрвја. Ги користи гнездата на враните, но може да си изгради и свое. Несе 2-5 (обично 3) јајца, бели со многубројни светло кафени точки, и со димензии 60х47 мм. Јајцата ги квачат и двајцата родители околу 28 дена. Подоцна, и двајцата родители почнуваат да ја оставаат храната само на работ на гнездото. Младенчињата го напуштаат гнездото на 42-дневна возраст, а родителите ги хранат уште некое време.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Buteo rufinus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/160032719. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. [1]
  3. Field Guide to the Birds of East Africa: Kenya, Tanzania, Uganda, Rwanda, Burundi by Stevenson & Fanshawe. Elsevier Science (2001), ISBN 978-0856610790

Надворешни врски[уреди]

  • Bird Guides: Long-legged Buzzard. Identification information and videos. Retrieved 2006-NOV-28.