Лимузен
45°41′17″N 1°37′14″E / 45.68795°N 1.620483°E
| Лимузен | |
|---|---|
| — Регион на Франција — | |
| Земја | Франција |
| Префектура | Лимож |
| Департмани | |
| Управа | |
| - Претседател на советот | Жан-Пол Денано (PS - Социјалистичка партија) |
| Површина | |
| - Вкупна | 16.942 km2 (6.541,3 sq mi) |
| Население (2007-01-01) | |
| - Вкупно | 727.000 |
| - Густина | 42,9/km2 (111,1/sq mi) |
| Часовен појас | CET (UTC+1) |
| - Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
| ISO 3166-код | FR-L |
| БДП | € 17 милијарди (2006)[1] |
| БДП по гл. на жител | € 23,400 (2006)[1] |
| NUTS-регион | FR6 |
| Мреж. место | cr-limousin.fr |
Лимузен (француски изговор: [limuzɛ̃]; окситански: Lemosin) е еден од 27-те региони во Франција. Составен е од три департмани: Корез, Крез и Горна Виена. Во најголем дел ситуиран во Централниот масив, Лимузен брои околу 740,743 жители (2008) на близу 17 000 км2, и е втор по ред најмалку населен регион на Франција после Корзика. Лимузен се граничи на север со Центар на запад со Поату-Шаранта и Аквитанија на југ со Југ-Пиринеи а на исток со Оверњ. Лимузен воедно е и дел од Окситанија.
Содржина |
[уреди] Историја
Гај Јулиј Цезар во Галски војни споменува дека на ова подрачје живеело галското племе Лемовики кои одиграле голема улога во текот на отпорот против Римјаните. Цезар ја освоил територијата на Лемовиките во 52 година п.н.е. Потоа, во 3 век исто како и во цела Галија, и во регионот се населиле германските племиња. Во 5 век, Лимузен како дел од Аквитанија потпаднал под власта на Визиготите. По 507, кога Клодовик ги победил Визиготите кај Вује, регионот потпаднал под франска власт но задржал одреден степен на независност. Со него владеел војвода во име на кралот на Франките. Во 1152 со бракот на Еленор Аквитанска и Хенри II,идниот крал на Англија, Лимузен паѓа во рацете на Плантагенетите а со тоа и под англиска власт. Во 1607 регионот и градот Лимож се споиле со кралството Франција[2].
[уреди] Географија
Денешниот регион Лимузен главно е составен од две историски француски провинции:
- провинцијата Лимузен: департманот Корез во целост и централниот и југоисточниот дел на Горна Виена. Старата провинција Лимузен целосно се содржи во актуелниот регион Лимузен.
- Марш: поголемиот дел од департманот Крез и северниот дел на Горна Виена. Старата провинција Марш речиси целосно е содржана во денешниот регион Лимузен, а само мал нејзин дел се наоѓа во регионот Центар.
Освен од овие две големи провинции, Лимузен е составен и од некои помали делови на други поранешни провинции:
- Ангумоа: крајниот југозапад на Горна Виена
- Поату: крајниот запад на Горна Виена
- Оверњ: краен исток на Крез
- Бери: краен север на Крез
Лимож, историската престолнина и најголем град на провинцијата Лимузен денес е главен град и на административниот регион Лимузен.
[уреди] Реки
На север, запад и исток течат некои од реките на басенот на Лоара. На југ, тече Дордоња и нејзините притоки. Низ регионот поминуваат две поголеми реки Дордоња и Шаранта (која извира во Горна Виена). Регионот е добро познат по квалитетот на водите и по тоа што нуди првокласен риболов.
[уреди] Рељеф
Најниската надморска височина се наоѓа на северозапад од регионот изнесува околу 250 метри а истата е највисока на југоисток (приближно 1000 m). Најголемиот дел од целиот регион се наоѓа на просечна надморска височина од над 350 метри.
[уреди] Клима
Летните температури честопати се над 32 °C – и имаат достигнато и до 42 °C. Зимите честопати се долги и студени, особено на повисоките места. Честопати се случуваат и снежни врнежи. Во областа околу Брив во Корез, забележани се 2000 часови сонце годишно, подеднакво како и во јужниот град Тулуз.
[уреди] Флора и фауна
4 % од вкупниот шумски фонд на Франција се наоѓа во Лимузен. Дрвото костен е симбол на Лимузен[3], и истото се наоѓа на логото на Регионалниот совет.
[уреди] Население
Со слаборастечка популација од само 750,000 жители, Лимузен е вториот најненаселен француски регион во континентална Франција веднаш зад Корзика. Регионот брои помалку население од градот Марсеј. Населението на Лимузен старее а од 1999 е во постојано опаѓање. Во департманот Крез живее најстаро население од било каде во Франција. Меѓу 1999 и 2004 популацијата на Лимузен за првпат по неколку декади забележала мал пораст.[4]
| 1901 | 1906 | 1911 | 1921 | 1926 | 1931 | 1936 | 1946 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 978 006 | 977 256 | 960 644 | 852 287 | 839 748 | 807 884 | 798 176 | 779 156 |
| 1954 | 1962 | 1968 | 1975 | 1982 | 1990 | 1999 | 2004 |
| 739 929 | 733 955 | 736 323 | 738 267 | 737 153 | 722 850 | 710 939 | 712 500 |
| 2006 | 2007 | 2008 | |||||
| 730 920 | 737 001 | 740 743 | |||||
| Бројот се задржува и е во слаб раст од 1962 : - ¤ Проценки INSEE | |||||||
[уреди] Економија
Лимузен главно е рурално подрачје. Регионот е познат по одгледување добиток, главно говеда, и по производството на дрво како суровина. Регионалниот главен град, Лимож, порано бил индустриски центар познат по производството на порцелан и сé уште бележи главно место во производство на електрична опрема (користејќи порцелан како изолатор). Сепак, големите фабрики денес се малубројни.
[уреди] Туризам
Туризмот се развива околу две главни точки:
- Зелениот туризам, - односно еколошкиот туризам - кој се базира на спортови на отворено, прошетки и откривање на природните знаменитости. Развиен е особено на висорамнината Милваш, на југ од Горна Виена и басенот на Брив.
- Културен туризам чиј интерес е културното наследство, базиран на историските локалитети, индустриското и занаетчиското наследство (порцелан, таписерии и сл.) и концентриран на градовите.
Туризмот искористи и поради скорешното создавање на два национални паркови во регионот: Национален парк Перигор Лимузен, создаден во 1998, меѓу департманите Дордоња и Горна Виена, и Национален парк Милваш во Лимузен, основан во 2004, чија територија се наоѓа на 3 департмана од регионот. Во 2005, имало 18,2 милиони ноќевања во регионот, а туристичката потрошувачка достигнала и до 924 милиони евра[5].
[уреди] Галерија на слики
-
Гробот на Ричард Лавовско срце во замокот Шалуз-Шаброл (87)
-
Поглед од ридот Гарган (87)
-
Замокот Седиер (19)
-
Замок Вал и браната на зерото Вал (19)
-
Водопади Жимел (19)
-
Мерловите кули (19)
-
Колонж-ла-Руж (19)
-
Чајник од порцелан од Лимож
[уреди] Јазик
До седумдесеттите години на 20 век, окситанскиот јазик бил прв јазик во руралните подрачја. Останале неколку различни окситански дијалекти кои се користат во Лимузен, иако нивното користење бележи забрзано опаѓање:
- Лимузенски дијалект
- Оверњски дијалект на исток/северо-исток
- Лангдок (дијалект) на југ од Корез
- На север – маршски дијалект.
[уреди] Гастрономија
Еден од најпознатите специјалитети на Лимузен е пире од компир. Најпознат локален десерт е клафути ((француски) clafoutis).
[уреди] Познати луѓе
- Жак Ширак, поранешен претседател на Франција.
- Жан Жироду, писател и дипломат.
- Франсоа Оланд Генерален секретар на Социјалистичката партија на Франција и кандидат за претседател на Франција на изборите во 2012.
- Пјер-Огист Реноар, сликар.
[уреди] Збратимени провинции
- Средна Франконија, Германија
[уреди] Надворешни врски
- (француски) Регионален совет на Лимузен.
- (француски) Уметноста во регионот Лимузен
- (француски) Историја и Географија (Универзитет на Лимож)
Аквитанија • Алзас • Бретања • Бургундија • Горна Нормандија • Долна Нормандија • Ил-де-Франс • Југ-Пиринеи • Корзика • Лангдок-Русијон • Лимузен • Лоарски Крај • Лорена • Оверњ • Пикардија • Прованс-Алпи-Азурен Брег • Поату-Шаранта • Рона-Алпи • Север-Па де Кале • Франш-Конте • Центар • Шампањ-Ардени
Прекуморски региони: Француска Гвајана • Гваделуп • Мартиник • Реинион • Мајот
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „GDP per inhabitant in 2006 ranged from 25% of the EU27 average in Nord-Est in Romania to 336% in Inner London“. Eurostat. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/cache/ITY_PUBLIC/1-19022009-AP/EN/1-19022009-AP-EN.PDF.
- ↑ Histoire du Limousin
- ↑ Les châtaigniers en Limousin
- ↑ Yann Leurs, Recensement : rebond démographique confirmé, INSEE, 2006, see online
- ↑ INSEE - Direction du tourisme, 2005


